Прва нарачка и од мене направена Го нарачав шампонот Wasabi Shan Kui и регенераторот Candy Rain Чим стигнат ќе пишам обавезно Следно ќе почекам плата да земе маж ми и ќе си го нарачам ЛТГТР
Ќе ти пишам обавезно. Јас го пробав тестерот shower gel lord of misrule и луѓе многу е тежок, густ, зелен и тежок мирис на машки парфем на нафталин незнам претежок ми е. Се истиширав пред 3 сати уште мирисам на него, бев излезена и кога се вратив ходникот од бањата мириса на гелот. Не ми се допадна ич
Јас ја користам терапијата Roots и сум презадоволна. Дава некој волумен по миењето на косата, a заедно користејќи го сп шампонот Wasabi shan kui е добитна комбинација за раст на косата. Туку, кажете ми сте користеле крема за раце ? Еднаш имам прашувано и некоја членка ми одговори ама не можам да го најдам постот. Lemon fluttery ја имам користено ама не ми се допаѓаше. Мирисот не можев да го поднесам. Рацеве ми се многу исушени цели, а уште не е многу ладно времево....
Даа, таман го нарачав шампонот и се мислев за roots. Па и дека ги нарачав и регенераторот candy rain, да стигнат ќе ја нарачам и терапијата. Морам да си ја спасам косата од постпородилното
Мене еднаш другарка ми ја даде Dream Cream и ја користев за раце и добро хидрираше, ама не беше нешто да речам уау и да сакам да ја купам пак, иако им е најефтината крема - 350 денари за 45гр. Ми пратија тестер еднаш од Sweet Wild Orange, таа предобро омекнува, суви ми се деловите меѓу прстите и имам рапави и "збрчкани" места на рацете, кремава по едно, две ставања инстантно ми ги измазнуваше. Има и убав мирис, само што релативно брзо се губи.
Има ограничен број на тестери што може да се побараат по наша желба? Имено, им напишав 4, и пратиле 4, ама само 2 од јас што сакав другиве две по нивна желба. Сакав пилинг за усни ми пратиле гел за туширање, сакав балзам за чистење на лице ми пратиле нешто сосема трето не се ни чита убаво што пишале
Јас највеќе 6 имав побарано, под 5 никако не дозволував. 4-5 пати како иам порачано до сега, ги иам 20 - на. Обично праќале тоа што барав, еднаш само по нивна желба стаиле, а изоставиле некои кои ги пишав. И сеа последнава нарачка за Стики 5 им побарав, па ај да видиме што ќе пратат. Можеби немале од тие што си ги сакала, кој ги знае.
Ако го немале тој вкус на пилинг можеле друг, не гел да ми праќаат . Башка полупразни се тестериве ццц. Едит: сега го отворив последниов овој не е полупразен, празен е.
Подобро и што не ти пратиле пилинг. Којзнае чиви прсти брцале во тестерите. до сега само еден вака празен ми пратија од крем за лице другите се полни до врв. Ми праќаат по нивни избор 3/4 тестери. Еднаш само си побарав 3 п. с и благодарение на нивниот избор ја открив Дрим Крим и колку е добра
Зарем не користат шпатула или нешто за тестери? Инаку тестери даваат само ако се купи нешто, онака на штанд ако побараме ќе дадат?
Ако ти дадат тестер кутивче пилинг за усни веќе ти дале пола производ Не верувам дека праќаат од нив.
Јас да ви напишам еден апдејт, ми стигна LTGTR ми се допаѓа, среќа не е како со плочката од lord of misruleза џабе фрлени пари, ама им нагласив да добијам тестер на пример лосионот од стики за да мириснам како мириса, да знам за понатаму може ќе го нарачам, и се разочарав ми пратиле по нивни избор тестери од кои yog nog shower gel со светките ииии многу ме бендиса wao wao бев, ме бендиса и повеќе од LTGTR. Следен ќе ми биде тој на листата ако го има тогаш кога ќе имам кеш еве и на мм му кажав дека ми се допаѓа ама не ми е роденден во скоро..
Иначе Snow Fairy шампонот што наводно им е како нов во Snow Fairy линијата e буквално истиот шампон што излезе минатата година како дел од Barbie колекцијата, само што сега му имаат залепено Snow Fairy амбалажа. А и тогаш Barbie шампонот беше 895 денари, а овој е 650 за истата количина. Ми се свиѓаше тогаш, така да би го земала пак, овој пат за 250 денари поефтин, дека не е Barbie нели... : )