Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

LUSH

Дискусија во 'Тело' започната од CoverGirl10, 29 мај 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.642
    Пол:
    Женски

    Да ти кажам, Yog nog повеќе на ванила ми мириса, LTGTR на карамела. Yog nog го има оној spicy мирис, бидејќи содржи москантно оревче во составот, а LTGTR карамеласто и по благо. Јас вака би ги опишала. И yog nog е благ ама не како другиов. За трајноста уште немам завршно мислење :wasntme: мислам дека LTGTR повеќе се чувствуваше, и по 2 часа на пр, овој некако ми се губи дали јас не го мирисам и другиве го мирисаат, не знам.. На облека ако се прснеш останува мирисот, еве и за Twilight и за Lord of misrule би го рекла тоа дека ако прснеш на облека мирисаат додека не ја испереш, а вака мене не ми мириса, конкретно за Yog nog зборувам. Една денес ми даде коментар што ми мириса така ванилесто, ама тогаш само што се бев прснала до Yog nog. Останува да пројде некое време па да кажам мислење подетално. А LTGTR доколку го донесат и некоја од вас го земе, нека каже мислење, тој што беше Made in Croatia мнооогу се чувствуваше со саати. Сега овој што се произведува во Англија не знам..
    Мене некако Lord of misrule како потраен да ми е од Yog nog ама ќе кажам пак дека треба време да пројде па ќе кажам за посигурно во врска со трајноста :)
     
    На carly j и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  2. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    345
    Јас ќе одам штом ќе го добијат, главно да го споредам во живо со YN ако го донесат - треба да има поголема количина, барем нема веднаш да се распродаде. Ако едниот е поблиску до Sticky Dates нема потреба да ги земам двата.
     
  3. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    3.906
    Пол:
    Женски
    Среда стигнуваат пак прашав на штанд:D. Е сега некој фин од Ск да помине наредна недела да види каде е произведен лтгтр да знам дали да си го порачам:). Yog nog ќе го имале само во city mall, ќе го нема за онлајн нарачка.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.237
    Пол:
    Женски
    Мене само очигледно не ми се погоди или јас не знам сапуни да користам за туширање.
    Мирисот преубав беше, на чисто, на бањато, милина.

    Ама текстурата... Не ти е мек, да ти се топи, крши? Еве Хани сапунот не беше таков, тој си го користев, се во ред беше со него. За овој Султана имав впечаток како глина да е, или мене ми се погоди така, не знам.

    ***

    Јас се разочарав Стики дека немало да го носат веќе, тој го чекав.. Ни лосионот го нема, ништо нема..

    @koritsaki си се подновила со поише работи, со здравје да се трошат.

    Само сум ги мириснала од тестери мирисите на геловите за туширање од Yog Nog и Lord Of Misrule, не ми се допаднаа. :|
    Тој ванилестиот нели со светки беше гелот, мех, а другиот прејако и хербално, скроз поразличен мирис од јас што сакам.

    Стики го чекам само. :( Вака коа сакам нешто, ништо друго не гледам и не ми привлекува внимание.

    Јас уште од LTGTR иам... Сеа баш отидов да видам кога е порачан, и вика на 29.10 :o Година дена скоро и го неам потрошено, е тоа ти се вика штедење. :rofl: Не ми се верува искрено, па лани го прскав во постудените денови, добро не секој ден, толку се имав опседнато и за спиење го ставав понекогаш.
    И коса и облека све мириса, знаеш и ти самата дека е претраен. Ова ко да нема дно и да се потроши, не ми е јасно. :rofl:
    За пролет - лето секако не беше, па не го ставав, само 'ароматерапија' си праев со душкање.

    Дефинитивно се исплатат спрејовите, барем мене ептен ми се исплатува, како сум скржава и ги чувам ко очите. Други спрејови па и парфеми одма ми летале и се трошеле, ова првпат ми се дешава.
    Вајда рокот не му помина? Одлепена е таа декларацијата кај што пишуваше, ќе го користам и да е поминат. Ќе се прскам периодов само со него.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    345
    А зошто не во Ист Гејт? ДИСКРИМИНАЦИЈА!!! Треба да се влечам и до СМ, аман. Ќе одам јас, дали среда, дали четврток.

    Зошто тогаш ме излажаа дека после Нова година пак ќе го донесат? Инаку и јас сум скржа Божја, штедам на (скапи) мириси кога нема кого да импресионирам.
     
    На Bella.alleB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right, не ми се случило да се распадне или ептен да се изобличи досега. Скроз при крај кога е знае да се искриви ко да го фаќа обликот на дланката, ама такви ми се прават сите сапуни кога стануваат веќе претенки. По туширање го оставам на суво да се исуши и го чувам во држач за сапун, ништо посебно.

    Да има ваков спреј, дефинитивно би го купила. Другиве некако не ми се по вкус, не се пронаоѓам во мирисите. :tmi:
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.237
    Пол:
    Женски
    Не знам, негде прочитав вајда низ темава дека немало да го носат.
    Супер ако го донесат, и јас одвај чекам. Иначе ко да ве читав тука, го имало ама кратко, па го снемало? Или нешто грешка сум..
     
  8. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    345
    Епа тогаш имаш среќа, некаде за месец, месец ипол ќе најават (имаше leaks за следната серија community sprays/perfumes) Султана парфем. Се надевам дека ќе мириса колку-толку исто, не секогаш е така ако под исто име има неколку производи.
    Инаку да, го имаше дури три-четири дена, од кои на страната го ставаа да стои само по час-два во денот (хајп да генерираат малце и да се нервираме), па го тргаа, па пак го ставаа додека не се потроши комплетно. Не знам зошто сега не е вратен да стои, дури и да пишува потрошено.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.642
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right ти благодарам:)
    За Стики дејтс мене ми рекоа дека нема да го носат веќе (ова за Грција)
    Сега да ме имаат излажано :?: не верувам. Јас ќе чекам да кажете мислење доколку го пробате LTGTR :)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    А дали некоја има предлог за свеж, цитрусен, лимонест мирис? Гледам дека (скоро) сè што препорачувате е ванилесто, карамелесто, преслатко, а мене малку ми се повраќа од такви мириси и сакам нешто свежо.
    Општо досега имам користено доста продукти: бомби за во када, гелови и сапуни за туширање, тврди шампони, пилинзи, плочки за масажа, лосиони за тело и стапала, и од сè најмногу се враќам на тврдите шампони кои се единствен (делумен) спас за мојата тенка и премрсна коса.
    Сепак, би сакала евентуално да пробам и некое спрејче зошто досега не сум користела, ама само ако има некое кое не мириса на слаткарница. Од прилика досега најпријатно свеж мирис и приближно на тоа што го сакам ми имал Lime Bounty лосионот за тело, само што е штета тоа што после нецел час од нанесување веќе не се чувствува никаков мирис.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.642
    Пол:
    Женски

    https://www.lush.com.mk/_Avo_Co-Wash-body-spray
     
    На MagsDestiny и Autumn Love им се допаѓа ова.
  12. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.420
    Ве прочитав тука и отидов да проверам - на мојот LTGTR најдолу десно со ситни букви пишува invented and made in UK, така нешто, а купен е лани околу Нова година и ми мириса најпрекрасно, нема кој ме нема прашано што парфем е или кој мириса вака добро во собава :lol:?
    За на кожа директно трајност не знам, само зимата го користев, а претежно ролки носев. Трае на алишта дури не ги испереш, корпата за алишта после цела мириса ко ќе ги фрлам за перење. Остава мирис дури и да поминам негде или само влезам/излезам.
    Ова ми е прво шише, ако овој вака мириса, како мириса тој произведен во Хрватска :o ?
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.642
    Пол:
    Женски

    Баш така мирисаше и тој од Хрватска, јако сите коментираа за мирисот. Е сега една членка погоре постираше дека тој направен во Англија е сменет дека не трае толку како тој што е хрватскиот.
     
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам LTGTR и Sticky dates и иако на двата пишува дека се произведени во Англија, премногу има разлика во трајност. Од LTGTR два пати да прснам е доволно и се осеќа со саати а Sticky dates се потурив пред некој ден, уште малце ќе земев и да го пијам од што нема кај не го прснав и пак џабе. Немам ни добиено комплимент дека мирисам кога го носам :D. А со LTGTR за кожа ми се лепеле луѓе од што им е убав мирисот.
    Штета огромна бидејќи најсовршен мирис ми е Sticky dates од се’ што имам мириснато у животов.
     
    На WhiteCat33 и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.420
    Аха, значи новата серија од UK е сменета.
    Штета, баш мислев и годинава да си го земам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.642
    Пол:
    Женски

    Па кој знае, треба да се проба :D само што не е се уште достапен ете.
    Јас не би го купила сега за сега, веќе имам доста мириси уште Twilight го трошам, а сега скоро ги земав Yog nog и Lord of misrule :)
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  17. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    345
    Зависи кој batch, ако можеш прочитај ги рецензиите за новата серија од UK, а има некоја случка со фабриката во Хрватска, па сега се е префрлено во UK. Дај да се молиме дека нашиот што ќе стигне ќе биде убава серија (и онака секоја е различна) а не нешто за граѓани од последен ред :x
    Прочитав дека за некои производи немале доволно етичко произведени/исцрпени состојки, а знаат дека им се барани спрејовите па ги разводенуваат со цел да бидат достапни. Подобро да чекав една година отколку да го добијам (како што беше со Стики) и да се разочарам од траењето што било нуклеарно во првите серии кога бил Community launch.
    Исто и за Yog Nog варираат сериите, некоја серија е кремаста ванила, некоја поцветна, некоја позачинета. Зависи и кој ја формулира таа серија, иако наводно го следи истиот рецепт.
     
    На koritsaki и Autumn Love им се допаѓа ова.
  18. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    345
    Патем, за пример, Споредете ЛТГТР наспроти Стики, концентранцијата на состојки (првата од лево ја има најмногу, а кога во Стики парфемот доаѓа ПО глицеринот тоа диктира колку ќе проектира/трае, т.е. Колку нема во случајов)

    ЛТГТР (парфем пред глицерин)
    IMG_8494.jpeg
    Стики (парфем по глицерин, во првите серии парфемот беше втора состојка по концентрација)

    IMG_8495.jpeg
     
    На WhiteCat33 и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.420
    Кај гледате која серија е? Или како ќе ти се погоди?
     
  20. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    345
    Како ќе ти се погоди, можеш да видиш нели назад од кој е направена, а наеднаш прават (полнат) сигурно стотици, ако не илјадници производи. Треба да споредуваш според датум/човек, па мачно е.
     
    Последна измена: 26 октомври 2024