Дали има спреј што мириса како shield серумот, тотално се заљубив во мирисот и плус добро ми ја разчешлува косата, исто и мирисот премногу трае, пред два дена ја измив косата, ставив од серумот и денес ја измив пак и пак ми мириса косата. Стварно сум презадоволна,исто и пижамата назад на серумот мирисанешто предобро
Кажи предобар е, одличен до сега од производиве нивни не знам некој мирис вака што ме потсеќа на серумов ако знае некој нека каже
Забегале со цени. Тргнав да го купам пак Roots, цената дупла. Последно за илјадарка ги купив и Roots и Wasabi, сега Roots 1095 денари пакувањето. Машала....не ми се исплати воопшто иако не ми се троши брзо. Да прави чуда, да згуснува косата после месец дена користење, да разберам зошто е скап, ама реално, иако помага да престане опаѓањето, не вреди за парите.
Ау, ама се нанервирав мислам дека завршив со Лаш. Сметка 2500ден. побарав тестерчиња од 3 производи, ај ете не морало од нив од тоа што побарав, било какво тестерче да пуштеле. Не, ниедно, никакво. Т У Ж Б А !!!!!¡¡¡ А баш мислев спреј да земам, по пишаното на сајтот мислев ќе ми се допадне ама..
Имаат назначено некој износ над кој може да се побара тестер или? Онлајн мислам дека немам искуство со Лаш, не ми текнува во моментов дали некогаш сум нарачувала преку сајтот. А на штандот (обично во Сити Мол одам најчесто), некогаш се случувало и со помала сметка сами на нивна иницијатива да ми дадат нешто да пробам. Друг пат со повисока сметка, ништо. Ми се чини дека прават како ќе им дојде во моментот. Кога сум побарала сама да пробам нешто, секогаш биле океј. Ама според мене, тестерите се дел од бонтонот на овие бизниси. Не ми е океј да ги наплаќаат и исто не ми е океј да не даваат никогаш. Не е дека бараме работи на гага, некогаш стварно сакаш да пробаш пред да дадеш 900 денари рецимо, за некој чистач за лице или слично. И да, многу пати се случило после испробан тестер да си го купам продуктот во регулар верзија. Последно тоа ми се случи со овој Роли поли чистачот за лице. Го добив како тестерче пред некое време, па се вратив да си го купам затоа што ептен ми се допадна.
Не е назначено на страните нивни дека со сметка над одреден износ даваат тестер. При порачување од грчката страна им пишувам во порака под порачката, и тоа не за еден туку за два три тестера да ми стават си бирам од кој производ сакам. И јас така колку пати им имам пишано за тестер и нешто ми се допаднало , нареден пат си го купувам. А богами 2500 денари не е мала сума. Не се фер.
@Mishela Нее, нема никакво ограничување на сума. Се изнервирав и изреволтирав ептен, секогаш ама буквално секогаш пуштале тестери, дури и 1200 да сум имала сметка 3-4 тестерчиња давале. На почеток не знаев дека може да побарам од што сакам јас, па, рандом добивав, ама после си пишував и добивав без проблем дури ако немаат некоја замена пуштале во смисла чистач бр.1 сум побарала ама пуштиле чистач бр.2. Точно и јас сум се "прелажала" тестер да ме навлече да си купам поголемо пакување. Прв пат се случува ова, ко дете мало бев извадив се од кутија и буричкам низ тие смоките за тестерче и нема, фаќам ги истурам на маса и гледам нииишштоо. Фрлив тоа фактурата за да видам кај е пакувана, аа и тоа шампонот како беше настеган да можело со чекан ќе го доставеле во округлото кутивче. Едвај го извадив за фолијата да ја тргнам
Стварно не се фер така што направиле, и јас секогаш им пишувам што сакам еве го нарачав shield се надевам нема да ме зафркнат да не ми пуштат тестери
Дојдов баш да се пожалам дека ми стигна серумот и не ми ги испратиле тестерите што ги побарав ми пратија само еден путер за тело Sex bomb мислам беше. А баш сакав да ги пробам чистачите за лице што ги побарав вака и го пробав shield преку тестер па сега го нарачав ама очигледно 1000ден за серум беше малку за три тестери да добијам
Аааа ти па, со 1000 денари сакаш 3 тестери, биди среќна еден шо си добила Јас со 2500 ништо не добив А, New, Roots и Aromaco ги нарачав и плус кутивче за шампонот. И јас инаку имав побарано тестерче од чистачот Мишела што го пофали, од спрејот Blue Skies и од Karma кремот за тело, ама не сум заслужила
Чекај, им побара сама и ниедно не ти испратиле? Аууу, безобразно ова ако така.. До сеа ми имаат праќано, едино ако побарам над 3 приметив дека тогаш за инат само 2 праќаат, и никако ама никако не ми ја праќаат маската за лице Sleep Beauty. Не знам шо маска ќе беше тоа бе, толку да ја штедат. 2 пати имам побарано, и не, па се откажав. Порано со многу помала сума, едни сапуни само имав порачано, дури 6 тестери имав барано, даваа.. Пошо од Ист Гејт ги праќаат пратките, а сигурно и читаат, срам нека им е. Толку пари им оставаме, а ваков однос.. Треба да се одмори изглеа од Лаш - ов, па нека им дремат продуктите. Ние сме будали што фрламе пари, ми се стемни колку пари имам остаено таму, ко некоја тешка зависничка
Да, побарав како и до сега што сум барала. Баш овде во темава препрашав како барате и во коментар за нарачката ми кажаа да пишам и така сум добивала. А листот во кутијата што беше стои испринтано фино и културно кај што замолувам ако може тестерчиња од тоа и тоа да пратат. Еднаш имав навезено 5-6 тестерчиња и плус имав што немам побарано. Не дека ми е до тоцкава количина дојдено ама баш им се радував кога ќе пуштеа и обавезно од нешто што претходно пратиле тестер во следна нарачка нарачував. Овој пат со душа ги чекав, поради чистачот и спрејчето( претходно исто имам барано и уредно на хартивче во форма на спрејче, обвиткано со фолија ми пуштале тестерчиња од спрееви). Не знам ни сама зошто, ама ептен некако криво ми падна и се разочарав.
Не знам луѓе што им е ццц , јас порано и по 400-500 ден сметка сум правела па ми давале по барем 2 тестера. За македонскиот Лаш зборам. @Mrs. right јас ја имам користено ама ништо не губиш не е ништо посебно. Не им купувајте, со ова се надевам ќе разберат. Искрено и јас планирав да купам нешто сега за празнициве, ама не, ќе ги бојкотирам по ова што го прават. Се надевам дека читаат- срам да им е.
Исто... Ја ко поише на тестерите да се радувам отколку на самите производи што сум ги сакала. Баш ми е жал. Од спреј коа бараш да пратат, на она хартивчињата прскаат? Не сум побарала од спреј, аман бе, секунда работа, и шо толку ќе потрошат? @koritsaki фала ти. Ја отпишувам тогаш скроз таа маска, не ме интересира. У право си, така и ќе биде. Ајде доста беше, и претерано више. А чекам јас уште една пратка, мислев денес ќе ме бараат, ама ги нема, ај да видам и за тестерите дали ќе добијам нешто. Од Пампкин свеќата ја сакав за празнициве и Супер милк новиот регенератор. Регенераторов баш преку тестер и го пробав, ми се допадна. Последнава беше Сноу Фејри спрејот, добар е, сладок како што го знам, супер си е. Од Скуби Ду колекцијата од гелот побарав, грд е некако, цимет и цитрус, а јак, ми се истури на постелнина и мирисаше подолго време. И од Секс Бомб путерот во форма на лосион. На ништо не мирисаше, ко без арома, јаткасто можеби ама слабо, скоро на ништо. И долг одмор од Лаш планирам после ова.
Да, картонско како по парфимерииве што се само баш во форма на амбалаживе на спрејовите е и со маркерче си пишува шо спреј е и плус во фолија проѕирна замотано. Баш скоро ги фрлив, лански најдов уште мирисаа. Инаку за путерите некако се разочарав уште летоска, ептен на јаткасто ми удираат, cocoa butter од тестер што го пробав врска ми немаше со какао. Ништо, ќе ги бојкотирам и јас очигледно на подолг период. Ептен ме разочараа, кај не се баш ефтини па, уште и на тестери штедат.
Значи имале такви и тоа со форма, а на штанд секад коа сум идела да мириснам спреј или парфем, најобични ливчиња даваат. Ама удриле на штедење овие, опасни се И друга забелешка, да сакаш да си го пробаш на кожа мирисот, идеш прскаш, овие одма трчаат по тебе со тие хартивчињата и ти прскаат на нив Незгодно ми е да пробувам поради ова..