Ама зошто да биде потисната едната страна, не е доволно своето да си го славиш а туѓото да го почитуваш? Не мора да значи дека разликите во практицирањето на религиите ќе ствараат проблеми,на крај на денот каков е тој брак ако нема компромиси меѓу партнерите? А што се однесува за деца, е тука се сложувам дека е малку заебано но пак ќе кажам дека со компромис и меѓусебно разбирање може да се реши све, доколку се има желба за тоа секако. Доколку секој си ја тера водата накај својата воденица налет таков брак тогаш,пиши пропало.
Еве конкретно јас сум атеист маж ми е верник, јас направив венчавка зошто нему му беше ќејф и ми е мило шо му го исполнив тоа, тој знае дека тоа мене ништо не ми значи , ги знае мојте ставови за религијата, а деца здравје ко ке имаме не ми е проблем да се напрајт крштевка исто како шо се согласив на венчавка, сепак кај нас е тоа како еден вид и традиција... е сега детето ќе го учиме секој по свое а во што ќе вервит или не вервит то ќе си е негов избор кога ќе е возрасен и свесен за тие работи ништо немат да му бидит наметнувано туку укажувано. Аа маж ми бракот со мене го гледа како предизвик, искушение... сепак тој не е фанатик, разумен е има и свој став за нештата