Омилени Имам 7-8 парфеми на Lattafa, некои се повеќе трајни некои и не баш ама мене ми се супер. Често се наоѓаат и на попусти, па за таа цена повеќе од исплатливи се.
Ги видов и искрено ми се приповрати од некои од мирзибрите , паковањата преслатки ама повеќето ми беа фуј на миризба. Мислам уште ги немаат донесено во Мк.
Леле до толку ли гадни? Испаѓа амбалажата само вреди тогаш. Го мириснав, баш е убав Убав мирис на кокос. Би си го зела некад, ми остаи впечаток. Го пробав и Овошен просечен мирис, ништо посебно убаво.
Eclaire (овој постнат на првата страница) многу ме потсеќа на Sticky Dates од Lush. На почетокот ептен, ептен ме потсетува на спрејов од Lush, потоа не знам како се развива зашто само го мириснав од шишенцето пред некое време. Не е баш во мој стил, ама ми се допаѓа како мириса. Од Lattafa, овој ми е совршен. Ana Abyedh, тотално по мој вкус. Мириса на чисто, на свежо, нежен овошно-мошусен мирис со примеси на ванила. Супер му е и трајноста, на облека ми трае и по цела недела, на кожа 10 саати минимум. Преубав ми е.
Еклерот мириса идентично како овој парфем на српската инфлуенсерка, а и самата амбалажа мене ме асоцира на арапски парфем. Прво мислев дека сум грешка, ама и ChatGPT ми потврди дека е истиот мирис, затоа што и двата се инспирирани од Bianco Latte, нотите се тие. Зорана секако го нема кај нас, па ако на некој му се допаѓа тој парфем, Еклерот е солидна замена.
Девојки, отворив една општа тема арапски парфеми. Мислам дека ќе биде корисна за да не се изнатрупа оваа тема со постови околу другите брендови на арапски парфеми. Оваа нека си биде за Lattafa, сè друго за послободна дискусија може да оди во другата тема. https://forum.femina.mk/threads/Арапски-парфеми.35878/ Овде продолжете да постирате и прашувате сè поврзано со Lattafa парфемите.
Е сега друго ме интересира, сакам да го земам Латафа жолтиот за кој се зборува дека е клон на Рабане Фејм. Дали некој го има и да ми каже дали стварно вреди и колкава е сличноста, или сепак да одам на Рабане оригиналот?
Да, копија е на фејмот, јас и го подарив на другарка, не знам за трајноста ама мирисот е тој. Инаку го имам оригиналот и ич не дум задоволна од трајноста за 9000денари
Јас го имам, многу ми е убав иако не е нешто кој знае колку траен, но вака за пролетен/летен период е одличен. Е сега имам копија на Фејм од Парфен и не ми мирисаат исто со Латафата, незнам кој од двата е посличен на оригиналот.
Да, јас го имам пробано ист впечаток имам дека слабо трае, за тие пари поготово... Најверојатно Латафа, да и веруваме на Јарец бидејќи ги има пробано двата вели дека мирисот е ист Деновиве ќе го земам, па ќе споделам искуство, барем 3-4 саати да трае доволно е, а и секако не е скап
Во Schatze го има, на fragrance.mk, а би требало да го има и во Дива парфимерија, имаат и тие Латафа парфеми.
Си го порачав од таму, живи радости сум Spoiler Многу брзи беа, и ме изненади што во пакетот имаше фискална. Услуга на место целокупно. Кажи ми како ти трае парфемов? Минимално ставив, нешто ми се изгуби, Eclaire ко поише да трае Ќе му дадам шанса утре задутре да се покаже. Мене ми се свиѓа мирисов, претходно ради тоа што тестерот им беше празен на штандот у Гејт, го мириснав само, без да прснам на кожа. И јас осеќам кокосово млеко, јак е на прва, па се смирува, станува понежен. Амбалажава значи неам зборови колку ми се свиѓа
Не трае, едвај 2 саати, ни на облека не го осеќам. Ме разочара во однос на трајноста. Ко да е направен само за украс, и ко да функционира ко боди спреј, да го имаш постојано до тебе и да се прскаш. Со Eclaire не се споредува за трајност!
Еклерот не трае ни пола од овој, за жал. И јас така на прва мислев, ќе видиш. Со здравје да си го користиш, јас имам само уште неколку прскања треба да си земам пак. Инаку не знам зошто ама стварно важи за арапскиве она што го зборат дека после недела две од првото користење, ако го оставите му се појачува интензитетот и трајноста