1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    Пази немој, не слушај Ана и другите сезони се супер, продолжи да ја гледаш нема да се разочараш.
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    867
    Се разочарав :/ Кој ќе чека до Фебруари (waiting) Зошто мораше да умре Бет ;(
    Кој не гледал нека не отвара :)
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам,
    епизодата ми го скрши срцето...не мораше да биде така, ама ептен одамна немаше режисерот усмртено некој добар лик.На почетокот не ја сакав Бет, ама после кога ја покажа својата сила ептен ми прирасна за срце...стварно не можев, а да не пуштам некоја солза.Меги како ја чекаше надвор со насмевка и кога излезе Дерил носејќи ја на раце, тоа беше една од најтажните сцени во цела серија.
    Уште еднаш актерите се покажаа во најдобро светло, ептен добра глума од страна на сите кои беа вклучени во кадар, кога ги гледам Рик и Дерил со насолзени очи им ја осеќам болката жими се.Многу добро пренесуваат емоции, затоа серијава ми е омилена и во топ 5.Не сакам никогаш да престанат да снимаат сезони, ќе ја гледам и да трае уште 10 год.
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ете ме да искоментирам за серијата број 2 на мојата дооолга топ листа.

    Настаните како се одвиваат држат внимание и тоа како. Секоја епизода те влече и со нетрпение ја чекаш следната да искочи. Мислам дека нема да доживее долг крај, но како и да е, серијата е врв. Тоа што ми пречи во последен период е тоа што ептен се испопуларизира, повеќе се гледа низ светот поради тоа што е искомерцијализирана отколку вистински да се сфати суштината. Не знам дали ја гледавте епизодата мислам дека беше 2-3 епизоди пред крајот на првиот дел од сезона пет, со Дерил и Керол. Имаше толку скриени работи (што до сега толку во епизода ги немам видено). Ако ја гледате серијата од суштински аспект, може ќе ме разберете. Интересен е фактот што секој лик крие зад себе по нешто специфично. Сепак се работи за преживување и штитење на најблиските. Групата се како едно семејство, се држат за себе. Одличен старт имаше петта сезона, и искрено мислам дека ќе продолжи ако ништо друго до 7-8 сезона. Инаку не знам дали забележавте дека многу кадри се навратија од првата сезона... не знам зошто ги вртат работите, меѓутоа одлично беше да се види како е потоа и потоа потоа :) се на се одлична серија кој ја гледа има што да види.
    Сега со нетрпение ќе го чекаме продолжението на петтата сезона.
     
  5. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Samo 1 i 2 sezona gi imam gledano :)
    sega treba site do 5 kolku gi ima mora da se gledaat :D
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    283.912
    Последнава епизода која требаше да излезе на 15.02 никако да ја најдам он лајн. Знаете ли некој линк?
     
  7. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    92
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Пак истото темпо, пак истите случувања. Јас мислам дека доста е со оваа серија. Треба да ја прекинат.
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    Мене паκ баш ми се допаѓа темпото на настаните, саκам да видам и малκу од начинот на κоκ пρеживуваат и се боρат со состојбата во κоја се.Ова е κаκо затешје пρед буρа и сигуρна сум деκа наρедните епизоди ќе бидат супеρ.Маρичκ јас не знам што очеκуваш ти од сеρијава, само ти сметаш деκа не е добρа, па не ја гледај веќе аман.
     
    На MandyLane и danichap им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    http://www.fakulteti.mk/news/15-07-...o_za_shestata_sezona_na_the_walking_dead.aspx
    Дали го видовте промото за новата сезона?Ааа јас сум многу возбудена, ептен добро изгледа, се надевам дека сезоната ќе не размрда.
    Не ми се допаѓа тоа што во последните епизоди, а и колку што заклучив од промово Рик сакаат да го претстават како нестабилна личност.Рик е срцка и нека не го дираат.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    Се мислев да направам нова тема, ама уште е рано па решив тука да ве прашам.Дали го гледате спинофот Fear the walking dead? Денес излезе првата епизода, јас ја гледав, што знам не ми беше по ќеф баш, некако актерите ми се мех, секако не се споредуваат со Рик, Дерил и тајфата, ама па и не беа толку лоши.Првата епизода од Walking dead беше далеку подобра од овој почеток, но интересно е да се види како се започнало, зошто во серијава ни беше скратено тоа, Рик се разбуди откако се беше веќе хаос, туку од друг агол е почната приказната па затоа ќе ја следам.
    Кои се вашите мислења.Ќе и дадете шанса, да правам тема за дискусија или сепак не?
     
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Вечерва т.е. утре новата епизода веќе достапна за гледање :inlove: едвај чекам.
    Инаку не се разочарувајте многу, јас знам некои спојлери ама не откривам ништо....само знам дека повеќето ќе се разочараат.
    Ако ви беше жал за Бет...:?: Ај да не кажувам....
     
    На Nausicaa, 1209 и danichap им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.159
    Пол:
    Женски
    И јас одвај чеκам, јас имам неκои пρетпоставκи свои, ама ај те молам пиши ми лп што знаеш, да знам дали сум во пρаво што мислам:/
     
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Абе не знам ни јас точно баш детално, ама брат ми ги читал стриповите и нешто ми кажуваше (само не знам дали се зезал или не).
    Јас не сакам да знам ништо што ќе се деси, сакам да си ги гледам со ред епизодите како ги даваат и може затоа тој ме зезал со спојлери (се надевам дека ме зезал) :!:
    И поубаво и за тебе чекај, стрпи се и гледај...зошто ти се спојлери :D Не е интересно така...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав.
    Не ми беше нешто нај нај епизодава ама крајот ги извади. Интересно заврши.
    И убаво што ги даваа флеш бековите во црно бело издание, инаку каша попара ќе настанеше, потешко ќе беше за сфаќање што се случило претходно, а што сега се случува....
    Карактериве сега за сега убаво се држат, исти се ко досега, единствено само што приметив дека скоро ич го немаше Карл. Инаку тој секогаш помагаше за се, ама сега некако пасивен беше...
    А и ми се свиѓа баш тактиката на Керол што глуми наивна, невина, слаба, мила женичка а таа всушност е најјако играчиште, полно со тактики 8)
     
  16. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    867
    10562926_10205404897026791_6289419817814947353_n.jpg
     
    На danichap, Paradox и 1209 им се допаѓа ова.
  17. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Колку си ме изнасмеала еј. жими се јас бев ваква цел ебан ден. Вечерта излегов на чај со пријатели и продолживме да дебатираме дали е возможно или не Гленчо да ни останал жив. Се согласивме дека доколку не е мртов би било премногу чизи бидејки реално како би излегол од таква ситуација недопред. Теоретски шанси нема. Во стриповите исто така умира но на многу по fucked up начин, една од најкултните сцени ever, нема да ве спојлерисувам бидејки можеби местото на Глен од таа ситуација ќе се замени со некој друг, не верувам дека ќе ја испуштат, можеби и затоа е промената со ликот на Глен во серијава, за да гриземе нокти од стрес ние кои што сме го прочитале стрипот коа ќе стигне ситуацијата да се прикаже на Тв. Којзнае, во секој случај предобар старт на сезонава, три од три перфектни епизоди. Се надевам на продолжеток со вакво темпо.
     
    На Kala22 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    283.912
    И јас сум во шок и неверување.

    До последен момент верував дека Рик ќе се појави со тоа возилото и ќе ги собере сите зомби и ќе го спаси. Одкако заврши, во фаза на неверување гледав пак делот да не има шанса зомбите да го јаделе другиот кој можеби лежел врз него а он да го преживее тоа (facepalm).

    Па и со Рик така не оставија подзинати на крај. Ама знам тука не може втор шок да ни приредат, евентуално наредната епизода ич да не го дадат и да се префрлат на случки од внатре, позади зидовите.

    Едвај чекам наредна у секој случај.
     
    На 1209 и Paradox им се допаѓа ова.
  19. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    867
    Хаха, @Paradox исто и јас се изнасмеав на сликава кога ја видов бидејки буквално бев баш таква одкако ја изгледав оваа последнава епизода.
    Инаку јас го немам прочитано стрипот и ова за мене навистина беше шок и сеуште е.Знам дека многу нереално ќе биде ако некако остане жив,ама потајно си навивам за таа опција :lol:
    Погоре една феминка имаше пишано дека ако ни било жал за Бет...тогаш...
    И да бидам искрена цело време си викав- Немој да е Глен или Дерил (fingers) И ете што ми направија :@
     
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не е умрен Глен бе, тие цревата што излегуваа не се на Глен туку на Николас. Како може толку црева од рамо да му излагаат?
    Кога паѓаа двајцата, Глен беше долу а Николас падна врз него (ама не прикажаа)...па зомбињата го јадеа Николас.
    Прочитав некаде дека ќе се спаси Глен така што ќе влезе во канализација, под него има шахта.
    Инаку и во стриповите умира ама овде некако немаше логика, не беше добро изведено.

    п.с. следанва епизода ќе биде досадна, ќе трае 60 мин и цела ќе биде за Морган како успеал да преживи, и кој го научил така добро да ракува со стапот.