1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Placebo ефект

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 1 јули 2010.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Општо за Placebo ефектот
    Плацебо/Пласибо ефект (латински:Placebo = јас ќе задоволам) е медицински феномен каде резултатите на медицинскиот третман се предизвикани од идеите на пациентот за тоа колку е ефективно лекувањето. Терминот особено се употребува кога пациентот драматично реагира на физиолошки неактивно лекување. Неактивните лекови кои се користат за индуцирање на плацебо/пласибо ефектот се нарекуваат плацебо/пласибо лекови; инертни „шеќерни“ пилули и лажни хируршки интервенции се типични примери. Плацебо/пласибо ефектот е убедлив феномен во медицината и плацебо/пласибо лековите се широко користени во современата здравствена грижа.Плацебо/пласибо ефектот фрла светлина врз улогата на мозокот во физичкото здравје и дозволува споредба на лекови наспроти инертни еквиваленти во медицински истражувања.Лажната природа на плацебо лековите создава притисок меѓу Хипократовата заклетва и чесноста на односот меѓу пациентот и докторот.

    (извор: Википедија)

    Пример 1:
    Ве боли глава и побарате од некого апче за глава, а тој место апче ви подметнува некое бонбонче во иста форма за да вие помислите дека е апчето што треба да ви го даде, и го го пиете и што се случува...?!
    -Вас успешно ви поминува болката во главата :)

    Пример 2:
    земате апчиња за слабеење, па тогаш си велите „чекај, платив убаво за да ослабам, немат да јадам за поголем ефект + ќе вежбам“ и опааа имаме ефект! Е дали апчињата навистина си го направиле своето или самите сме си помогнале - не знам :)
    ----

    Дали сте го искусиле овој метод? Како?
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Плацебо ефектот колку што знам има врска со позитивниот начин на размислување,а е многу поврзано со потсвеста кај човекот.Иако болката е физичка,а прво предизвикана од емоција,стресна,тогаш веројатно физичката болка и не е толку голема,колку што нашата потсвест ја прави да биде.Кога човек е болен,во стресна ситуација е,бидејки му доаѓаат секакви негативни мисли,кои можат да влијаат на неговата состојба,па најчесто кога докторот ќе ни каже дека не е ништо страшно,во зависност од болката/болеста,колкави се нејзините шанси,ни препорачува лекови и едноставно убеден во својата прогноза,ние му веруваме,што е нормално,бидејки е стручно лице.Меѓутоа самата наша верба во него,ни прави олеснување,ни создава позитивни мисли со кои успева да се излечи болеста,значи целата работа во плацебо ефектот е во нашето позитивно размислување во однос на болеста,секоја негативна мисла прави да биде полошо,а секоја позитивна мисла прави да биде подобро.Секако и целата работа е во вербата,постојат и доста случаеви кои поради позитивниот начин на размислување,успева да се победи болеста,да се предизвика оздравување.Потсвета е страшна работа,само треба да се има контрола над неа.
     
    На ku4ence, g8lQQk и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Да ми се случило досега 2 пати кога со денови не ми поминувала главоболка да отидам кај една стара баба да ми пребае. Таа ми кажува како демек ме болела главата од уроци и од завист, но дека сега е веќе готово, и мене стварно за чудо после 10 тина минути главата ме преболува. Јас искрено во бајачки никогаш не верувам па ова му го препишувам на плацебо ефектот.
    Едно не ми е јасно и од секојпат сум се прашувала за обратниот ефект на ова. Јас на пример сум хипохондрик и ете си замислувам дека сум болна од нешто. Дали е можно дека иако не ми е ништо од многу мисла стварно да се разболи човек. Ако некој знае нешто повеќе нека пише баш ме интересира.
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Да Лолипоп..Ако се претерува со мислење дека ке се разболиш може и да се случи..Тебе не ти е ништо и не знам зашто да се опседнуваш со такви мисли??Немој..Пренасочи ги мислите на друго.. :)
     
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов темата и јас прво помислив на ова, и јас не верувам во бајачки и бабини деветини, ама кога помислив поубаво има некои што успешно баат од детски плач, и сега од каде бебето е способно да размислува дали ќе му помине или не, кога тоа не е свесно што се случува наоколу :D
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Искрено јас и да е сериозно нештото - не го сфаќам така.
    Ама имам слушнато за некој постар човек кој премногу паничел и на секое мислел дека ГОТОВО, УМИРА... и нон-стоп барал инфузии да му редат, еднаш во инфузијата наместо лек му ставиле најобични витамини (или што ти јас знам таму, значи НЕ лек) и на човеков одма му ПОМИНАЛО. Така да овој пласибо-ефект навистина делува.
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Оф, да ви кажам една смешна ситуација која навистина го објаснува овој Плацебо ефект. Пријател на моите, бивш фудбалер, на еден натпревар, паднал и си ја шинал ногата, се витка ли витка човекот, офка, и еден друг, шпегобиец по природа пошол над него и само направил пссссссссссссссссс, демек прска, и овој не го видел дека нема ништо во рака, веднаш станал, леле што убаво ми дојде, ме олади, ми олесна, и продолжил да игра. :lol: Се е до псухата, очекуваш дека од нешто ќе ти помине, па затоа и ти поминува :D
     
  8. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Е ако веќе разговараме, се случи овај Placebo ефект кај двајца мои другари.
    Пред 6 години бевме на роденден кај една моја другарка. Е машките уште два дена пред роденденот си праеа некои филмови дека ќе се опианеле, дека славеничката морала да му даде алхохол итн. Е таа им кажала дома, па татко и се потрудил, по супер-маркетите нашол некое безалхохолно пиво и плус и со сок го измешал, ама шишињава, пак, цврсто затворени. И на роденденов, им тура другарка ми, а овие чаша за чаша и откако "мавнаа" по две чаши почнаа да се препелкаат пијани се, пази :!:
    Е тогаш имаше смеење кога родителите дојдоа да видат што тоа се случува. И на крај им објаснаа дека пиеле цело време сокче наместо пиво :fubar:
     
  9. Ani-Honey

    Ani-Honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Jas znam deka ovaj placebo efekt e prisuten i kaj onie edni krugovi pravilni sto se napraveni vo zitnite polinja (ako ste slusnale)
    toa se smeta deka gi napravile nekoi nadprirodni sili... megjutoa toa se napraveni od lugje.
    lugjeto smetaat deka tamu ima ogromna energija i odat tamu i pravat nekoi rituali... ama zatoa se e do psihata dobro vikate.
     
  10. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Верувам во плацебо ефектот и имам читано за многу студии и експерименти кои го потврдиле тоа. Пред долго време во списанието Здравје пишување за плацебо ефектот и за тоа како може мозокот да се поигра со нас. Во еден експеримент на група луге им биле дадени обични бомбони, наместо апчиња и им било речено дека како контраиндикации може да се јави гадење и опаѓање на косата. 80% од луѓето се пожалиле на овие симптоми :D

    Често пати и психолозите го користат овој метод при препишувањето антидепресиви, но доколку се работи за посериозна болест секако дека не може да се остави се на потсвеста.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Дедо ми секогаш има обратен пласибо ефект :D
    Опседнат е со читање на упатствата од лековите. Ќе прочита на пример од овој лек може да се јави оток на нозете - нему наредниот ден му отекуваат :rofl:
    И да не му се отечени, тој е убеден дека му се и дека не може да оди поради лекот.
    Ова се случува буквално со секој лек - мора барем една контраиндикација да му се појави, или да мисли дека му се појавила. :^)
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Јас се мислам дека мене ми се дешава пласибо ефект со редбулот :) За физичка кондиција не, тогаш сум сигурна дека ми ја подига енергијата. Али за концентрација мислам дека сама си правам филм
    Кога ме мрзи да учам и само ми се лежи во кревет ќе се напијам малку и за кратко време одма ме фаќа некоја енергија и се фаќам за книга. Може и да има некој ефект витински, ама незнам, според тоа што го имам читано си мислам дека е психа. И од кога почнав да сфаќам сама дека е пласибо, ми се намали енергијата и желбата после пиење :D

    И ми се има дешавано кога сум полна со негативна енергија ми се случуваат се полоши работи. Колку повеќе мислам дека ќе ми се деси нешто лошо, толку повеќе ми се дешава. Ако сум полна со негативности, ќе влечам уште повеќе негативности тој период.
    Незнам дали ова се смета за пласибо или чичко марфи :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Се е во човековата потсвест.
     
    На ku4ence, Divinebutterfly, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Тhe mind controls the body. If you think you're sick, you're gonna get sick. Само ме интересира како сфаќате дека тоа што ви се случило е пласибо? Односно, сакам да прашам дали кога ќе се доживее пласибо ефект можно ли е тоа самите да го забележиме ?
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    13.416
    Ок, знам еднаш у трето, имавме многу долга песна за учење на памет, и јас сакав да се разболам за да не идам у школо.
    И стварно се разболев.
    И отидов во школо, и ја знаев песничката. :lol:


    Колку глупаво се осеќав, самата си се разболев. :rofl:
     
  16. c.i.n.d.e.r.e.l.l.a

    c.i.n.d.e.r.e.l.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Гледајте го филмот *the secret* ...
    Поврзано е со ова нешто што ни се случува секојдневно а не сме свесни...
    Инаку интересното кај овој ефект е кај болен од хистерија... Сум била на пракса на психијатрија бидејки имам завршено средно медицинско и сега болниот кажува дека го боли глава страшноооо значи офка се превртува се мава од зид и му дава бонбонче и за секунда станува се е ок со него.... се е до психата...
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Така и прават братучедките мои и тетка ми на свекрва и. Жената има над 80 години и секој ден ја боли нешто. Уште понекогаш се жалио дека ја боли кај што ја каснала некое куче кога било дете, секој ден си наоѓа болести. Поздрава е од тетка ми, изгледа решила да ја надживее, душата да и ја извади (Вистинската monster in law). Затоа тие и даваат витамини или бомбони кога ќе им побара лек и веднаш, за помалку од пола саат и е подобро.
     
    На c.i.n.d.e.r.e.l.l.a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Си имав јас парабаба која имаше 90 год. и нормално од старост се живо ја болеше понекогаш а таа беше уверена дека е од уроци :lol: . Секогаш ме тормозеше да и носам белег да и бајат бајачки. Ок, викам бабо, завршено. Купував мали флашички негазирана вода, само ја отворам флашичката и и ја давав и и велев - секое утро и вечер ке пивнуваш од водата и ќе помине. И бабата следното утро, како нова.
    Значи се е до подсвеста на човекот. Некогаш можеш да си помогнеш ама некогаш и стануваш хипохондрик и навистина те тресне нешто (болест) од земја
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Хахах овај ефект најчесто е присутен кај старите луѓе... на баби дедовци да им ставиш водичка инекција и одма ќе им биде подобро...
     
  20. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Не ми се случило нешто вакво, барем не со апчиња.
    Но, ми се има случено ова, иако не знам дали има некаква врска со Placebo ефектот:
    како мала не сум јадела јагнешко месо, дури и сум се гадела кога на сила ќе ми ставеле в уста. Друг пат, кога сме ручале јагнешко баба ми ми рекла дека е телешко, а јас мало и мутаво, сум јадела со сласт мислејќи дека јагнешкото е телешко :lol: