Немаат се' во Македонија, дел од пратките ги праќаат од Србија, бидејќи таму веќе е разработен системот со онлајн нарачки. Се чека затоа што полнат комбе/камион со пратки, нема секоја нарачка посебно да ја праќаат. Ако брзо ја добиете пратката, значи ги имале тука производите во магацинот.
Update - ми ја доставија пола. Уште на првиот меил ми ја поделија нарачката на две, во среда спакувана, вчера во транзит. Е сега другата половина уште ништо па ќе видиме.
Не ми се допаѓа што се делат нарачките. И тоа мала нарачка од неколку артикли. Седи дома и чекај Ваикики ако немаш попаметна работа. П.с. Ми се допаѓа квалитетот на детските алишта. Поквалитетен е од Синсеј на пример.
Update пак. Ја добив и втората пратка. Освен што чекав многу додека спакуваат, другото е ок, после брзо ги добив. И мене не ми се допаѓа што ги делат, во едната имав пет, во другата три ствари ама ок. Можеби и рано порачав, штом имаше опција за онлајн јас одма мораше да пробам. Најверојатно пак ќе порачам нешто.