Чудно зошто кај мене е порано . Секако имам доста време до ноември, ама нз зошто секој сет различно. Супер. Значи може да се пријави и да ти заменат .
Пластичното шише, празно, ТРЕБА да тежи околу 45 грама (плус/минус 2-3), значи си во минус некаде 20 мл. Може испарило, може помалку ги полнат. Еве пример на празно шише од рандом ЛТГТР што го најдов на Редит. Од друг пост: I weighed a bunch of body sprays once after receiving an order where some had leaked, and the full ones were all between 243-245g while the empty bottle was 47g. Edit: Google says that's about 8.6 oz.
Ме фати инат и го испразнив стариот спреј и го измерив шишенцето .. тука е некаде, 51гр (ја проверив вагата). Дефинитивно е помалку полнето..не беше ниту растечено, ниту распрскана пумпицата
Јас ја користам целата линија. Не е нешто посебно, но ете помага кога сакам да мирисам на стики дејтс подолго. Иако гелот мириса најубаво, требало прво да го доловат целосно кремастиот аспект од гелот и лосионот во спрејот. Или помалку полнето, или… вратен производ откако некој се прснал. Но ако пумпицата е нераспрскана… не знам, стварно, лесно е да се одврти и да се затвори без да се прсне, ама се надевам дека не го прават тоа.
Не ни помислив на таква глупост, ама ако некој тоа го прави секоја му чест, многу заштедил во животот
Моите два се на македонски. Прашај ги, ама чим е од тука купено мора да важи Убаво мириса ама не се задржува. Пред да ја сменат формулата на Yves Rocher кога ќе се намачкав мирисаше како парфем. Сега гледам мирис амс битно ми е како ми делува на кожата.
Јас бев до City Mall и го земав Jumping Juniper шампонот, супер ми е Soak and Float, ама откако ми потпорасна косата многу брзо почна да ми се масти, посебно кај шишките и позади уши, и викам ај да го пробам, знам го фалевте тука, се надевам нема да ми ја исуши косата. Ми даде девојчето и од Happy Happy Joy Joy регенераторот тестерче, па ќе видиме каков е, иако не користам ич регенератори, ме мрзи. Иначе мислев дека попустот важи и на штандот, и си го земав и средното пакување од Snow Fairy шампонот (Barbie по старо - супер беше, премека ја прави косата) и Lord of Misrule спрејот, и девојчево ми кажа дека само онлајн важел, и како попче си ги вратив. После си ги нарачав од дома на упола цена. Имам собрано 5 празни кутивчиња, и баш го прашав девојчето за дали уште даваат свежа маска како подарок, ми рече дека давале до скоро, ги нарачувале да стигнат, но изгледа веќе не, сум можела да си одберам сапун. Ги видов тие од новата колекција, еден зелен како замок и еден бел ко круна, преубаво мирисаат, особено тој зелениот, и оној Christmas зелениот од бор, цимет и портокал има исто специфичен мирис. Не дека сум луда за сапун, ама мирисиве им се врв - плус кога е бесплатно, зошто да не.
Некој искуство со цврстиот шампон Goongala! да има? И, што ќе кажете за спрејот за тело Grape Soda, како и за гелот за туширање The Juice is Loose (Beetlejuice Beetlejuice)?
@theunforgiven Баш сум пишала пред неколку месеци за Goongala. A мислам дека и косата не ја правеше нешто посебно, уште на првите две-три ставања не ми беше нешто уау, а после тоа дури ми ја сушеше и сплескуваше малку. А ми рекоа истата функција ко Soak and Float ја имал - не би рекла. Соработкиве најчесто им се поскапи, а не е вложено многу во нив ко во редовни колекции и ко да не се толку добри.
Јас само да кажам дека Aromaco - Цврст деодорант воопшто не ми се допаѓа мирисот и ме потсеќа на мувла. Денес маж ми ме праша да не имаме влага во станот дека му мирисало на мувла и се изнасмеа кога му кажав дека јас уствари изгледа му мирисам така . Баш ми е криво за парите ама ајде сега знам дека не е за мене...
@blueeparadise Со 5 кутивчиња даваат сапун за подарок. И јас прашував за маска за лице, ама ми имаа кажано дека 2 месеца треба да чекам да ја донесат. А кај нас во Грција ги има маските свежи за лице да се купат така да во Македонија кога бев си избрав сапун за тело
Сите тие од летната колекција ми имаа мирис или на газоза или на степче, и не траат воопшто, за жал. Инаку овие ‘новиве’ спрејови секаде се ставени во распродажбата само кај нас не. Не дека ќе купев некој, зашто ни тие не траат ниту се нешто посебно, но може ќе се излажев кога ќе ги видев на страната.
За колку време ви ги доставуваат нарачките во Скопје? Во 12 ми стигнал мејл дека пратката е испратена, и пишува дека се доставуваат во рок од 1-3 дена откако се испратени. Денес намерно останав дома да не дојдат случајно, ама утре и задутре имам обврски и ќе морам да излезам, а нема кој друг да ја подигне. Прашањето ми е, дали откако ќе стигне мејл дека нарачката е испратена, стига истиот ден? Знам дека Lush обично беа брзи порано.
Не мора да значи дека истиот ден ќе биде. Зависи од каргото, ко што гужви имаат ЕЛС.. За ден два обично стига, преку сила еве три. Сеа преку ЕЛС стигаат, а нели беа преку Тотал пост логистик. Ако нема кој да ја подигне тие денови, иди ако можеш до хабот што ти е во близина. Или па крени им коа ќе те бараат, договорете се за некој нареден ден.
Еден спреј е на попуст, тој од грозје. Баш читав по странски форуми, кажуваа дека е траен, особено на облека. Па добро, логично е да мирисаат така, тоа е поентата-овошни.
Update: Yog Nog 222 грама, Lord of Misrule 224. А шишињата се 47. Значи од старт нема 200мл, ама ајде. Зависи во кој град си. Јас сега отидов во база и си ја зедов, курирот го немаше да ми ја донесе а уште во саботата ми стигна порака. Чекај од каргото да ти се јават - да ти стигне порака. И да, беа преку ТПЛ, сега ЕЛС.
Само што истстирав: шампон: SQUEAK Опишан е како мирис на тропски овошја (киви, ананас, папаја) и морска сол. Мене ми мириса на старомоден прашок за перење на бели алишта но, и покрај тоа, ми се допадна. Мислев дека нешо чудно ќе ми се деси со косата-на првото ставање ич пена немаше. Ама па затоа, на второто... Јеа! Останува да видам резултатот каков ќе биде отпосле, дали стварно е добар за масна коса. гел за туширање: DIRTY Сѐ, само „валкано“-не. ПРЕКРАСЕН бран од спеарминт кој ми е во ТОП 5 мириси што ги обожавам. Речиси класика, најблиско до стандарден машки гел за туширање. Нешто посебно да ме воодушеви-не ме воодушеви. Но, би сакал да го имам за во моменти кога ми треба бран спеарминт а тоа, обично, ми се случува на лето. Што не значи дека не е океј и за во зима. Сѐ на сѐ-фино искуство. Сега ми остануваат тестерите со крем за лице и уште еден гел за туширање, мислам дека беше Yog Nog, таман додека да ми стигне нарачката нова.