Не се проблем капсулите, проблем е шо оралната биорасположливост на л карнитинот е многу мала и затоа се препорачува да се зема неколку грама до 6 дневно, а во таа конц познато е дека знај да прави гасови, подуеност и сл и мн ми пречи хахах
Реално за да го осетиш ефектот на л карнитин треба исхраната да ти е премногу средена до грам, па тек тогаш да го осетиш тој бенефит од 5% во топење на масти. Боље тие пари инвестирај ги во протеин, витамини и јаткасти плодови, за да го дигнеш тестостеронот на природен начин, пошто шо повисок тестостерон то поефикасно топење на масти.
Ми треба совет. Немам проблем со тежината, но имам доста вишок сало околу стомакот. Почнав со вежбање, но знам дека тој дел најтешко се слабее, па дали би било добро да земам л карнитин како суплемент? Или некој друг кој би ми помогнал.
Не можеш да ослабеш само во една регија. Можеш да ја зајакнете/затегнеш, но слабеењето (губењето масти) е процес низ кој поминува целото тело. Некои луѓе генетски најпрво ќе изгубат масти околу половината, други најпрвин околу нозете и бутовите, трети на рацете, лицето и вратот и тн. Тоа е до генетските предиспозиции на телото. Л Карнитинот некои го сметаат за "топач на масти". Да, точно е дека му помага на телото побрзо да ги претворува мастите во енергија. Но самиот по себе не предизвикува некои значајни придобивки во губењето масти/тежина. Во комбинација со редовно вежбање, користењето Л-карнитин има поопширни придобивки и корист. Така да, ништо не губиш ако пиеш. Сепак, не очекувај дека било кој суплемент ќе направи драстични промени или чуда.
Ми треба совет кој да го земам, читам и течен има па кој е подобар? И дали само пред вежбање се зема? Редовно вежбам и исхраната ја одржувам па би сакала да вклучам и карнитин.
Течен. 30-60 минути пред тренинг. Е сеа, што вежбаш и зошто ти треба л-карнитин? Ако имаш здрава и избалансирана исхрана телото најверојатно ти произведува доволно л-карнитин. Ако вежбаш фитнес, пилатес или нешто во домашни услови воопшто немаш потреба од л-карнитин... Ако вежбаш спорт кај што е битна издржливост - пример трчање, пливање, велосипед - тогаш да, ќе имаш корист од овој суплемент.
Верувај не ти тррба имав земано порано,фрлање пари е. Ако сакаш да намалиш некој килограм само калориски дефицит,протеини доволно,здрави масти и јаглехидрати ако активно тренираш.