Арапските Lattafa парфеми полека, но сигурно ги освоија повеќето љубители на мириси. Имав слушнато за нив, али не се заинтересирав баш со некој посебен интерес. Скоро ги забележав во ДМ, ги пробав Eclaire, Yara и машкиот Asad. Се' уште не знам што да мислам за нив, дали ми се свиѓа некој или не. Јаки се, не за сечиј вкус, претпоставувам се и трајни. Многу им се уникатни шишињата, масивни и тешки, потсеќаат на некои старовремски парфеми, и ми се интересни. Eclaire ми остави некој впечаток зашто сум обожавател на слатки гурмански мириси. Се мислам уште еднаш да го помирисам и можеби земам. Дали сте ги користеле, и како ви се свиѓаат?
Јас немам користено, а сум читала доста позитивни коментари и рецензии за долготрајноста. Би сакала да пробам некој од овие, затоа што и јас преферирам слатки мириси. Ако некој користел, слободно нека сподели импресии, отворена сум и за други препораки. Исто ме интересира од каде е најдобро да се купат? Гледам некои ги има во Шатци, а видов и штанд во Капитол. Од ДМ не би купила парфем.
На ТикТок има видеа во кои се покажуваат разликите на оригиналниот и лажниот парфем.. А колку пари се во ДМ?
Го користам тој од Asad, не ми остави доста добар впечаток, мирисот го снемува после 1 час. Не знам некако не ми е верно да е некој оригинален а платен е скапичко околу 2500 денари од Шатци продавница.
Јас го добив на поклон овој подолу на сликата. Ич не е траен, буквално треба човек да се избања во парфемов за да се осети нешто моментално. После саат време исто ко да немаш никаков парфем. Пакувањево е гломазно, потсеќа на црниот камен во Мека. Мириснав некни и други во ДМ, ама ако сите вака ко овој не се трајни - не фала.
Латафа Yara Tous (жолтиот) Наводно клон на Rabanne Fame, моментално е на попуст на fragnatica mk. Во план ми е да го земам,
Од арапски парфеми ги имам Уara светло розевиот и Ana Аbiyedh. Првиот е од Шатци а вториот од ДМ. Мирисите и на двата ми се преубави но проблем е што не ми траат, да не речам едвај ги осеќам. А имам добиено комлименти. Сепак не е тоа тоа. Според рецензии по интернет, многу се фалени за трајност за што не би се сложила. Бидејќи се е за никаде кај нас и на секој чекор има измами не ме чуди да се фејкови. Не би ги фалел цел интернет ако се вакви. Под добар парфем подразбирам да трае со часови, да се осеќа кога ќе поминеш и влезеш некаде. А не да го душкам зглобот на раката за малку да го почуствувам.
Маж ми купува од Шатци за него машки парфем кој е многу траен. Јас купив еден Арапски прилично ефтин беше и убаво ми мириса, со коњ на него. Мислев дека ич не е траен зашто не го осеќам, ама детево се гушкаше со мене и цела глава потоа му мирисаше на парфемот цел ден. Така што трајноста веројатно е тука.
Шатци, Космо, Белодоре и ДМ не увезуваат фејковачи, кој знае што си гледала ти. Јаките парфеми Латафа па уште некој копија ќе им прави
Јас гледав Тања Белив ги фали по тикток , баш за трајноста и баш си реков да земам , ама сега ме предомислувате ..
Штом си по слатките да ти препорачам еден што го купив неодамна. Не е Латафа малку ќе бидам надвор од темата но можеби ќе се најде на некој. Станува збор за Strawberry Tres Leches, ненормално јак и свеж истовремено.
Мене искрено не ми се допаѓаат. Имаат специфични ориентални ноти ама во негативна смисла. Башка што се маслени (така ми кажаа во парфимеријата) и мислам дека ќе имам проблем со облеката после нанесување. За траење можам да кажам дека се просечни од тестерот што го пробав. Дефинитивно не се за секој. За таа цена мислам дека може да се најде нешто подобро.
Кажи, нели, ти иде да го изедеш Го најдов во локална парфимерија, кај што имаат арапски може да се најде меѓу нив. Јас не го знаев ни дека постои, ептен е симпа