Oculus е Американски психолошки-натприроден хорор. Искрено има некои работи што не ги сфатив, имаше прејаки сцени, убаво филмче се на се. Го имате гледано? Мислење за филмот? Имам некои дилеми, не сфатив на крајот Spoiler он ја уби сестра му или огледалото? Или огледалото имаше клетва?
Во текот на филмот сегашноста и минатото се прелеваа во една временска рамка. Токму поради тоа е филмот така конфузен, што на моменти се губиш во самата содржина. Инаку, во самиот тек она што може да се забележи е дека братот и сестрата страдаат од илузии кои се предизвикани од проклетството на огледалото. Затоа и на крајот Spoiler братот не ја гледа сестрата кога го повлекува кабелот кој ќе ја убие. Дури откако го прави тоа се враќа во реалноста и сфаќа дека го сторил тоа.
На почетокот ми беше добар, потоа изгубив тек и не можев да го сфатам, затоа и се разочарав од крајот.