Мислам дека ќе има интерес, а и корист од ваква тема, затоа што низ дискусиите по темите за парфеми често се спомнуваат арапските парфеми и доста членки ги користат. Па нека имаат и своја тема за дискусија. Пишувајте си мислења, рецензии, критики...споделувајте новитети и впечатоци од тоа што сте успеале да пробате досега.
Пак јас. Еве предлог за уште еден арапски парфем. Не знам колку би бил траен, ама мирисот е преубав за лето. После Еклерот, мислам дека овој најмногу ми се допадна од арапскиве. Од машките, црниот Asad ми е убав. Мислам дека тој би траел, генерално машките се потрајни и поинтензивни.
Пвие ги гледав во ДМ, се прснав пд тој со ванила, ама нешто не ми остави впечаток дека трае. Ма да пак ќе кажам сркоја кожа е различна, јас веќе сум си научила што би траело на мене, а што не, и какпв мирис ќе проектира. Инаку Асад е копија на Диор Саваж, а сега имаат и еликсир. Во Жирафа мол се најевтини скоро сите. Во дм е 2600 таму е 1600, епа бога ми разлика е
Од овие, го имам синиот. Blueberry пишува на него, но мене ми мириса на Ленор синиот. Преубав е. Ми се чини дека сите се убави, пролетно-летни мириси.
Да, овие се понежни и летни мириси за разлика од другите арапски. И јас мислам дека би биле со пониска трајност, ама за освежување добри се. За Асад, леле знаев дека ми е познат мирисот. Ме потсеќаше на Саваж, ама не бев сигурна. Тој ми е најубав машки парфем, дефинитивно е незаменлив. Ќе ја имам во план странава ако ми треба поклон, не сум знаела дека таму се поевтини. Што цена им е достава, брзо доставуваат? Го има да, таму ги гледав и јас. Мене на кокос ми мириса најмногу.