Ej, зошто не е достапен на веб Lord of Misrule? Сега пробав тестер и преубав мирис има!!! Баш ми мириса онака како што ми мириса кога ќе поминам покрај штанд/продавница на LUSH.
Најискрено, имам 3 спрејови од Лаш, траат со денови и месеци ама не можам да си погодам спреј за жива глава. Оној Honey I Washed The Kids, ми се слошува во буквална смисла на зборот, исто и тој Let The Good Days Roll нешто така се викаше, абе тепа на благо не можам и си велам ај ќе купам некој свеж може ќе ми се погоди, го купив BIG тој пак ме отепа на етерични уља, не ми се погодуваат. Ама работиве за коса им се топ значи исто и купките, за тоа немам замерка, каква ми ја прават косата и колку се задржува мирисот на телото после бањање е невероватно. Ама ете , со спрејовите имам проблем, ако знаете некој така прифатлив кажете ми, ќе дадам и 4та шанса.
Па тоа се зависи од вкус до вкус, мене LTGTR ми е многу убав е сега исто интересен мирис има twilight ама да го пробаш таму а не на слепо да го нарачаш зошто може тебе нема да ти се допадне. Avocado co wash исто го кажуваат за свеж.
Ги качиле цените на спрејовите за 100 ка.. ЛТГТР и уште некој не го покачиле само. Далеку од свеж, далеку.. Го мириснав скоро, сѐ само свеж не бил. Многу чуден мирис, не ми се допадна воопшто. Јак не ми беше, туку само чуден, мирис кој никако не би сакала да го користам. Не е за порачување на слепо дефинитивно.
Ќе чекам пак догодина за нарачување да видам што ќе биде на попуст. Имам 5 спреја што ги ротирам, таман да ми потраат до крај на годинава. Можно е една-две работи да купам од новите колекции што доаѓаат, да искористам 10% ваучерот, инаку... доста беше лупање пари. А цените само ќе им се качуваат, за жал.
Затоа што живееме во ера на онлајн-пазарување? Затоа што немаме нивни штанд во градот кај што живеам? Друго?
Мислам дека им е потрошен веќе, ко да не го видов вчера на штанд. Го имаат парфемот, ако ти се даваат 2000 за 30мл. Иначе стварно е супер спрејот, мене многу ми се допаѓа LOM уште одамна, може би го земала и парфемот понатаму, тој им е мислам преку цела година. Unrelated, јас сега си го земав Happy Happy Joy Joy регенераторот, ми го дадоа последен пат како тестер со нарачка и баш ми се допадна. Туку, го прашувам девојчето таму дали го имаат Dirty парфемот од 30мл (што чини 1500 ден), ми вика не, достапен бил само тој од 100мл што е 3000 ден. И искрено не бев сигурна дали ми се даваат околу 4000 денари на Лаш во моментот заедно со регенераторот, и тука другото девојче се подаде и вика може ли нешто да кажам, јас го користам Dirty спрејот, ептен ми се свиѓа, ист е ко парфемот, долго трае, зошто не си го земеш спрејот - многу поекономична варијанта ти е, 200мл за 1500 ден ко да ми кажа (денес гледам на страната, 1900 денари го направиле ). Другово девојче кога и упати еден поглед, ко работава ти нормална ли си, и почнува тука да ми збори како пошто бил спреј за тело и ќе фатиш да се прскаш многу почесто сегде, брзо ќе се потрошел, помала концентрација на мириси имал, може пократко ќе траел. Јас секако не сакав да го земам спрејот, ама не сакав ни да дадам 3000 за парфемот. И многу ми се интересни одредени Лаш девојчиња, има некои стварно фини, ама и некои што за процент/бонус ќе фатат да те убедуваат одоколу, дури на крај кога си отидов само со регенераторот, побарав два тестери и немав да платам со поситно, ми направи некоја фаца незадоволна мислиш крива сум што не сум направила промет од 5000...