Лојален беше човеков, јас нз или му сметаше оти е поќе интелегентен и му се буни за шо смета дека не е во ред. Се чудам....
И мене ова ми нема логика, да заменуваат вработени со американци кога за да вработиш еден американец фирмата ќе ја кошта неколку пати повеќе, тоа е и целта на outsorcing-от. Земенување со AI, тоа има смисла. Чекај малку, осигурувањето во нашата држава се врши врз основа на неделни, а не дневни часа, тоа прво. Второ, какво е тоа осигурување со минимална плата за 4 дневни часа и за 8? Ако е минимална платата сите ќе земаат исто, без разлика дали се осигурани на 4 или на 8 дневни часа? Ова со часовите и платите навистина не ми е јасно...
Не знам. Муабетот не е од мене туку ми е од повеќе лица пренесен. Инаку и така веќе сите исто земаат, изедначени се со платата без разлика на работно искуство и образование.
Фирмата е merged со друга фирма сега(LYP). Тие притискаат за повеќе агенти од Америка и AI. Има клинч меѓу агенти од Америка и Македонија.
Јас кога работев ги избркаа сите американци. Останавме само мкд. Чудно ми е да бараат, пак. Тие имаат повисока плата од нас. Слушнав дека Филипинци ќе вработувале. Шо и реално се најниско платени. Таман пола мкд, пола од Филипини
Секој си пренесува како што му одговара. Некој слушнал а не дослушал и толку фали да се шират дезинформации. Не велам дека не е така ама зошто би барале работници доколку планираат да ги заменат со АI.. Сепак никој од нас не знае што се случува во фирмата така да може само бош муабети да си правиме.
Каде што има чад има и оган така да не се целосна лага муабетите. Воедно јас му верувам на луѓето кои ми ги пренесуваат овие информации , особено на тие кои се на функција. Ич да не се секираш за делот со барање на работници, истите ќе бидат отпуштени во рок од 3-6 месеци, што воедно се случуваше уште додека јас работев таму, така да и да те примат немаш никаква гаранција дека ќе останеш. На еден куп колеги не му ги продолжија договорите после 3-6 месеци.
Секако сум студент и не планирам да останам повеќе од три месеца. Во мојот град немам слушнато многу негативни коментари за фирмата и ми спомнаа дека е баш лабаво така да можеби зависи и од градот и од колегите.
Јас ти кажав како стојат работите од прва рака, а ако ти одбиваш да веруваш тоа не е мој проблем. Таа е реалноста па сега како сакаш прави понатаму. Толку од мене.
Мене искрено ми нема логика да вложуваат во нови канцеларии и да унапредуваат вработени во период на пропаѓање, а познавам доста личности унапредени пред скоро време, бидејќи голем дел од моја околина работат таму во различни сектори. Имам доста блиски кои се таму со години, некои најобични работници некои на нешто повисоко и никој не спомнал нешто вакво Овие теории со платите и осигурување на 4 а работно време 8 на црно уште помалку логични и баш ме интересира што ќе испадне
Никој не ве тера да верувате. И секогаш може некоја друга фирма да работи и да го изнајми просторот. И пак ќе се лапнат пари на велико. Реков јас, шо народ сме бе, некој ти кажува што се дешава а ти. Не вреди дискусија. Реков, не вреди. Нека ве испобркаа сите па..
Тука можеш само негативна енергија да се наполниш, а и да е така не е единствена фирма во светот па толку да се замарам.
Агенти од Америка нема ни да најдат за таа плата и услови што Taskforce ги нуди. Без разлика што сте слушнале, бидете малку реални - фирмата е отворена затоа што никој несака да работи таква работа на запад за мизерни 600$. Ако се решиле да ја затворат, сигурно си нашле поефтина работна сила некаде на исток. Вештачката интелигенција уште не е доволно унапредена да замени човек на телефон или компјутер.
Американците се агенти што веќе работат во LYP која се слеа во Таскфорц. Најмногу ги привлекува тоа што се remote, после пандемијата ретко која компанија им довзолува remote целосно, повеќето бараат барем два дена да си од канцеларија. Дел од големите healthcare компании како Medicare, Aetna и компании за Medical Records веќе се префрлија на AI. На другар често му звонат за осигурување или medical records со AI агенти.
Престанете да тропате глупости, само овој месец се вработени нови 50+ агенти. Се' мислам дека ова е обид да се наштети на имоџот. Ќе ги плаќале на црно 2,000+ вработени, ах бе очајни.
Јакиот имиџ. Не туку се брукајте. Оди лижете знаете каде и мислете си дека сте некој бог. А бе не си можите со попаметни од вас, еј.. Немате ни култура, ни ниво на комуникација. Слезете на земја, дур не ве слезат.. Еве барајте си го ТФ во листава и видете колку му е намалено вработувањето.
Значи од 2024 до 2025 имаат раст од 24%+ односно 500+ вработени. Препаметна си, некогаш си се молела да ја добиеш работава, ти носела леб без разлика колку е лоша и нехумана, спушти се малце на земја, не работиш за НАСА.
И те како фирмава кај шо сум сега е НАСА за вас Хумана и добра. За тебе работата таму е нехумана и лоша? Ај кажи како се добива покажување и позиции. Кажи што ви прават ако задоцниш 3 мин. Дали во животот си видел друго освен фирмава?
Не мора да си пасивно агресивна ако не ти била хумана работата, постојат други работи, работам од мои 18 години, така да не можеш мене да ми солиш памет, можеш на некои коишто им е прва работа. Секако дека овој тип на работа не е идеален и е call center, не знам што очекуваше, да те стаат директорка за 2-3 години? И кое унапредување, мислиш сите можат/заслужуваат да бидат QC/Assistant/Team Lead. Со твоите вештини, знам зошто си се вработила таму, толку ти бил капацитетот. Убаво е малце да пораснеш и да сфатиш како функционира светот и бизнисот, а не да бидеш едно напиздено минијатурче.