L-Carnitine

Дискусија во 'Фитнес' започната од Mia.milicka, 13 август 2010.

  1. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.478
    3 капсули 40мин пред тренинг е сосема доволно. После извесен период можиш да зголемиш доза.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.174
    фала пре
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Машки
    Дали кај нас има инјектибилен л-карнитин? Овај во капсули многу грчеви/гасови и тежина ми прави.
     
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Има и течен, не мораш во капсули да користиш.
     
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Машки
    Не се проблем капсулите, проблем е шо оралната биорасположливост на л карнитинот е многу мала и затоа се препорачува да се зема неколку грама до 6 дневно, а во таа конц познато е дека знај да прави гасови, подуеност и сл и мн ми пречи хахах
     
  6. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Реално за да го осетиш ефектот на л карнитин треба исхраната да ти е премногу средена до грам, па тек тогаш да го осетиш тој бенефит од 5% во топење на масти.
    Боље тие пари инвестирај ги во протеин, витамини и јаткасти плодови, за да го дигнеш тестостеронот на природен начин, пошто шо повисок тестостерон то поефикасно топење на масти.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    5.333
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет. Немам проблем со тежината, но имам доста вишок сало околу стомакот. Почнав со вежбање, но знам дека тој дел најтешко се слабее, па дали би било добро да земам л карнитин како суплемент? Или некој друг кој би ми помогнал.
     
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.046
    Пол:
    Машки
    Не можеш да ослабеш само во една регија. Можеш да ја зајакнете/затегнеш, но слабеењето (губењето масти) е процес низ кој поминува целото тело. Некои луѓе генетски најпрво ќе изгубат масти околу половината, други најпрвин околу нозете и бутовите, трети на рацете, лицето и вратот и тн. Тоа е до генетските предиспозиции на телото.
    Л Карнитинот некои го сметаат за "топач на масти". Да, точно е дека му помага на телото побрзо да ги претворува мастите во енергија. Но самиот по себе не предизвикува некои значајни придобивки во губењето масти/тежина. Во комбинација со редовно вежбање, користењето Л-карнитин има поопширни придобивки и корист.
    Така да, ништо не губиш ако пиеш. Сепак, не очекувај дека било кој суплемент ќе направи драстични промени или чуда.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет кој да го земам, читам и течен има па кој е подобар? И дали само пред вежбање се зема?
    Редовно вежбам и исхраната ја одржувам па би сакала да вклучам и карнитин.
     
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.046
    Пол:
    Машки
    Течен.
    30-60 минути пред тренинг.

    Е сеа, што вежбаш и зошто ти треба л-карнитин?
    Ако имаш здрава и избалансирана исхрана телото најверојатно ти произведува доволно л-карнитин.
    Ако вежбаш фитнес, пилатес или нешто во домашни услови воопшто немаш потреба од л-карнитин...
    Ако вежбаш спорт кај што е битна издржливост - пример трчање, пливање, велосипед - тогаш да, ќе имаш корист од овој суплемент.
     
    На AAKG и joy1 им се допаѓа ова.
  11. CheekyChick

    CheekyChick Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Верувај не ти тррба имав земано порано,фрлање пари е.
    Ако сакаш да намалиш некој килограм само калориски дефицит,протеини доволно,здрави масти и јаглехидрати ако активно тренираш.
     
    На Martina991 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Машки
    Дали некој имал проблем со специфичен мирис на потта по земање на Л-карнитин?