Јас немам добро искуство со нашиот Масимо. Робата е иста ко на каталогот ама не е тој квалитет.Оди во Грчка,таму има повеќе избор.
Јас една јакна од Страдивариус ја меркам уште од едента. Беше 6200 ја намалија на 5200. Истата на страната на Страдивариус во Грција е 49 евра. Епа не е фер Попустиве кај нас не се попусти
Јас од Страдивариус од Белград каква кожна јакна имам купено, тука никогаш не ја донесоа. Ако имаш прилика да отидеш купи си од Грција или од Србија, овде кај нас ем што носат безвеза работи ем скапи.
ај кажете ми дали има избор на тренерки патики мислам на нике адидас низ продавниците за спортска опрема во во сити мол..планирам сега да одам викендов....
Девојки вреди да се посети Сити Мол, има нешто асално останато или само партали? Вие како SuperGirl24 што бевте и во Солун ве сметам за најкомпетентни во однос на одговорот, па ве молам за одговор (не сум од Скопје, да знам дали воопшто да доаѓам, планот за Солун му пропадна, никој не сака да ме дружи)
Вреди секако.Имаат сега и нови колекции,а има останато убави работи и од оние на попуст што се.Јакни убави,дебели на 50%,фармерки на попуст по 1000(Bershka,Stradivarius),а во Зара скоро сите фармерки им се намалени на 1490,џемперчиња,ташни,фустанчиња и мн. др работи. Е сега има и доста партали секако од тие на попуст,но може убав шопинг да се направи.Ѕирни на страниците на Зара,Бершка,Манго,Пул&Беар,Страдивариус..имаат мак. цени. И јас бев во Солун.И во продавниците што ги има и во сити мол кај нас не ни влегував,затоа што скоро иста гардероба имаше,неколку работи плус минус. Но затоа во H&M преубави работи имаше,поготово од новата пролетна колекција.И во некои др. продавници исто така,Сфера,Промод...
Mirandaa најмногу жалам токму за H&M (поготово за работите што можам од таму да ги земам за синчето) и Sfera, шопингот во Космос секогаш го започнувам во H&M, па Sfera и половина од еврата таму ми одат. Следно е Манго и за останатите ако имам нешто останато, влегувам ако не тогаш ги одминувам убедувајќи се дека нема ништо убаво останато Ама годинава за мене нема Солун (здравје летен попуст) пријателки, братучетки ми откажуваат љубов се истрошиле околу новогодишните празници, а на сопругот му излегоа обврски, сама не се осмелувам да тргнам, така да како опција ми останува Сити Мол.
И мене ми е криво што го немаме H&M. Влегов во декември во Цирих во H&M ама начекав таква гужва и беше невозможно да најдам нешто, а не па да дочекам на ред за да го пробам и платам. Мангото во Солун секогаш е поевтино од нашево, плус има некои работи што не ги носат кај нас. Ама затоа има добар попуст во Манго во Сити Мол деновиве, вреди да отидеш
Другата недела може да очекувам дека сеуште ќе трае попустот, или за викенд ќе биде финалната распродажба (вчера бев во Скопје ама немав време за шопинг, планирам за другата недела специјално за тоа да доаѓам, па да не ми биде џабе доаѓање)
Da ne znae nekoj kakov e toj popustot sto go reklamiraat vo City mall, navodno na 70% i ke trael do 1-vi fevruari? Pretpostavuvam totalna rasprodazba na partalite sto ostanale...
Девојки знам дека напнувам во однос на темава, ама пак ќе прашам... Дали некоја од вас беше вчера или денес во Сити Мол да одговори дали сеуште трае попустот и дали има нешто убаво останато? Јас конкретно најмногу се интересирам за Манго. (како што пишав и претходно не сум од Скопје, а во план сум да доаѓам некој ден наредната недела специјално за шопинг, па да не ми биде џабе доаѓањето)
Јас бев пред една недела и не купив ама баш ништо.Раскренато беше поубавото,новите колекции ги отпкакуваа(калиопе и теранова) голем дел беше расфрлан на под,изгужван.Сега верувам дека изборот е уште помал. Во манго имаше избор на кратки фустанчиња и некои маички.Др не ми падна у око.
Манго има попуст уште не само во Сити Мол туку и тој во трговски што е а верувам дека попустите ке траат и нареднава недела .Едино со броеви се врвка,најчесто има големи броеви.Инаку донесена е и новата колекција.
Девојки,значи се утепав од барање вакви фармерки во бершка,дека на страната им пишува дека се по 600 денари,а ми се чини дека видов скрос вакви исти беа по 1000 и нешто.Случајно да не сте виделе вие? http://www.bershka.com/mk/en/woman/sale/jeans/bershka-five-pocket-jeans-c1270671p4126908c800.html http://www.bershka.com/mk/en/woman/sale/jeans/bershka-coating-jeans-c1270671p4764515c800.html http://www.bershka.com/mk/en/woman/...waist-stretch-jeans-c1270671p4888509c800.html
Значи нема врска тоа со опцијата In store availability? Mоже на сајтот да пишува дека им е достапен тој производ во пр. продавницата во Сити Мол или Космос (ако проверуваме на грчката верзија на сајтот) и притоа во кои величини е достапен, а во продавницата воопшто го нема. Toa како реди реда да е ставено, Бершка гледам уште ја имаат оваа опција, Страдивариус имаше до скоро сега гледам ја немаат (мислев дека заради попустот немаат преглед од кој модел колку и што величини имаат останато, ама не и на новата колекција ја немаат опцијата), а кај Манго воопшто и не функционира.