Кога ли ќе го донесат Yog Nog спрејот, знае некој? Гелот за туширање гледам го имаат на сајтот, ме интересира и спрејот.
Да ја тагнам @koritsaki, ја имаат донесено чоколадната маска Rudolph Има некој пробано од новите прајмери за коса?
Даа баш ја видов на страната, да знаеш само како преубаво мириса Овие што се погоре? Нешто како leave in? Јас Shield го имам и сум многу задоволна
@koritsaki не знам истата серија дали е, сетот Sticky Dates го купив, мене ми е сосем ист како тој лимитираниот. Spoiler Се подновив Тоа богатство од мириси ствариве леле бе превкусно мирисаат, ми иде да го пробам пудингов комбинацијава со цреша е... врв Мене ми е премногу жал ова да го користам и растурам Не е можно колку реалистично е. Coconut Drench плочкава исто така е фантазија Прајмерот за коса го пробав еднаш, не знам што треба да прави и што да очекувам. Мириса на Стики производите, али за жал ич не ми се задржа мирисот на коса.
Кажи ова на чист пудинг мириса ќе си ја земам и јас. Со здравје се да си користиш. Значи зема и од прајмерот за коса , ќе кажеш како е со понатамошно користење. Оваа пчеличката е пилингот познатиот или е нешто ново? Се мислев кој мирис наредно да го земам. Дали Стики или некој од тие Pumpkin spice или тој со јагодите. Пампкин не го мириснав и не би го земала на слепо.
Фала ти! ♡ Нова е, Сноу Фејри Скраби, мирисот од таа линија ко шо знаеш на баблгам. Обичната Скраби е со мирис нели на Хани. Има и некоја друга видов ама не ми фати око. Spoiler: Humbug Scrubee Пампкин никако на слепо, може да не ти се допадне.
Не сум сигурна, ми се чини дека не беше фул сајз, туку кутивче со големина ко од крем за лице. Ама не ме фаќај за збор зашто со години немам враќано ажбалажи па не ми текнува што големина беше.
Мене за празни амбалажи пред 5-6 месеци во скопје ми дадоа сапун. Имаш опција од 4-5 да бираш, не било кој. Не ми спомнаа за маска за лице, може и да немале па затоа.
Нема свежи маски во македонското Лаш, јас кога им вратив 5 кутии ми кажаа да си одберам сапун ми понудија 3 и од тие 3 си одбрав еден. Ми спомнаа и за маска ама се чекаше месец ипол,, така да не ми одговараше
Така, вака, јас пак го купив Аромако. Некако најдобар ми се покажува спореден со другите стикови и свашта нешто што испробував на поприродна база. И најисплатлив (со оглед на тоа колку долго го користев парчето) и најмногу држи. Прашав и за амбалажите. Се бира помеѓу маска и сапун, даваат по неколку опции во зависност од тоа што имаат за таа намена во моментот кога враќате. Каква е маската немам поим, битно ја има како опција па која ќе начека супер.
Сподели искуство со пчелката, ја меркам и јас. Ако е приближно убава како scrubee сакам да ја пробам. Scrubee до сега е еден од подобрите производи. Пилинг, а истовремено дава толку убаво чувство на кожата. Нема потреба од дополнително нанесување на лосион/млеко после него. А за мирисот да не кажувам. Сон Инаку ја користам во моментов и маслената плочка karma. Многу убав мирис има. Исто така ми е во фаворитите. И најново откритие лосионот sleepy. Првично ми беше страв да не е преинтензивен мирис на лаванда, ама слатката нота дава преубав нота за целосно уживање. Дури и мм кој баш и не ми ги сака производите од лаш, за лосионот ми искоментира дека преубаво мириса. Од друга страна го пробав и маслото за туширање coco loco, за жал целосно ме разочара. Ниту мирис се задржува ниту пак хидрира нешто посебно. @koritsaki со последнава нарачка замолив да ми пратат тестер од pumpkin spice и мене ме интересираше. Мене ми се допаѓа, сладок зимски мирис. Не сум го пробала на кожа како ќе се чувствува и дали е траен, додуша од гелот ми пратија, ама ќе споделам. Инаку гелот е со светки.
Фала ти јас ќе замолам и некоја членка пишуваше дека го има спрејот со светки Snow fairy, ама мислам не беше задоволна, па ме интересира повторно да ми каже зошто не е. Освен на Стики или на овој му се намерачив некако. Дека со светли, затоа Го имав порано овој спреј (без светки) ама некако и многу траен не ми беше.