Во случај на машко дете во православна фамилија не се ни става на маса прашањето дали да му се направи сунет или не, освен ако нема медицински причини. Ете за тоа пишуваме во темава во случај на мешани бракови каде претежно мажот е муслиман, исто како во случајот за кој си пишала. се наметнува сунетот и воопшто дискусија за сунет од верски причини па се оди кај уролог и се врши.
Скрос обратно размислување од моето. Ако си хардкор верник, не би требало да имаш ваков став. Сите религии не учат на љубов и слога, а не делба. Никој не е подобар од другиот. Тие што се во ваков брак или врска се гледаат меѓусебно како луѓе, без етикетата религија. Има и такви што по своја волја си менуваат вера. Викаш, штом го прават сунет, се знае по кој пат ќе оди. Тогаш, јас како крстена во црква треба да продолжам да живеам како таква? И не прават сите такви забави, си одат на уролог, мала интервенција од неколку минути детето нема ни да се сеќава понатаму. Само ќе биде поштедено од спб. Сите сме исти од крв и месо. 21ви век е бе. Јас ваквите ги сметам за ограничени и нечитани луѓе.
Инфекциите се ретки. За да се заштитиш од болести ќе практикуваш сигурен секс. Полесна хигиена. Е јеби га ако не се тушираш редовно ќе имаш проблем. Канцер на матка, кој и да го спомна претходно, е невозможно, канцер не се фаќа туку така. Сега знаеш има и обрежување на вагина, со што се олеснува одржување на хигиена и намалување на инфекција. Кој е процентот на луѓе што го прават ова ? Или тоа е мутирање на полов орган, а ова не ?
Употребата на циркумцизијата од медицински или здравствени причини е прашање кое продолжува да се дебатира, ама дека е намален ризикот за инфекции, намален е. Сигурен секс? Ти секогаш ли користиш кондом? Ни растат и умници, па многу ги вадат зашто им прават проблем.
Тоа го дискутираме, ако има потреба од здравствени причини тогаш е ок да се направи. Не секогаш практикувам сигурен секс, ама обрежување сигурно нема да ме заштити.
Твое право е да ме сметаш за неначитана, ограничена, па и проста, и не се лутам, ама тоа е мојот став. Точно е дека религиите учат на љубов, ама во мојот свет во љубовта постојат граници, а тоа се религиските разлики и пречки, не терам никој на сила да мисли и постапува како мене. Правете си како сакате, само дадов мое мислење, имам право на тоа колку и да звучам сурово или ограничено. Слободно оди си по твојот пат, ако сметаш дека иако си крстена не треба да одиш по патот кој ти го трасирала црквата и христијанството, океј е, која сум јас насила да те одвраќам од тоа
Шо ако е 21ви век, треба сите да сакаме да бидиме во мешани бракови ? Има голема разлика помеѓу ограничен човек, нечитан и да имаш свој став и мислење. Веков почнавте во се да го мешате, како оправдување, па ајде 21ви век сме еее. Не значи дека сите треба да имаме исти размислувања. Кој шо сака нека си има мешан брак, тој шо не сакам нема да има и тоа не го прави ни нечитан ни ограничен
Леле @Stache што збориш? Ај што е оф топик муабетов, ама сериозно, споредуваш осакатување од субсахарска африка со цел објектификација на жена, со интервенција која во Сад се изведува априори од здравствени причини? Верските аспекти настрана. Да не беше оф топик муабетов ќе плеснев некое видео да се едуцираш, колку се споредливи работиве, ама голем си, имаш гугл.
Секој нека си живее како сака, не ви одговара не се ставајте во таква позиција и толку. А, што сте ограничени, ограничени сте. Ако имавте прочитано мааалку повеќе ќе имавте многу поразличен став.
Во љубовта не постојат граници, во вашиот ум се границите, не ја навредувај љубовта, да знаеш каква сила е љубовта нема со вакви епитети да ја опишуваш, ама не знаеш
Ако го прочиташ одговорот ќе сфатиш дека споредбата ја направив од аспект на мутација на полови органи. "интервенција која во Сад се изведува априори од здравствени причини" - ова веќе не е точно, од пред некое време. Сите што не го делат мислењето со тебе ги сметаш за затуцани. Сега си засегната и сме затуцани, во друга ситуација истото не би било случај. Srecen ден.
Ако се изведува од здравствени причини, нека се изведува од тие причини. Непотребно сечење на детско тело за каприци, обичаи и глупости е сѐ освен современост. Против мешани бракови немам ништо, имам против правење такви глупоштини на деца.
Сакате еден хинт Може нема да ви се верува ама нема да сте наградени повеќе ако мразите се што не е ваша религија. Господ не сака мразачи. Најлесно е со некој од иста религија, зошто да се трудам да растам, да си ги проширувам моите граници и видувања, зошто да се предизвикувам, зошто да се соочувам со моите комплекси кога можам да седам во мојата комфорна зона колку и да е закоравена. Постојат луѓе што на дело ви докажуваат дека ваквите врски функционираат, и тоа функционираат јако, ама тоа е, не секој сака да мрдне од мртва точка
А зошто не го седнат и едуцираат детето како се закачува спб, место да му го крцнат малото патлаче? Видете, мене лично ми е скроз ок ако жената е скроз ок со обредот од било кои причини, ама не чини кога мажот инсистира и го наметнува истото што е во најголем број случаи. Сте си ебале матер ако спб ви е сламчето за кое се држите за да оправдате верски обред кој се изведува со нож.
Никој не оспори дека функционираат некако. Јас лично на членката која ме удави за сунет во тема мешан брак и посакав секое добро. Само ние што не би влегле во мешан брак си изразуваме лично мислење. Јас лично немам против ете пример ти или друга членка да си имате функционален мешан брак. Но потенцираме неколку членки на оваа тема кога мажот е муслиман дека жената некако прави поголем компромис со тоа што повеќе се потчинува и прифаќа повеќе негови верски убедувања и обележја. Барем јас за оваа појава пишувам од видени лични примери.