Лојален беше човеков, јас нз или му сметаше оти е поќе интелегентен и му се буни за шо смета дека не е во ред. Се чудам....
И мене ова ми нема логика, да заменуваат вработени со американци кога за да вработиш еден американец фирмата ќе ја кошта неколку пати повеќе, тоа е и целта на outsorcing-от. Земенување со AI, тоа има смисла. Чекај малку, осигурувањето во нашата држава се врши врз основа на неделни, а не дневни часа, тоа прво. Второ, какво е тоа осигурување со минимална плата за 4 дневни часа и за 8? Ако е минимална платата сите ќе земаат исто, без разлика дали се осигурани на 4 или на 8 дневни часа? Ова со часовите и платите навистина не ми е јасно...
Не знам. Муабетот не е од мене туку ми е од повеќе лица пренесен. Инаку и така веќе сите исто земаат, изедначени се со платата без разлика на работно искуство и образование.
Фирмата е merged со друга фирма сега(LYP). Тие притискаат за повеќе агенти од Америка и AI. Има клинч меѓу агенти од Америка и Македонија.
Јас кога работев ги избркаа сите американци. Останавме само мкд. Чудно ми е да бараат, пак. Тие имаат повисока плата од нас. Слушнав дека Филипинци ќе вработувале. Шо и реално се најниско платени. Таман пола мкд, пола од Филипини
Секој си пренесува како што му одговара. Некој слушнал а не дослушал и толку фали да се шират дезинформации. Не велам дека не е така ама зошто би барале работници доколку планираат да ги заменат со АI.. Сепак никој од нас не знае што се случува во фирмата така да може само бош муабети да си правиме.
Каде што има чад има и оган така да не се целосна лага муабетите. Воедно јас му верувам на луѓето кои ми ги пренесуваат овие информации , особено на тие кои се на функција. Ич да не се секираш за делот со барање на работници, истите ќе бидат отпуштени во рок од 3-6 месеци, што воедно се случуваше уште додека јас работев таму, така да и да те примат немаш никаква гаранција дека ќе останеш. На еден куп колеги не му ги продолжија договорите после 3-6 месеци.
Секако сум студент и не планирам да останам повеќе од три месеца. Во мојот град немам слушнато многу негативни коментари за фирмата и ми спомнаа дека е баш лабаво така да можеби зависи и од градот и од колегите.
Јас ти кажав како стојат работите од прва рака, а ако ти одбиваш да веруваш тоа не е мој проблем. Таа е реалноста па сега како сакаш прави понатаму. Толку од мене.
Мене искрено ми нема логика да вложуваат во нови канцеларии и да унапредуваат вработени во период на пропаѓање, а познавам доста личности унапредени пред скоро време, бидејќи голем дел од моја околина работат таму во различни сектори. Имам доста блиски кои се таму со години, некои најобични работници некои на нешто повисоко и никој не спомнал нешто вакво Овие теории со платите и осигурување на 4 а работно време 8 на црно уште помалку логични и баш ме интересира што ќе испадне
Никој не ве тера да верувате. И секогаш може некоја друга фирма да работи и да го изнајми просторот. И пак ќе се лапнат пари на велико. Реков јас, шо народ сме бе, некој ти кажува што се дешава а ти. Не вреди дискусија. Реков, не вреди. Нека ве испобркаа сите па..
Тука можеш само негативна енергија да се наполниш, а и да е така не е единствена фирма во светот па толку да се замарам.
Агенти од Америка нема ни да најдат за таа плата и услови што Taskforce ги нуди. Без разлика што сте слушнале, бидете малку реални - фирмата е отворена затоа што никој несака да работи таква работа на запад за мизерни 600$. А пак вештачката интелигенција уште не е доволно унапредена да замени човек на телефон или компјутер.