Да прашам како да дознам каде ми е пратката?? Требаше да биде доставена, пишуваше кај курир, помина датумот, после за рефунд ми дадоа ама сакам да знам како да ја најдам ако веќе била стигната кај нас. Не знам ниту во која пошта е. Денес вртев виа пост не добив, еко логистик исто, друго чаре?? Ептен ми е битна праткава, за подарок ми е, втор пат со неа исто вака се случува.
Преку овие еднаш ми стигна пратка, а стоеше дека е преземена од доставувач една недела. Многу доцнат со испорака, бар моето искуство беше такво.
Само да ви пренесам искуство. Мене девојки ми стигнаа денес градници, сум изнарчала по 2 исти од различни места. Величината ми е погодена и сум задоволна. Ништо поразлично од пазарските. Следно чекам да видам фустаните како ќе се погодат.
Баш сакав и јас да порачам,ама се двоумев,а убави модели има гледам..викаш добри се,големината соодветна ти е,точно е како што е напишана?
Јас се водев по табелата што им е дадена, има и во cm, има и според корпа шо си носиш вообичаено, мене ми излезе точна. Последни треба да ми стигнат балетанки, па и таа табела да ја проверам.