Немаат се' во Македонија, дел од пратките ги праќаат од Србија, бидејќи таму веќе е разработен системот со онлајн нарачки. Се чека затоа што полнат комбе/камион со пратки, нема секоја нарачка посебно да ја праќаат. Ако брзо ја добиете пратката, значи ги имале тука производите во магацинот.
Update - ми ја доставија пола. Уште на првиот меил ми ја поделија нарачката на две, во среда спакувана, вчера во транзит. Е сега другата половина уште ништо па ќе видиме.
Не ми се допаѓа што се делат нарачките. И тоа мала нарачка од неколку артикли. Седи дома и чекај Ваикики ако немаш попаметна работа. П.с. Ми се допаѓа квалитетот на детските алишта. Поквалитетен е од Синсеј на пример.
Update пак. Ја добив и втората пратка. Освен што чекав многу додека спакуваат, другото е ок, после брзо ги добив. И мене не ми се допаѓа што ги делат, во едната имав пет, во другата три ствари ама ок. Можеби и рано порачав, штом имаше опција за онлајн јас одма мораше да пробам. Најверојатно пак ќе порачам нешто.
Нарачката стигна за 2 недели. Многу побрзо од синсеј. Чекањето за пакување траеше долго, но од пакување до испраќање и добивање на пратката поминаа 2 дена. А најбитно од се, пристигна ден пред очекуваниот датум на достава. Иако пратката беше поделена на 2, заедно ги добив.
Далеку поквалитетни се од Синсеј, нема споредба а и често се наогаат парчиња на попуст. За деца и за возрасни. Јас често начекувам, дека помал број носам ги земам по многу пониски цени. Синсеј не е ист памук, за децата во Ваикики се наога исто на попуст, иако првичната цена е поскапа. Во короната вешто ги одминував Ваикики беа претерале со цените, сега ми се ок, плус со добар попуст десетка.
И мене ми беше поделена пратката но во исто време стигнаа и двете. Доста брзо стигнаа, чинам 2 недели од кога нарачав.
На 19.07 направена порачка. Прв дел ми стаса пред една недела. Вториот вчера. Ова од истата порачка. На 2 дела беше поделена. Од моментот кога ќе стаса порака дека е спакувана е 2-3 дена макс ми стаса и дома.
За враќање или замена на производ, дали мора во истата продавница од каде што е купен или може во било која?
Мене ми пресмета попуст. Симнав апликација и се регистрирав. Имаат избор на детска облека со пристапни цени. За возрасни се наоѓа нешто и мора често да се оди. Некои работи се поскапи, а не вредат толку. Пример од Спрингфилд кошула 2000 ден и Ваикики 2000 ден. Нема смисла. Таму на попуст 1200дњн, а во Ваикики се уште редовна цена. Поквалитетни се од Синсеј во секој случај, а и од Њу Јоркер.
За жал мора карго. Јас бев во продавница и ми рекоа дека не може да ми ги прифатат. Па еве веќе неколку дена чекам да ми ја подигнат.
На апликацијата кога одам за враќање,ми пишува дека можам да направм поврат и во најблиската продавница на вајкики
Супер ако го смениле тоа, пробај во продавница. Јас споделив мене што ми кажаа во продавница минатата недела