Ми стигна порака, да си подигнам пратка (според кодот, од Тему е) од Вип пошта. Не ги носат повеќе до дома или како?
Не знам, ме зачуди пораката па мислев да не имала некоја слично искуство. Минатата недела добив пратка токму преку нив, до дома ми ја донесоа. Не знам дали смениле нешто во меѓувреме или само така се погодило за оваа пратка што ја чекам.
Можеш мислам да побараш достава до дома. Јас само првите 2-3 пратки ги добив до дома ( тоа беше декември - јануари ) од тогаш навака сама си ги земам. И од елс и од Вип и од уште една (мислам one беше)
Елс во последниов период се многу спори и доцнат со пратки по 5 дена, и најчесто се јавуваат да те известат да ја подигнеш пратката сам.
Секако дека да. Доставата е до врата. Се подразбира тоа. Јас за последнава пратка оставив адреса од работа, ме бараа најнормално за да се достави таму, бев искочена надвор кога ме бараа, му кажав на човекот да ја остаи во база да си ја подигнам. Нив секако им олеснува ако бараш сама да си ја земеш, но се знае како треба. До сега не ми рекле дојди и сама земи си ја.
Единствено од Карго експрес ми рекоа да одам од база да си ја подигнам. ЕЛС и Виапост до дома ми ги носат.