И јас сум сеуште под импресии. Од самиот старт прилично интензивно, и со секоја измината минута следеше ново изненадување и адреналинот рипаше. Едвај чекам да видам како ќе се развива понатаму.
Е оваа епизода требаше да биде финале, а не таа претходната. Вакво нешто се чекаше Се надевам ќе продолжат со исто темпо. Да се препотиш дур гледаш Ете кога се храбри и сплотени можат да успеат. Инаку кога одеа еден по друг, нели на Сем почна да му се вртат зборовите на Керол, кога го плашеше и кутро детенце се здрви...значи таа е крива кога ќе размислиш што умре цело семејство Зошто така му викаше? Зошто го плашеше уште на почеток? Одвратна бе. А Карл ваљда ќе преживее ама без едно око. Ајде следна побрзо
Ја изгледав новата, па добро де не може сите епизоди да се wow не беше нешто нај нај само последната сцена беше така поинтересна.
Ја отупеа со епизодава, искрено очекував да го запознаат тој водичот на таа банда и да почне бул шит како со генералот. Па и тоа камионче, ко идиоти се понашаа Рик и Дерил и на крај го ебаа, им потона. Па уште мајка му фалеше на овој, да ја дотепа. А Рик мислев дека ја имаше сексано Мишон а тоа да им било прв пат, сеа ќе си има и црнче синче џоук бе.
Мислев да пишам коментар за оваа епизода, ама горе/доле се што сакав да речам си опфатила. Моментот со држењето на рачињата . Барем погрубо да се онадеа, со малку повише акција, они како папучари и тоа го изведоа .
Епизодава повеќе ми личеше ко да гледам исечоци од Глупавиот и поглупавиот Со Рик и Дерил. Тие двајца јаки, здрави, прави, млади, а Исус сам го истепа и 3000 далавери им направи Не требаше да го остават на пат заврзан, пошто се гледа дека е опасен тип, требаше или да го убијат или да го онесвестат и така да го остават. Дур се завртат тој веќе качен на комбе. И најглупо беше уште на почеток кога им ги зеде клучевите од комбето. Кога видоа дека нема луѓе туку петарди, овој Дерил одеднаш рече: Еј абе овој ти ги зеде клучевите Од кај се сети одма? Ајде битно се плесна Рик и Мишон, од кога му го фрли таа окото, само им се бутка во Рик и децата...очигледно си ги сака срцката
Да бе, многу беше бљувотина, ај што моментот на испреплетување на прстите кратко траеше па и немаше ич романтика, толку сезони чекање за ова ли? А цело време мислев дека малиот ќе ги начека и дека ќе свршат до пола.
ЈАс замислував на среде шума, на хауба, на кујнска маса, на тремот од куќата... ама дека рачиња ќе си прекрстат НЕ.
ех да и јас се чудам како Рик и Дерил дозволија да им го укрде овој новиот камиончето, многу непретпазливи се ,шеста сезона бе а вратата од каминчето Дерил ја остави отворена , а знае дека има и други луѓе... и место да го однесат дома камионче полно со храна тие ко тинејџери -ајде да видиме што има во амбарот, малку ја заглупвија епизодава Мишон и Рик....не очекував.
гледав и ете беше адреналинска епизодата ама не се случи кој знае што (барем јас очекував повеќе од фармери и оној грегори костумисаниот ) е сега ме плаши чим одлучија да се борат со тие другите дека некој од нашиве ќе умре ама кој... во секоја сезона некој убиваат или го јадат зомбиња
Првата епизода после паузата беше една од најинтересни епизоди во историјата на TWD. Инаку овој новиов, "Jesus", ми е многу интересен лик и не сакам да испадне дека е лош или да го снема во брзо време, затоа што е баш освежување на серијава. Не сум информирана за тоа каква е неговата улога во стриповите, знае некој?
Jesus e прилично океј лик, и мислам дека уште доооолго ќе го гледаме, (доколку решат да ја следат приказната од стриповите) мислам дека на повеќето ќе ни стане миленик, а тоа што е згоден as hell не е на одмет Инаку слободно можам да кажам дека 6та сезона ми е врв од се до сега. До пред некое време 1ва сезона ми беше најдобра, сега го завзема второто место. Од епизода во епизода е се подобро. Поготово вчерашната. Акцијата беше толку добро снимена. Се препотив додека гледав. Гледам лоши коментари за сцената со Рик и Мишон, мене па ептен мерак ми направи, не беше пре романтично, не беше развлечено, едноставно природно ми делуваше, бидејки навистина им се развиваше односот со текот на времето. Не ми делува исфорсирано сакам да кажам, не ми делува на фан сервис, бидејки според мене се одличен пар а и време беше Рик да има некој покрај себе после Лори, а Мишон ми е перфектна за тоа, некоја што може да се грижи за себе, па и за Рик, без да он да се замра да биде бејбиситер како што беше ситуацијата со Лори. Да не должам премногу, пристрасна сум, ги обожавам и двајцата а поготово заедно! Едвај чекам понеделник да видам како ќе се развива ситуацијата со Меги и Керол, а искрено очекувам Ниган да го запознаеме порано, а не во последната епизода како што беше најавено, некако пребрзо се одвива се. Се надевам нема да не затупат со филер епизоди до крај на сезонава.
Со Ниган очигледно порано ќе се запознеме, а глумецот е татко им на Сем и Дин од supernatural баш има фаца за таков негативец. Инаку не знам дали сте свесни ама овие сите несвесно станаа убици. Убиваат луѓе во сон, ништо лично што не им направиле, ги колат без око да им трепне не беа таква група, аама ко го слушаат Рик ете тоа е... Лоши станаа, немилосрдни, негативци... И кога ќе размислиш баш убо Ниган ќе им напрај. Тој си седи мирен, тие му одат кај него од чиста мира му убиваат луѓе, епа убаво ќе им врати.
@JollyGirl Таков е новиот свет убиј или ќе бидеш убиен, не се станале несвесно убијци, свесно станаа, бидејќи знаат дека ако не станеа убијци ќе настрадаа, такви се новите правила, се борат за да опстанат.А луѓето на Ниган како што разбрав не се цвеќиња за мирисање, не виде какви слики имаа по ѕидовите.Убиваат од задоволство а не затоа што мораат.Мислам дека ти малку ја имаш утнато целата поента на приказната. Мое мислење Рик е најдобриот водич кој една група може да го има во време на Зомби апокалипса.
Не се цвеќиња за мирисање ама што бараа овие да одат кај нив и да ги убиваат? Нешто лично нив им направија? Не ни знаеа дека постојат, ама ете заради групата на Исус се нафатија тоа да го прават, и нели тие пола јадење и оружје ќе им дадат. За ПОЛА храна убиваа луѓе што не ги познаваат. Епа си го бараа искено, сега убаво ќе им покаже Ниган со кого фатиле работа. Па и секој нормален така би постапил како Ниган...кој што си бара тоа ќе добие...не се свесни сами што си направија, здрава нога во трн си ставија
Ниган дефинитивно не е нормален, и со сејвиорс нема договарање, нормално, повеќето од ликовите тоа не го знаат, ама доволно беше средбата на Дерил, Саша и Ејб со нив да им даде до знаење со какви луѓе имаат работа, а исто така и луѓето од Хилтоп. Не се негативци, антихерои можеби ама далеку од негативци. Рик го прави тоа што е потребно да се направи за да се преживее во тој свет. На кој не му се допаѓа, бујрум нека се снаоѓа сам. Тоа што толку време опстанаа како група кажува доволно за тоа дека нивните принципи и техники имаат плод. Ниган подоцна или порано ќе ги најдеше и ќе се справуваа со ситуација иста како на оние од Хилтоп. Исто така неколку пати ја научија лекцијата дека во овој свет нема место за прошка. Грешките ги направија со д Гавернер и Термитите, кога решија да не ги убијат туку само да се тргнат на страна и два пати ги снајде истата ситуација, што би се рекло it comes back to bite them in the ass. Не дека ги оправдувам, него едноставно сплетот на околностите во таков свет ти налага да правиш работи што во реалноста не би ти паднале ни на ум. Да не беше Рик ни пола од фациве што се во групава немаше да бидат живи. Можеби само Мишон и Дерил, евентуално Ејб, али во група, како поединци, теоретски шанси немаат.
Знаеш што значо пола храна во таква ситуација, значи живот.Така да секој би постапил на тој начин, Ниган ќе дознаеше за нив и кога тогаш ќе ги нападнеше за да им земe што имаат, немилосрдно.Така да јас ги оправдувам сите постапки.Зошто и покрај се сеуште имаат човечност.