Имате ли МП3/4 (каков модел) и што песни имате на него... Ако има ваква тема(но не сретнав) може слободно да се избрише Јас да почнам,јас имам МП3 Sweex го купив пред 2-3 години,од Македонија 1800 денара(доста евтино) и имам околу 130 песни.Постојано го носам со мене...и сега ми е за пунење
Јас имам МП3, го купив пред едно 4-5 години. Неам поим колку пари беше, ама не беше скап. А незнам ни колкава му е меморијата. Еве, го скенирав, дека неможев да најдам слика на нет. Како што гледате.. „многу“ е сочуван, и ич не е чукан.
Имав на времето и едно 10 ги сменив брзо се расипуваа се кршеа слушалките брзо ми цркнуваа....сега си слушам музика на мобилен имам негде околу 100-на песни
Имам потполно ист. А имам и уште еден, со поголема меморија, потенок е. Само што не ми текнува како се викаше. Не можам да го барам за да видам
Лани купив едно МП4-че... мислам таа бугарската фирма НЕО беше... Абре.. го откостив бре луѓе.. влечејќи го ваму-таму,овде - онде..го израсипав.. 3 пати на сервис го носев ..не го купив некои скапи пари па не очекував да биде којзнае колку квалитетно.. Собираше околу 800 песни .. убав звук имаше..ама не ми беше којзнае колку практично Па и тоа чудото сегде го носев.. и телефон плус.. некако многу ствари ми беа.. Ќе требаше или којзнае колку да ги преполнувам џебовите или ташна да си носам .. Така да оваа година решив да купам некој си покомпактен мобилен телефон .. па фино лепо да спаковам све у едно
Имам mp4 и mp3 се разбира повеќе ја користам 4 околу 200 песнички на него Црн модел со розово Спојлер ме мрзе сега да барам слика
Oд што е смотано моето не можам ни слика да најдам. Имам и често го земам со мене, на факултет посебно, барем нешто убаво да послушам додека сум таму. Обично ставам песни кои ми се актуелни у моментот, ама и не мора да значи имам некои што редовно се наоѓаат на мп3. Спојлер Една од редовните е Anna Molly - Incubus, и неколку од Placebo... Ама никогаш немам повеќе од 20 песни, баш како што кажав смотан е моделот и многу треба за да смениш на некоја песна конкретно.