Ми стигна порака, да си подигнам пратка (според кодот, од Тему е) од Вип пошта. Не ги носат повеќе до дома или како?
Не знам, ме зачуди пораката па мислев да не имала некоја слично искуство. Минатата недела добив пратка токму преку нив, до дома ми ја донесоа. Не знам дали смениле нешто во меѓувреме или само така се погодило за оваа пратка што ја чекам.
Можеш мислам да побараш достава до дома. Јас само првите 2-3 пратки ги добив до дома ( тоа беше декември - јануари ) од тогаш навака сама си ги земам. И од елс и од Вип и од уште една (мислам one беше)
Елс во последниов период се многу спори и доцнат со пратки по 5 дена, и најчесто се јавуваат да те известат да ја подигнеш пратката сам.
Секако дека да. Доставата е до врата. Се подразбира тоа. Јас за последнава пратка оставив адреса од работа, ме бараа најнормално за да се достави таму, бев искочена надвор кога ме бараа, му кажав на човекот да ја остаи во база да си ја подигнам. Нив секако им олеснува ако бараш сама да си ја земеш, но се знае како треба. До сега не ми рекле дојди и сама земи си ја.
Единствено од Карго експрес ми рекоа да одам од база да си ја подигнам. ЕЛС и Виапост до дома ми ги носат.
ма ја и од елс и од Вип и од one сама си ги земам, прво се јавуваат дека е стигната во база и нормално не можам да чекам. И да за елс многу се жалат сл доставата до дома
Овој кредит бек, дали го дава на делови да се користи при повеќе нарачки, или целиот наеднаш ќе може?
како се собираат онака кеш бек кредити? Јас фаќам некои така попусти од 30тина 40тина % и ми доаѓаат преефтини производи но онака....
Кога ке ти пишува кредит бек и правиш нарачка со одредени производи, после тоа ти дава цела недела да го собираш горе во пребарување. На пример ако ти даде 1.200 ден кредит бек и одиш бо пребарување и пишуваш подигнете кредит и те префрла таму, мора да го собираш до крај и можеш после целосно да го искористиш.
Автоматска порака се праќала секогаш кога ќе ја распределат пратката кај курир. Така ми објаснија во саботата. Дадена ми е пратката на курир, па ќе ми ја донесат кога ќе дојде на ред. Прелошо склопена им беше пораката. Као, пристигна пратка за Вас, дојдете подигнете ја во Х база на улица У. И линк со локација. Автоматски им се праќала, ништо не значело. Зошто воопшто ја праќаат ако не значи ништо, само погрешна насока даваат. И Карго експрес праќаат пораки, ама нивната не е - дојдете подигнете си ја пратката, туку да очекуваш курир во наредните денови и толку. Што е толку тешко да се преформулира поракава не знам.