Преку овие еднаш ми стигна пратка, а стоеше дека е преземена од доставувач една недела. Многу доцнат со испорака, бар моето искуство беше такво.
Само да ви пренесам искуство. Мене девојки ми стигнаа денес градници, сум изнарчала по 2 исти од различни места. Величината ми е погодена и сум задоволна. Ништо поразлично од пазарските. Следно чекам да видам фустаните како ќе се погодат.
Баш сакав и јас да порачам,ама се двоумев,а убави модели има гледам..викаш добри се,големината соодветна ти е,точно е како што е напишана?
Јас се водев по табелата што им е дадена, има и во cm, има и според корпа шо си носиш вообичаено, мене ми излезе точна. Последни треба да ми стигнат балетанки, па и таа табела да ја проверам.
Ги чекам, другата недела би требало да ми ги донесат, наводно на царина се. Што ќе стигне, не знам. Мислам имаше членка што ги чекаше баш јас кога се мислев да нарачам, пред 2 недели отприлика.
i mene mi dade vcera dva besplatni proizvodi ama morav da naracam plus proizvodi vo iznos od 1000 den za da gi dobijam tie 2 gratis i taka ja napraviv prvata naracka mi davase trkalo da vrtam,bonusi,popusti pa ke vidime sea koga ke stigne,sakam i obleka da naracam ama nezz so koj kvalitet e da ne pusta boja i da ne ima miris neka pise nekoj ako naracuval garderoba od temu.
Стасуваат да.Пред некој ден ми стигнаа двата бесплатни производи со другите. 3 блузи имам досега,ок се..немаат мирис,боја не пуштаат,за парите се ок.
И јас чекам два бесплатни производи. Кај и да е, треба да стигнат. Од облека две маици ми стигнаа, за парите повеќе од ок се
Имам една пратка поделена на два пакети примена 19 Април.Брзо спакувана и пратена од Тему. И сега од 2 Мај пратката упорно дреме во магацинот главен на ЕЛС. Едната пратка ми беше мн битна за денес не ја добив и за тој предмет поднесов барање за рефундација во вид на салдо и веднаш направив нова нарачка. Сега не ми е јасно дали тој предмет ќе биде одвоен од пратката , бидејќи таа е вториот дел од севкупната пратка или сепак ќе го добијам? Не ми е јасно, бидејќи од корисничката онлајн поддршка пишаа дека нема да ја тргнат, ама не ми е верно оти добив рефундација.Има ли некој слично искуство...
За колку време ви стигаат нарачките, од прилика? И дали стигаат сите од еднаш, во еден пакет или се посебно? Прв пат нарачав некои маски за телефон, па затоа не знам како иде тоа.
Брза пратка му донесе од нив... веројатно со неа се поврзани сеа имам куп од кај нив а најнеажурни се... Да ,супер се. Јас нарачав труднички хеланки и 2 маички. На хеланките душа им извадив буквално пери носи... маичките не се со којзнае каков квалитет ама не мириса и за цената се ок.
Значи од Кина до Македонија стигна побрзо, отколку праткава што ќе ми ја достават ЕЛС до кај мене, сеуште ја чекам.
Дечки, можете да пробате да земете 2 бесплатни подароци од Тему преку овој купон. Штосот е, по изборот на подароците, треба да се направи нарачка од мин. 1000 ден. и да не се направи рефундација на цената на таа нарачка. Купонот се ресетира неколку пати во месецот.
Кај другарка ми беа во иста т.е на тему ја пишуваше како различна а и стигна во ист пакет кај мене во различна и на апликацијата ја пишуваше и така стигна.