Забележав дека не постои тема за MUR, а постојано се дискутира за нивните производи, така што решив да отворам за да споделуваме мислења. Makeup Revolition е британска компанија која е препознатлива по солидниот квалитет на производите по ниски цени. Не тестираат на животни и дел од асортиманот им е вегански. Ова е нивната страна и вршат испорака до Македонија. Шипингот чини 3,95 евра или е бесплатен за порачки над 45 евра. Со порачката се добива тракинг бројче за следење на пратката преку TRAKPAK, а оттаму го има локалниот тракинг број преку кој на страната на Македонска Пошта може да се следи пратката. Последни производи што ги порачав (и ги користам) се палетата со хајлајтери, руменила, контури/бронзери која чинеше 6,5 евра и беше жално да не се порача. Сите нијанси се пигментирани и лесни за манипулирање. Исто така сум презадоволна од коректорот Conceal and define кој не за џабе е hyped производ (една членка ме замоли да напишам впечатоци, ама никако не можам да го најдам постот за да ја означам). Премногу истражував за да си ја погодам нијансата и за среќа точно ја погодив. Има висока покривност и не се споредува со Катрис/Аура/Буржоа во покривноста и трајноста. Го користам кога имам фул мејкап за да ги покријам подочниците и ми дава свежина на целокупниот изглед. Кога се брзам или ме мрзи да се шминкам, а ми треба нешто за да ги покријам акните и флеките, без да користам пудра, коректорот е одлична замена. Имам масна кожа и со фиксатор и малку камена пудра стои по 5 часа (само толку сум го носела), исто како што сум го нанела на почеток. Од оваа линија на коректори произлезе течна пудра за која не се сомневам дека отстапува од квалитетот на коректорите.
До сега лафевме кај Голден Роуз, мило ми е што има своја тема, заслужува Имам неколку производи. Тие што се постари... не се баш добри. Тука спаѓаат: палетите Flawless и Flawless Matte, Bronzed, Ultra Bronzer-от, итн. Од поновиве работи, лудило добри се палетите на Софи (првата, екстра спајс и хајлајтерите). Пре пре предобри палети. Банана пудрата е добра. Кармините на Софи се меки, сјајни, мене ми се убави. Од про линијата ја имам Trends Mischeif Mattes, за мене e hit&miss, некои се предобри сенки, некои не баш. Коректорот што е dupe на Tarte го имам, мене ми е преубав, планирам и пудрата да ја нарачам. Во план ми е палетата на Тами, glitter палетите, лепакот за светки и glitter bombs Покасно ако можам ќе прикачам swatches од палетите кои ги користам
@sorbet, јас те замолив за кратка рецензија на conceal & define коректорот уште кога видов дека си го земала, па фала ти за ова, уште повеќе сум сега решена да го земам и да му дадам шанса Само, откриј ми ја тајната како си ја погоди на тепка нијансата, оти се скапав долго време разгледувајќи видеа и swatches и се двоумам меѓу 3-4, можеби и 5 нијанси *** Општо на темава, Makeup Revolution ми се еден од омилените дрогериски брендови. Порано формулата на сенките им беше малку полоша, беа побледи и потешко се блендаа, но во последно време стануваат сè подобри и подобри во формулите на сите производи. Нудат одличен квалитет по пристапни цени, а со огромниот избор на нијанси и производи сигурно ќе се најде по нешто за сечиј вкус
@MagsDestiny фала што ми посочи дека беше ти, навистина не можев да го пронајдам постот низ темите. Мојата нијанса е С2, барав swatches меѓу останати коректори и пудри за да си ја погодам нијансата. На BeautyBay кога ќе кликнеш на нијансата пишува за каков подтон е наменета, па потоа барав компарации на коректори кои се достапни кај нас со овој и на крај успеав да си ја најдам нијансата.
На нивната страна има исто убаво објаснето. Инаку сите производи ми се директно ид кај нив, немам никаква поплака Еднаш не платив ништо, еднаш 120 денари бидејќи беше потежок пакет.
Едвај чекам на дневен ред да дојде една палета од МУР, нема лошо да ми легне. Ќе гледам од поновите некоја, ќе следи слика во сенка за очи, а и овде ќе пишам како сум задоволна.
Може да порачувате од нивната официјална страна? Јас пробав и никако не можев да направам порачка... не знам во што е проблемот...
Исто и јас имам проблем , неможам да порачам пробав и со две картички исто пишува незнам до што е проблемот , а многу сакам да си порачам
@beautys20 @blondegirl95 пробајте преку PayPal. Двете порачки не ми ги прифаќаше сајтот преку стандардно внесување цифри од картичката, но преку ПејПал успеав да направам порачка.