Како ви почна продолжениот викенд интровертчиња мои? Да ве позамарам со уште неколку сликички од мојата нова празнична колекција (отворив цел фолдер, ќе има материјал)
@1992g (Нај)убав помин @prominent Keep em coming, ,и јас може ќе поставам нешто покасно ,ми е страв да отворам search оти ако отворам ќе се заборавам и нема да затворам,meanwhile ова го најдов на нет. Btw ви текнува на ерата на новогодишните честитки (па си ги праќавме во сандаче)? Е тоа беа времиња
Јас па се чудам што толку малку постови во ФМЌ, кога гледам забавата овде да ти била. Наминете и во другата тема бе луѓенца. Најмирна тема е, секој е добредојден. Од она што успеав да го читнам, ќе се обидам да одговорам. Пред да се случи нешто се тресам како лист. Можеби не е видливо однадвор, но внатре осеќам цела зоолошка градина во стомакот и едноставно има некој немир. Се сеќавам дека кога требаше да се јавам за огласот за работава, 5 минути психички се смирував со телефонот во рака пред да се јавам и откако дигнаа, шетав низ соба и фаќав што ќе стигнам како улава. Најтешката седмица беше онаа што изминуваше пред интервјуто. Спиење- 0, стрес- 1000. Не уживав ни кога одев на кафе ни кога гледав филм/серија, апсолутно со ниту една активност не можев да се опуштам. Со стресот се справувам обично со silent suffering и очајни обиди да ги оттргнам мислите од нештото со филмови, разни видеа на yt и слично. Некогаш поуспешно, некогаш не. Со текот на годините научив да се опуштам пред непознати малку повеќе, но некогаш уште тешко ми паѓа да започнам разговор размислувајќи како ќе бидам сфатена, дали ќе биде awkward и слично, ова тешко дека некогаш ќе го искоренам. Можеби интровертноста некому ќе му пречи при избор на партнер или пријатели, но мислам дека доколку сте на иста бранова должина со некого- ќе кликнете веднаш. Таков беше случајот со него. Од музика- се' само да не е турбофолк, диџеи ретко слушам и секако комерцијала. Многу често се случува да се исклучам, особено ако сум некаде излезена во многу гужви и гласна музика. Тие неколку секунди кога веќе не слушаш ниту музика ниту луѓе, а гласот на соговорникот ти станува dreamy се чинат како векови. Језиво е искрено, не знаеш колку долго трае и кога ќе се „вратиш“ назад, чудно ти е. Се чувствуваш како да си заглавиш во некоја дереализирана верзија од сегашноста на кратко и после бум- back to reality. Некако после ми е се' како во магла, пречудно е. Плашлива сум ептен, уште од мала. Се случува од малку погласно отворање/затворање врата, лупкање со разни предмети или малку повисок тон на гласот да ми залупа срцето наеднаш и некако чувствувам внатре како боцкање. Иако, на пример, знам дека конкретно таа врата кога и да ја отвориш ќе чкрипи, тој човек секогаш гласно зборува итн. It gets me every time и не можам против тоа, никако да го победам. Претерав со постов, кој ќе го прочита алал да му е. Се надевам ќе имате интересен викенд. Прегратки.
Да бе вакви, фул он честитки Ова ми е од малкуте работи што ги сакам за НГ. На детство и на убаво ме потсеќаат
Здраво интроветчиња, Како сте денес? Јас порано праќав многу честитки и го паметам времето кога на плоштад продаваа разни и оние музичките. Секоја година си разменувавме со роднините и другарките. Затоа ми текна идеја за оваа година, да им пратам честитки на неколку пријатели но не со Дедо Мраз туку со местата кои имаат желба да ги посетат годинава. Уз пат да им честитам Нова Година и да се присетат на тие времиња. Едно прашање до вас: Како ги прославувате родендените? Дали во поголемо друштво или со неколку пријатели? Јас обично славам одделно со неколку пријатели. Што ми е многу подобро да не морам сите оддеднаш да ги викам, бидејќи ако ги спојам мене ми се премногу.
Луѓе, јас мислам дека темава ни заслужува номинација за тема на 2019, па дури и златен медал Не дека јас ја отворив, ама многу сум изненадена што е волку активна. И многу сум среќна што си најдов истомисленици со кои можам да си ги споделам ставовите, очекувањата, дури и најбаналните грижи и стравови без осудување Ве обожавам
Баш вчера ќе ви пишев дека е една од ретките теми на форумов кај што ми е ок да пишувам вака и да очекувам некаква позитива во останатите мислења. Знам дека повеќето си ги имате фмќ и 40ка, ама искрена да бидам, не се осеќам ко да припаѓам ни таму ни таму. Останати теми на кои всушност има што да се дискутира, имам чувство дека секој ги сфаќа лично, па наместо дискусија испаѓа карање и не ми се замара со тоа. Има секако дел членови на форумов што знаат да дискутираат, ама мислам дека се губат во овие првите. Едит: Ужасно ми сметаат тие поделбите на форумов. Мислам дека поделбата во овие големи/мали, стари/млади, табори и користење на аргументи од тој тип водат кон многу неквалитетни дискусии. И ми смета од двете страни искрено. Се испукав малце
@nightingale Без ФМЌ и оваа тема не можам да си го замислам денот Си ги гледам како еден вид дневник.
@prominent И јас исто ,се уклучив на фемина зашто сакав да започнам да пишувам(дневник) и ми беше чудно зошто незнаев за што да пишувам сама пошто одамна немав пишувано па да си дадам поттик и мотивација паралелно. Во исто време се отвори и темава I mean talk about meant to be
Јас пак сакам празници и празнична атмосфера. Порано ги сакав само зошто можев дома да уредам шаренко да ми е, колачиња секогаш прам сезонски. Многу сакам да правам колачиња на тема. Последно сезонски правев за Halloween, следно ми е Божиќни, а полека месецов ми е така празничен и почнувам полека полека да гледам во рецепти. Порано не сакав да излегвам на празнични периоди, сега сакам. Сега сакам разигран град, полн со луѓе. Неќам да сум дел од тие луѓе, ама сакам да ги видам шо прат. Ако прај смисла. Неќам да се осетам сама дур сум уствари сама. Така нешто. Сезоната на ќебенцето ми е активирана веќе недела дена. Си имам поларно ќебенце, црно со шарени точки. Колку шо гледам од поглед има зелено, жолто, портокалово, розово и сино во боите. Ако не се лажам има два вида розови. И така завиткана прам се. Кога е многу ладно се виткам во него и така се движам. Вака од меморија се сеќавам сте зборале за омилени песни, пејачи, групи. Јас многу сакам да слушам Post Modern Jukebox. Релаксирачки ми се, онака да пуштам мозок на пасење шо се вели. Многу често кога учам пуштам џез инструменталки. Инаку јас сум рокер во душа. И причината зошто рокот умира е зошто сите ние рокерчиња слушаме само бендови кои се распаднати од пред ние да сме родени. И јас сум од нив ама поштовам и некои нови бендови сега. Halestorm ги поштовам многу. Лиз е жениште и пол и одлична frontwoman. MUSE ми се беј, убедливо омилен бенд. Го слушам во последно Andy Black и скоро ја „бинџнав“ со слушање жена му - Juliet Simms (сексичов на аватар шо ми е). Горе спомнав PMJ, од нив најмногу ги сакам: Casey Abrams, Morgan James and one and only Robyn Adele Anderson. Поретко ја слушам и Hayley Reinhart. Нова опсесија ми е NF и општо рап. Рап не слушам ама поштовам талентирани рапери. Можам да толерирам рап ако некој пушта ако е нели, талентиран и никако, ама апсолутно никако не се нафаќам да слушам mumble rap. Зато имам толкав респект за Еминем на пример, ама никогаш не сум го слушала, не ми се фаќал за душа. Нејт од друга страна пеј то шо ја го осеќам и плус то е многу талентиран. Друго шо слушам ... на спотифај имам плејлиста: my emo phase that i try to forget i went thru мислам дека само се објаснува шо песни има. Према други работи шо слушам плејлисти кои ми ги предлага се: sad songs, sad instrumentals, punkass итн. DJs - not my cup of tea. Инаку и мене ми се допаѓа местенцево, баш како дневник шо велите. Додуша ФМЌ ми е поќе како дневник, ова ми е поќе како лексикон во основно.
Луѓенца, мене само што ми почна одморот и деловниот викенд, мораше да заврши! А колку убаво ќе ми беше во Берово, ама непогодба од непосредно несериозен човечки фактор направи да се вратам уште денес! Повеќе во спојлер: Spoiler: Напад Синоќа, како вистинска интроверта, негде околу полноќ беше, излеговме со кучето на прошетка покрај кејот на Брегалница, кој патем е во изградба и изгледа ко многу супер проект. И, бевме нападнати од 6-7 кучиња, цела дружина, не поголеми од мој Душман ама и не беа ни мали, атакот беше врз него, кутриот трудејќи се мене да ме брани се спротиставуваше максимално, се дури криците не ми ги слушна локална патрола на полицијата па со електриците дојдоа и се развикаа и кучињата побегнаа. Имаше посекотини по врат, нозе, грб и устата му беше крвава цела, па у хотел со хидроген го исчистив и намачкав флогоцид маст, ама една рана е прилично длабока и требаше сигурно шиење. Па, затоа се вративме уште денес и право во операциона сала му ги санираа повредите и сега сме на антибиотици. Инаку, вакви стандардни честитки ми се најкул работа, нешто што го задржува духот и традицијава на празников, а не е поврзано со ништо верско. Мене најомилени ми беа тие што свиреа Џингл бел
@1992g, ужас... И повредите ама и самата ситуација е стресна и добро е што си останала присебна. Важното е што сепак добро се завршило. И што и ти си тој сте добри и на сигурно. Ќе има и друга шанса за викенд а и подолг одмор
@1992g Нека е со помин! Добро ќе ми дојде продолжениот викенд. Ќе направам план за полагање испити и ќе си гледам пропуштени епизоди од серии. Прееска шетав до 2 маркета и доволно ми беше за денес. Многу студи.Овде фали емотикон што се тресе од студ.
@nextredstyle, да, и мене ми фали таков емотикон. Денеска мислев дека нема да е толку студено ама џабе, мене нема кога не ми е ладно Среќа што сум дома и што не морам да одам никаде. Прееска бев и јас само да купам нешто за јадење, цигари и кафе. Доста е за денеска интеракција со надворешниот свет Исто ми фалат емотикони за чоколадо, паста, вино. Не е фер да има за пиво а за вино не
Мене ми фали ова од Скајп за во Фемина Инстаграм BTW wish me luck, морам на прослава вечерва, а преморена сум... Едит: Барем новите штикли ќе ги прошетам