1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Make-up трикови

Дискусија во 'Лице' започната од Rock-a-Fella, 19 април 2011.

  1. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Имате ли некои трикови за шминката да ви трае подолго, или карминот да ви трае подолго, или црниот молив да си остане на место, и сл. ?
    Еве на пример, јас над црното моливче ставам црна matte сенка, па цел ден немам проблем ! 8)
    а кога сакам да користам сини сенки, користам син молив, па сенките над тоа (исто како и со црниот молив)
    а кога сакам некои посветли бои повеќе да се изразуваат, користам бело моливче, па сенките после, и супер изгледа, и трае подолго :angel:
    сјајите за усни ги мешам, па секогаш имам нешто ново да покажам :P
    тоа беа отприлика неколку мои трикови, се надевам дека беа корисни, ај кажете и вие, доколку не е тајна, секако :P
     
    На Quuen, eloves, Chocolate.me и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас знам само едно трикче, мајка ми го кажа...ако малку ви е сувичка маскарата а во моментот немате друга, малку помадичка (бекутан на пр.) брцнете со четката и промешкајте, ќе стане потечна маскарата колку да заврши работа, а потоа трк по нова :lol:
     
    На Quuen, Jenniffer, FeminkaDoKraj и 2 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Ако карминот ви е премногу сјаен над него со прст на кој имате пудра во прав или пак со руменило тапкајте дур не се изгуби сјајот.
    Ова и на друго место го спомнав- ако немате руменило пуслужете се со камена пудра која е малку потемна од вашиот тен.
     
    На Jenniffer, Cloee и Neytiri им се допаѓа ова.
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    За стои подолго време карминот,пред да го нанесете ,усните намачкајте ги со течна пудра :)

    Ако сакате визуелно да ги зголемите усните ,со моливче за усни исцртајте ги надвор од рабовите.Ако сакате да ги намалите под самиот раб :wasntme:
     
    На Jenniffer и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Ако сакате мазно лице, а имате многу недостатоци можете да си играте со коректор ;)

    За црвените, одвратни мозолчиња-покријте со зелен течен коректор а врз тоа нанесете пудра.
    За темните подочници- Нанесете жолт коректор, тој ќе ја неутррализира виолетовата.
    За црвенилото- Исто така користете жолт коректор, во прав. :)

    еве неколку трикчиња што јас си ги користам. :lol:
     
    На Quuen, Chocolate.me и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  6. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    феминчина за маскарата да се приклучам и јас кон лолита ако е сува јас знам со една две капки млеко,во неа се капнува ама бре жени сме ние ова е алтернатива за еднаш ако немаш во моментото инаку кај сни можеле ние жеништава со вакви чуда се знај маскара пресна си е маскара на место :lol:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ако ви се засуши лакот за нокти сипете му малку ацетон. Или отстранувач на лак за нокти СО ацетон.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    За подобро креонот да се нанесе, прво ќе го стоплите на вашата рака со благо нанесување се додека се нанесува брзо и мазно.
     
    На Jenniffer и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ако немате руменило што ви одговара на карминот, може да се послужите со карминот и да го користите како крем руменило. Супер испаѓа. :!:
    Само не директно од тубата врз образите ( :D ), туку намачкајте повеќе кармин на едната дланка, со прст од другата рака земајте по малку од тука и нежно размачкувајте на образите.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Алтернатива за засушена маскара,ставете ја тубата во врела вода.Повеќе од еднаш вака,не.
     
    На aceee99, Jenniffer, Elen.b и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ах сега се сетив на финтата на мајка ми. Цел живот вака става креонче секој ден од средношколски денови.
    Со упаљач само за секунда пушта огинче на моливчето и тоа омекнува и пушта многу црнило и не се размачкува. Секако ќе почекаш неколку секунди пред да го ставиш креонот случајно да не се изгориш. И јас чат пат така користам, супер е и поголемо црнило пушта креончето.

    А знам дека со ставање на туш на очите се намалуваат очите, додека со ставање на бело креонче на долниот капак се зголемуваат.

    А она со карминот за да стои подолго да се стави пудра мене не ми се допаѓа. Зашто така многу брзо ми се собира како бело на крајот од усната. И секогаш пред да ставам кармин или сјај со тоалетна ја бришам устата :)
     
    На aceee99, Jenniffer, Elen.b и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ај објасни поубаво те молам, не знам дали добро разбрав...топла водичка во канче, потоа тубичката и колку време да стои така, колку топла вода? Потоа одма да ја фрлам тубата или :?:
    Однапред фала :)
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Врела вода,вриена,што знам,врела да е,така затворена маскарата повеќе од половина да ја фаќа,ќе ја ставиш некоја мин.еве нека се 5 и течна е.Таа ќе биде таква,уште некое време,не мислев да ја фрлиш,туку да не повторуваш постапката пак,затоа што секако не е пожелно,бактерии,инфекции,погодна почва им е.
     
    На lolyta777 и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    ugh :puke: мразам кога тоа бело нешто ке се појавии ;(
    некој трик за тоа? (освен користење на балсам)
     
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    истото можњ и со сјајот :D
    ми текна уште овој трик :P
    но само не заборавајте да го тргнете тоа горе што е, со нож, само внимателно, ок :$

    За поубаво да сватите, еве ви линк :D

    http://www.youtube.com/watch?v=poBgTkYsUvI
     
    На Elen.b му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    хммм јас знам еден трикк.. пред да нанесете карминн..ставете камена пудра на устата, потоа ставете го карминот и на крајот малку сјајј..ќе трае цела вечерр..и плус устата изгледа поголема :D ..Поздрав
     
    На easyyyyy и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  17. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    По чупањето на вегите, шприцнете малку лак за коса на нив и обликувајте ги со прстот како сакате.
    Така ќе го задржат обликот подолго време ;)
    Не мора само после чупање, туку секогаш кога ќе видите дека има потреба од тоа.
     
    На PinkPanterka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Повеќето кои ги знам се веќе споменати, па јас ќе ви кажам еден во врска со руменилото.
    Се случува на четката за руменилото да се прилепи повеќе руменило од потребното. За да го отстраните вишокот поминете еднаш со четката врз салфетка или палома :)
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    За поиспакнати усни (Fuller Lips) одкако ќе го нанесете карминот или сјајот, земете коректер и околу устата направете линија(што поблиску до устата тоа поубаво) ... потоа со прст ќе го размачкате нежно и ќе имате поиспакнати усни :)
     
    На Jenniffer и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Во однос на чупањето - поминете ги веѓите со топла вода пред да ги чупате бидејќи од топлото се отвараат порите и нема толку да биде болно чупањето :)
     
    На Quuen, ColoursOfTheRainbow, Jenniffer и 6 други им се допаѓа ова.