Арапските Lattafa парфеми полека, но сигурно ги освоија повеќето љубители на мириси. Имав слушнато за нив, али не се заинтересирав баш со некој посебен интерес. Скоро ги забележав во ДМ, ги пробав Eclaire, Yara и машкиот Asad. Се' уште не знам што да мислам за нив, дали ми се свиѓа некој или не. Јаки се, не за сечиј вкус, претпоставувам се и трајни. Многу им се уникатни шишињата, масивни и тешки, потсеќаат на некои старовремски парфеми, и ми се интересни. Eclaire ми остави некој впечаток зашто сум обожавател на слатки гурмански мириси. Се мислам уште еднаш да го помирисам и можеби земам. Дали сте ги користеле, и како ви се свиѓаат?
Јас немам користено, а сум читала доста позитивни коментари и рецензии за долготрајноста. Би сакала да пробам некој од овие, затоа што и јас преферирам слатки мириси. Ако некој користел, слободно нека сподели импресии, отворена сум и за други препораки. Исто ме интересира од каде е најдобро да се купат? Гледам некои ги има во Шатци, а видов и штанд во Капитол. Од ДМ не би купила парфем.
Го користам тој од Asad, не ми остави доста добар впечаток, мирисот го снемува после 1 час. Не знам некако не ми е верно да е некој оригинален а платен е скапичко околу 2500 денари од Шатци продавница.