Spoiler Се разочарав :/ Кој ќе чека до Фебруари Зошто мораше да умре Бет Кој не гледал нека не отвара
Не можам да верувам, Spoiler епизодата ми го скрши срцето...не мораше да биде така, ама ептен одамна немаше режисерот усмртено некој добар лик.На почетокот не ја сакав Бет, ама после кога ја покажа својата сила ептен ми прирасна за срце...стварно не можев, а да не пуштам некоја солза.Меги како ја чекаше надвор со насмевка и кога излезе Дерил носејќи ја на раце, тоа беше една од најтажните сцени во цела серија. Уште еднаш актерите се покажаа во најдобро светло, ептен добра глума од страна на сите кои беа вклучени во кадар, кога ги гледам Рик и Дерил со насолзени очи им ја осеќам болката жими се.Многу добро пренесуваат емоции, затоа серијава ми е омилена и во топ 5.Не сакам никогаш да престанат да снимаат сезони, ќе ја гледам и да трае уште 10 год.
Ете ме да искоментирам за серијата број 2 на мојата дооолга топ листа. Настаните како се одвиваат држат внимание и тоа како. Секоја епизода те влече и со нетрпение ја чекаш следната да искочи. Мислам дека нема да доживее долг крај, но како и да е, серијата е врв. Тоа што ми пречи во последен период е тоа што ептен се испопуларизира, повеќе се гледа низ светот поради тоа што е искомерцијализирана отколку вистински да се сфати суштината. Не знам дали ја гледавте епизодата мислам дека беше 2-3 епизоди пред крајот на првиот дел од сезона пет, со Дерил и Керол. Имаше толку скриени работи (што до сега толку во епизода ги немам видено). Ако ја гледате серијата од суштински аспект, може ќе ме разберете. Интересен е фактот што секој лик крие зад себе по нешто специфично. Сепак се работи за преживување и штитење на најблиските. Групата се како едно семејство, се држат за себе. Одличен старт имаше петта сезона, и искрено мислам дека ќе продолжи ако ништо друго до 7-8 сезона. Инаку не знам дали забележавте дека многу кадри се навратија од првата сезона... не знам зошто ги вртат работите, меѓутоа одлично беше да се види како е потоа и потоа потоа се на се одлична серија кој ја гледа има што да види. Сега со нетрпение ќе го чекаме продолжението на петтата сезона.
Последнава епизода која требаше да излезе на 15.02 никако да ја најдам он лајн. Знаете ли некој линк?
Пак истото темпо, пак истите случувања. Јас мислам дека доста е со оваа серија. Треба да ја прекинат.
Мене паκ баш ми се допаѓа темпото на настаните, саκам да видам и малκу од начинот на κоκ пρеживуваат и се боρат со состојбата во κоја се.Ова е κаκо затешје пρед буρа и сигуρна сум деκа наρедните епизоди ќе бидат супеρ.Маρичκ јас не знам што очеκуваш ти од сеρијава, само ти сметаш деκа не е добρа, па не ја гледај веќе аман.
http://www.fakulteti.mk/news/15-07-...o_za_shestata_sezona_na_the_walking_dead.aspx Дали го видовте промото за новата сезона?Ааа јас сум многу возбудена, ептен добро изгледа, се надевам дека сезоната ќе не размрда. Не ми се допаѓа тоа што во последните епизоди, а и колку што заклучив од промово Рик сакаат да го претстават како нестабилна личност.Рик е срцка и нека не го дираат.
Се мислев да направам нова тема, ама уште е рано па решив тука да ве прашам.Дали го гледате спинофот Fear the walking dead? Денес излезе првата епизода, јас ја гледав, што знам не ми беше по ќеф баш, некако актерите ми се мех, секако не се споредуваат со Рик, Дерил и тајфата, ама па и не беа толку лоши.Првата епизода од Walking dead беше далеку подобра од овој почеток, но интересно е да се види како се започнало, зошто во серијава ни беше скратено тоа, Рик се разбуди откако се беше веќе хаос, туку од друг агол е почната приказната па затоа ќе ја следам. Кои се вашите мислења.Ќе и дадете шанса, да правам тема за дискусија или сепак не?
Вечерва т.е. утре новата епизода веќе достапна за гледање едвај чекам. Инаку не се разочарувајте многу, јас знам некои спојлери ама не откривам ништо....само знам дека повеќето ќе се разочараат. Ако ви беше жал за Бет... Ај да не кажувам....
И јас одвај чеκам, јас имам неκои пρетпоставκи свои, ама ај те молам пиши ми лп што знаеш, да знам дали сум во пρаво што мислам:/
Абе не знам ни јас точно баш детално, ама брат ми ги читал стриповите и нешто ми кажуваше (само не знам дали се зезал или не). Јас не сакам да знам ништо што ќе се деси, сакам да си ги гледам со ред епизодите како ги даваат и може затоа тој ме зезал со спојлери (се надевам дека ме зезал) И поубаво и за тебе чекај, стрпи се и гледај...зошто ти се спојлери Не е интересно така...
Само што ја изгледав. Не ми беше нешто нај нај епизодава ама крајот ги извади. Интересно заврши. И убаво што ги даваа флеш бековите во црно бело издание, инаку каша попара ќе настанеше, потешко ќе беше за сфаќање што се случило претходно, а што сега се случува.... Карактериве сега за сега убаво се држат, исти се ко досега, единствено само што приметив дека скоро ич го немаше Карл. Инаку тој секогаш помагаше за се, ама сега некако пасивен беше... А и ми се свиѓа баш тактиката на Керол што глуми наивна, невина, слаба, мила женичка а таа всушност е најјако играчиште, полно со тактики
Колку си ме изнасмеала еј. жими се јас бев ваква цел ебан ден. Вечерта излегов на чај со пријатели и продолживме да дебатираме дали е возможно или не Гленчо да ни останал жив. Се согласивме дека доколку не е мртов би било премногу чизи бидејки реално како би излегол од таква ситуација недопред. Теоретски шанси нема. Во стриповите исто така умира но на многу по fucked up начин, една од најкултните сцени ever, нема да ве спојлерисувам бидејки можеби местото на Глен од таа ситуација ќе се замени со некој друг, не верувам дека ќе ја испуштат, можеби и затоа е промената со ликот на Глен во серијава, за да гриземе нокти од стрес ние кои што сме го прочитале стрипот коа ќе стигне ситуацијата да се прикаже на Тв. Којзнае, во секој случај предобар старт на сезонава, три од три перфектни епизоди. Се надевам на продолжеток со вакво темпо.
И јас сум во шок и неверување. До последен момент верував дека Рик ќе се појави со тоа возилото и ќе ги собере сите зомби и ќе го спаси. Одкако заврши, во фаза на неверување гледав пак делот да не има шанса зомбите да го јаделе другиот кој можеби лежел врз него а он да го преживее тоа . Па и со Рик така не оставија подзинати на крај. Ама знам тука не може втор шок да ни приредат, евентуално наредната епизода ич да не го дадат и да се префрлат на случки од внатре, позади зидовите. Едвај чекам наредна у секој случај.
Хаха, @Paradox исто и јас се изнасмеав на сликава кога ја видов бидејки буквално бев баш таква одкако ја изгледав оваа последнава епизода. Инаку јас го немам прочитано стрипот и ова за мене навистина беше шок и сеуште е.Знам дека многу нереално ќе биде ако некако остане жив,ама потајно си навивам за таа опција Погоре една феминка имаше пишано дека ако ни било жал за Бет...тогаш... И да бидам искрена цело време си викав- Немој да е Глен или Дерил И ете што ми направија
Не е умрен Глен бе, тие цревата што излегуваа не се на Глен туку на Николас. Како може толку црева од рамо да му излагаат? Кога паѓаа двајцата, Глен беше долу а Николас падна врз него (ама не прикажаа)...па зомбињата го јадеа Николас. Прочитав некаде дека ќе се спаси Глен така што ќе влезе во канализација, под него има шахта. Инаку и во стриповите умира ама овде некако немаше логика, не беше добро изведено. п.с. следанва епизода ќе биде досадна, ќе трае 60 мин и цела ќе биде за Морган како успеал да преживи, и кој го научил така добро да ракува со стапот.