И јас ова воопшто не сум го сакал. Не само за забави од работа, туку за секакви собирања кои се наметнати од некоја страна, како одење на слави/имендени кај лица што едвај ги познавам, или пак екскурзии/забави од факултет/средно.Свадби. Но, кога сме кај работа, тим билдинзите како што сега умеат да ги викаат, кај мене имаат контра ефект. Сакам да останам професионален и да се дружам за работното време, и не сакам со колеги/претпоставени да сум близок и во приватниот живот, бар не со сите, групно.
И јас секогаш сум избегнувала такви забави и собирања од работа. Се дружам со две-три колешки повеќе, но излишно ми е да глумам пред сите дека сите ми се мили Некако не ми се допаѓа такво лицемерие. Во врска со работата сум секогаш учтива, спремна да помогнам... но не сакам секого да го ,,пуштам'' и во приватниот живот.
Не можев да ја постирам само сликата, па затоа вака https://infjoe.wordpress.com/2019/06/14/weekend-plans/ Најточно
Еднаш дм ме убедваше да се јавам кај мајсторот негов (не му креваше), цел ден се молевме, 300 сценарија, па шо ќе речам, па јас други луѓе убедвав да се јават наместо мене. Собрав сила се јавив и не ми крена...бев баш ко мемето. Да не ми сте во кожа!
Леле ме потсети јас кога требаше да се јавам кај една професорка по математика да направиме муабет за приватни часови. Еден час седев со телефонот во рака, гледав во бројот и се препотував, па шетав низ соба и смислував како ќе речам ало и како ќе го почнам разговорот, срцето 500 на саат, плус и музика на лаптоп си пуштив тивко во позадина да ми пее и да ме опушти. Катастрофа...
И на крајот разговорот воопшто не излегува како планираниот. Секогаш има некоја реченица или крик за кој една година подоцна ќе се потресувам пред да заспијам. Често требаше да разговарам со таксист, имаше периоди кога си запишував шо треба да кажам, а буквално секој ден се слушавме. Дајте дијагноза каква сакате, нема спас.
На мене пак, уште постресно ми станува кога нема да ми кренат, бидејќи знам дека пред да ѕвонам пак, ќе треба да го повторувам цел процес на намолување.
Не е тешко, само ете е стресно и го мислиш однапред. Ти ствара непријатност и нервоза, особено разговор со непозната личност или некој со кого не си близок.
Дали и на вас ви се случило да бидете на некоја собиранка, седенка со друштво и тоа да трае со саати, се седи на маса, се јаде, се пие додека не се изеде и не се испие се, муабети, ама никој не станува, буквално со саати, како издржуваат луѓево? Мене обично по два саати ми се здосадува и ми станува напорно, а особено ми е чудно кога ќе се отиде негде во природа и на пример јас сакам да шетам, да се движам, а другите обично се стационираат на едно место со скарата и пиењето и се кисне.
@Ugly Duckling Како себе да се читам. Кога требаше да одам на ортодонт, три пати се препотував пред да се јавам и закажам. Се молев да не ја добијам ортодонтката. Исто и во маркет кога одам, вработената таму е срцка често ми зборува, ме замуабетува јас со пола уста одговарам за да не се изглупирам нешто.
Мене ми е полесно да разговарам во живо отколку по телефон. Не знам зошто е така, не можам да си објаснам Многу постресно ми е по телефон, ама ако не ми кренат веднаш, започнувам да мислам зошто не креваат... и тука почнува overthinking
А филмовите откако ќе се јавиш, леле да не ме сфати погрешно, леле да не треснав нешто, леле што си мисли сега, леле дали ме разбра што сакам да кажам.. А бре ужас. Искрено јас се справувавам со тоа, ама ми требаше многу време и неколку шамари од животов да ме свестат.