Имате ли некои трикови за шминката да ви трае подолго, или карминот да ви трае подолго, или црниот молив да си остане на место, и сл. ? Еве на пример, јас над црното моливче ставам црна matte сенка, па цел ден немам проблем ! а кога сакам да користам сини сенки, користам син молив, па сенките над тоа (исто како и со црниот молив) а кога сакам некои посветли бои повеќе да се изразуваат, користам бело моливче, па сенките после, и супер изгледа, и трае подолго сјајите за усни ги мешам, па секогаш имам нешто ново да покажам тоа беа отприлика неколку мои трикови, се надевам дека беа корисни, ај кажете и вие, доколку не е тајна, секако
Јас знам само едно трикче, мајка ми го кажа...ако малку ви е сувичка маскарата а во моментот немате друга, малку помадичка (бекутан на пр.) брцнете со четката и промешкајте, ќе стане потечна маскарата колку да заврши работа, а потоа трк по нова
Ако карминот ви е премногу сјаен над него со прст на кој имате пудра во прав или пак со руменило тапкајте дур не се изгуби сјајот. Ова и на друго место го спомнав- ако немате руменило пуслужете се со камена пудра која е малку потемна од вашиот тен.
За стои подолго време карминот,пред да го нанесете ,усните намачкајте ги со течна пудра Ако сакате визуелно да ги зголемите усните ,со моливче за усни исцртајте ги надвор од рабовите.Ако сакате да ги намалите под самиот раб
Ако сакате мазно лице, а имате многу недостатоци можете да си играте со коректор За црвените, одвратни мозолчиња-покријте со зелен течен коректор а врз тоа нанесете пудра. За темните подочници- Нанесете жолт коректор, тој ќе ја неутррализира виолетовата. За црвенилото- Исто така користете жолт коректор, во прав. Spoiler еве неколку трикчиња што јас си ги користам.
феминчина за маскарата да се приклучам и јас кон лолита ако е сува јас знам со една две капки млеко,во неа се капнува ама бре жени сме ние ова е алтернатива за еднаш ако немаш во моментото инаку кај сни можеле ние жеништава со вакви чуда се знај маскара пресна си е маскара на место
За подобро креонот да се нанесе, прво ќе го стоплите на вашата рака со благо нанесување се додека се нанесува брзо и мазно.
Ако немате руменило што ви одговара на карминот, може да се послужите со карминот и да го користите како крем руменило. Супер испаѓа. Само не директно од тубата врз образите ( ), туку намачкајте повеќе кармин на едната дланка, со прст од другата рака земајте по малку од тука и нежно размачкувајте на образите.
Ах сега се сетив на финтата на мајка ми. Цел живот вака става креонче секој ден од средношколски денови. Со упаљач само за секунда пушта огинче на моливчето и тоа омекнува и пушта многу црнило и не се размачкува. Секако ќе почекаш неколку секунди пред да го ставиш креонот случајно да не се изгориш. И јас чат пат така користам, супер е и поголемо црнило пушта креончето. А знам дека со ставање на туш на очите се намалуваат очите, додека со ставање на бело креонче на долниот капак се зголемуваат. А она со карминот за да стои подолго да се стави пудра мене не ми се допаѓа. Зашто така многу брзо ми се собира како бело на крајот од усната. И секогаш пред да ставам кармин или сјај со тоалетна ја бришам устата
Ај објасни поубаво те молам, не знам дали добро разбрав...топла водичка во канче, потоа тубичката и колку време да стои така, колку топла вода? Потоа одма да ја фрлам тубата или Однапред фала
Врела вода,вриена,што знам,врела да е,така затворена маскарата повеќе од половина да ја фаќа,ќе ја ставиш некоја мин.еве нека се 5 и течна е.Таа ќе биде таква,уште некое време,не мислев да ја фрлиш,туку да не повторуваш постапката пак,затоа што секако не е пожелно,бактерии,инфекции,погодна почва им е.
истото можњ и со сјајот ми текна уште овој трик но само не заборавајте да го тргнете тоа горе што е, со нож, само внимателно, ок За поубаво да сватите, еве ви линк http://www.youtube.com/watch?v=poBgTkYsUvI
хммм јас знам еден трикк.. пред да нанесете карминн..ставете камена пудра на устата, потоа ставете го карминот и на крајот малку сјајј..ќе трае цела вечерр..и плус устата изгледа поголема ..Поздрав
По чупањето на вегите, шприцнете малку лак за коса на нив и обликувајте ги со прстот како сакате. Така ќе го задржат обликот подолго време Не мора само после чупање, туку секогаш кога ќе видите дека има потреба од тоа.
Повеќето кои ги знам се веќе споменати, па јас ќе ви кажам еден во врска со руменилото. Се случува на четката за руменилото да се прилепи повеќе руменило од потребното. За да го отстраните вишокот поминете еднаш со четката врз салфетка или палома
За поиспакнати усни (Fuller Lips) одкако ќе го нанесете карминот или сјајот, земете коректер и околу устата направете линија(што поблиску до устата тоа поубаво) ... потоа со прст ќе го размачкате нежно и ќе имате поиспакнати усни
Во однос на чупањето - поминете ги веѓите со топла вода пред да ги чупате бидејќи од топлото се отвараат порите и нема толку да биде болно чупањето