Next time кога ќе се најдам во таква ситуација, ова го пробувам. Повеќе можам да се блокирам ако мислам што да кажам за мене за да се надоврзам, вака полесно изгледа. Ем ќе се осеќаат центар внимание ем јас раат.
Со тие што ептен морам, разговарам за работа (ако ми се колеги), а со другите сум само љубезна и не се задлабочувам во разговори. Не сум должна да комуницирам со никого (надвор од работата), ако не сакам, тоа е тоа. Од друга страна, имам неколку личности со кои не затворам уста, ми годи нивното друштво. Клучот е во тоа, ако чувствуваш дека комуникацијата е на сила, не мораш да се мачиш понатаму. Тоа треба да си дојде природно.
Можам да поминам денови без да прозборам со никого Од една страна, си викам, ај нормално е за екстремните интроверти, од друга страна, не знам зошто имам толкава потреба да бидам сама. Дали ви е вака понекогаш?
Дефинитивно и јас! Кога би имала опција, сакам да останам дома сама неколку денови, да не ни излегувам од дома, едноставно да си правам разни соло активности, да уживам сама со себе, да не отворам уста. Ахх, once can only dream!
Добро е, имало и други како мене Слободните денови, викендите и празниците си ги искористувам да бидам сама. Дури несфатливо ми е како другите чекаат викенд за да се дружат. Јас чекам за да не морам да зборувам
Јас пак некогаш со душа чекам да испаднам да се дружам, но за кратко време ми се троши енергијата ако се собрани повеќе во друштво и едвај чекам да си дојдам дома да одморам .
Или кога ќе ми речат досадно ми е дома. Јас секогаш си наоѓам некоја занимација, макар и најголема глупост да е. За време на карантинот барем не морав да барам изговори зошто не излегувам.
Мене многу пати екстроверти ме имаат сожалувано заради ова. Екстроверт: Каде викендов? Не излегуваш ли? Јас: Дома Екстроверт: Зошто така бе, млада си. Животот ќе ти помине во седење дома, излегувај, дружи се. Јас: Окау. Не можам да го разберам тој феномен на жалење ако некој седи дома, а не оди по кафичи, дискотеки. Не дека не излегувам, ама некогаш поубаво ми е да седам дома, да си го направам омиленото јадење, да си пуштам филм, серија, отколку да дремам по дискотеки.
И мене 99% од времето ми е интересно дома. Секогаш наоѓам занимација. А кога сакам друштво, доволни ми се 2-3 најблиски другарки. Ако еден ден од викендот излезам (пример, петок), сабота морам да одмарам од контакти и социјализација
@prominent иста сум.. Многу ме исцрпуваат луѓе. Јас сакам мир, раат. Дома никогаш не ми е досадно. Книга, филмче, боенка за возрасни, серија, спиење.. раат. https://introvertdear.com/news/introvert-hangover-signs/
Имам пишувано дека сакам да се терам со сила да правам работи надвор од комфорна зона, ама ова е врвот. Се пријавив на некој проект, поврзан со раскажување приказни. Не знам како ќе биди, ама смешно ми е сега, тешко ми е два збора да зуцнам не па повеќе. Плус пред еден куп непознати. Ќе ви кажам како ќе поминам. Пред некој ден па, имавме друг проект во Битолава и требаше 2мин да зборуваме за рандом зборче кое го влечиш без гледање. Преослободувачка вежба, тогаш 2мин ми се видоа ко 2 дена, ама сега баш ми е мило шо се ослободив. Муабетот ми е, за некој е нормално и цел да зборува, за друг (нас) е многу стресно и тешко, верувале или не. И според мене, најголемата маана која можиш да ја имаш е срамот и social anxiety. Си се изнапишав глупости ама морав да се искажам, во живо не би кажала ни два збора во споредба со тука.