1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Pin up

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 2 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    [​IMG]
    Дали ви се допаѓа овој стил? Кај нас во Македонија не сум видела девојка која го негува, но во странство има девојки љубителки на Pin up-от.
    Се карактеризираат со витиџ облека, старомодни фризури, многу црвена боја, посебно јака шминка со црн алајнер обавезно и јаки црвени усни, а пред се истакнување на сексипилот, еротиката и женственоста на една девојка и скоро секогаш се тоа девојки со облини.
    Модна икона на денешницата која го негува овој стил е Dita von Teese.
    Но има и многу други девојки. Еве и една блогерка која ме инспирира за темава. http://iddavanmunster.tumblr.com/
    Ќе препознаете и многу други девојки кои го сакаат стилов од Кети Пери, Кристина Агилера, Кет Вон Д и др.
    Освен како стил се појавува во вид на слики, тетоважи, стрипови, дури и уметнички дела.

    Eве слики од Pin up девојки
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Нивната шминка
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Винтиџ Pin up фотографии
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И да не ја заборавиме една од најпознатите девојки со овој стил, Мерлин Монро.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Уф има многу многу да се збори за стилов или подобро ќе речам ова е една култура на живеење :)
     
    На Anja98, tinkerbelll, MarchelineAmaru и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа, и мн ме потсеќа на стилот на Америка во времето помеѓу двете светски војни.
    Најмногу ме потсеќа на тие постери-[​IMG]
    За мене тое пресатавува стил нa самоуверни силни жени, жени од кои зрачи сексипил и страст. Некако како секс револуција. колку се негува денес незнам и колку девојќи го практикуваат но мене ми се допаѓа и ги сакам старите добри трендови.
    Во серијата mad man глувмицава така ми имаше пин уп стил
    [​IMG]
    сега не можам да најдам конкретни фотографии но сепак само за престава за која се работи 8)
     
    На BonBonn, Princess.S и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Мене лично како стил ми се допаѓа. Често знам да се нашминкам како овие девојки, да ставам туш на горните капаци и сето тоа да го разбијам со црвен кармин. Облеката ниту пак фризурата не се мој стил и не би ги применувала, бидејќи во нашава земја би изгледала како луда ! :D Овие девојки ме потсетуваат на старите американски филмови...


    Убаво што ти текнало росонерка да отвориш ваква тема :*
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Pin up стилот ми се допаѓа многу :D особено црвените усни и црниот ајлајнер
     

    Прикачени фајлови:

    • candy4_thumb.jpg
      candy4_thumb.jpg
      Големина на фајлот:
      17,8 KB
      Прегледи:
      1.466
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    Омилен стил на шминкање ми е. Ми делува елегантно, префинето, многу моќно и совршено.
    Во модерна варијанта ми е интересен кога црвениот кармин е заменет со некоја друга јака боја.
    Ваква шминка може да си дозволи секоја девојка во специјална пригода на едноставна елегантна гардероба, додека за да се негува како стил на облека треба посебен карактер.
    Во моето секојдневие не сум видела девојка што негува пин ап стил.

    Блогерката што ја постира Росоњерка е прекрасна. Шминката и’ дава некоја класична убавина, ко од црно-бел филм.
     
    На MarchelineAmaru, unique123, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Мене ме потсеќаат на девојките во цртаните на johny bravo
    [​IMG]
    [​IMG]
    Убав е стилот ако знаеш како да го негуваш. Не е толку застапен кај нас, но ми се допаѓа.
    Шминката е убава, делува едноставно, елегантно и убаво. :lol:
    Интересно стои :)

    Единствено не ми се допаѓаат фризурите. Испревртените шишки воопшто не ми делуваат убаво.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ми се допаѓа стилот, многу ми е убав за око.
    Шминката е доведена до совршенство, моите две омилени работи - црн туш и црвен кармин.
    Блед тен и слабо нагласено руменило, а сепак присутно.

    Фризурите ми се малку статични, посебно оние со шишката вовлечена во облик на тулумба напред. :lol:
    Со мала модификација, стилов може убаво да помине и денеска, во сегашни услови.

    Ми се допаѓаат и кроевите на облеката, точкастите принтови, а бисерите.... срцето ми игра од среќа кога ќе ги видат вметнати во нечиј аутфит. ^_^

    Modern pin up
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Кристина Агилера беше прекрасна во спотот на Candyman.
    [​IMG]

    Дита Фон Тис знае најубаво што прави.
    :)
     
    На MarchelineAmaru, kate21 и rossonerka им се допаѓа ова.
  8. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Не секој може да го изведе овој стил. Мене лично многу ми се допаѓа. Изгледа софистицирано, префинето, елегантно, секси и моќно во исто време. Можам да се замислам во овој pin up стил, секако доколку се тоа е правилно искомбинирано и претставено на соодветно место :)
    И го разгледував блогот на девојкава Ида и стварно е прекрасна и одговара и знае како да го носи.
    Јас би направила некоја ваква комбинација :D
    [​IMG]
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Даа, кај нас е премногу мал бројот на девојки кои го негуваат а пред се и ЦЕНАТ пин ап стилот.. ;)
     

    Прикачени фајлови:

  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Супер коментари, баш ми е мило што ви се допаѓа. Специфични се цуркиве, перфектна шминка, и истакнување на сексипилот до максимум и притоа тоа да изгледа еротично но не и вулгарно.

    Се сетив на една пин ап икона.
    Бети Буб 8)
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    И да пин ап костимите за капење, сигурно ги знаете :)
    Точкици, шаркици, најчесто едноделни, големи груди со пуш ап у преден план и наравно цвет у коса .
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И секако високи гаќи, кај нас попознати како мидерчиња. :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    ми се допаѓа стилот многу но според мене за да го носиш овој стил е потребно да имаш
    1. добар тен -бел или млечнобел
    2. пропорционално лице
    3. тело во форма на песочен часовник
    според мене ова е една од причините зошто само мал број на луге го носат(практикуваат)
     
    На Black.Beauty, Phyramide, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ми се допаѓа пин-ап стилот, покрај интересната шминка, која според мене не стои на сечие лице (на девојка со остри црти не би и стоел толку убаво таков вид на шминка, сепак треба да биде слатка, бејбифејс, а сепак женствена), многу ми се допаѓаат крупните кадрици.

    Ми делува куклински, неодоливо, јас до пред некое време не се одделував од ајлајнерот, драматичните трепки и неизбежниот црвен кармин, само во мојот случај тоа го комбинирав со класична боб фризура во изразено црна боја.

    Инаку, иако е и фетиш модел, мене премногу ми се допаѓа Масуими Макс. Дава нова димензија на пин-апот, особено со тетоважите, полните усни и заводливите облини.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru и rossonerka им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Многу убав стил за око, делува отмено и дамски.
    Точно дека кај нас нема девојки што го негуваат, онака баш во право светло, комплетен аутфит и шминка. А мислам дека е тоа сосема разбирливо и е во ред, од причина што ова не може на секој да му стои, а и парчињата облека не се баш лесно достапни.
    Што се однесува до фризурите, смешни ми се. Ама затоа пак, шминката од секогаш ми била инспирација и токму од ваквите стари слики добив желба да се шминкам со туш. Како што кажа и Ливинг, оваа шминка и денес многу ја практикуваме, ги истакнува најбитните моменти на женското лице, очите и усните, а нивната убавина е безвременска.
     
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Мене ми се допаѓа стилов.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Посебно модерниот :)
     
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Според мене потребно е да имаш одреден лик за негување на овој изглед. Облеката може да се купи, но лицето потешко. Треба да имаш прилично крупни очи со топчеста форма, за разлика од косите очи или долгнавестите,како моите. Усните исто така се битни, но сепак лесно можат да се трансформираат. Преферирам големи но не многу полни усни кај пин-ап девојка. Тенот е многу важен фактор, треба да е чист, светол тен. Шминката не може многу да го долови овој тен, бидејќи како и да е, телото ќе е темно.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.122
    Јас лично не би го негувала, ама кај други ми е ок. Не дека воопшто го нема кај нас, само модернизиран.
    Јас имам колешка што го негува. Не дека се облекува само така, има многу гардероба и сака различни стилови, ама си го сака, и неа многу убаво и прилега. А шминката речиси секогаш и е ваква.
     
  17. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Јас прв пат слушам дека ова стил се вика вака.Али нема врска.Главно ми се допаѓа,посебно шминката.Али ни би се носела вака(освен шминката).А премногу ми е женствен,секси и привлечен.
     
  18. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Интересен стил. Кај нас дефинитивно не е застапен, можеби само некое парче облека но не целосно. Многу ми се допаѓа шминката, изгледа женствено и со неа е истакнато се што треба да биде истакнато. Само фризурите се безврска.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Мене ми се допаѓа стилов, делува елегантно и интересно. Секако дека не е за било кој да го носи, познавам неколку девојки на кои им стои добро, а некои па изгледаат смешно. Треба внимателно да се комбинира и да се обрне внимание на се...
    Шминката посебно ми се допаѓа, и јас на пример често се шминкам слично, со црвен кармин и туш. :)
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ми се допаѓа овој стил, ми се допаѓа шминката и гардеробата, само некако овие тулумби, витлери т.е. фризурите не ми се допаѓаат воопшто.
    Шминката е едноставна, а делува гламурозно, чисто, богато.
    Гардеробата како што повеќето девојки кажаа ме потсеќа на 50-60-70-тите години, винтejџ кој го истакнува сексапилот, женственоста и страста на една дама.

    [​IMG]
    [​IMG]