The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    многу добра епизода ја гледав пред саат и уште сум под импресии
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    283.911
    И јас сум сеуште под импресии.
    Од самиот старт прилично интензивно, и со секоја измината минута следеше ново изненадување и адреналинот рипаше.

    Едвај чекам да видам како ќе се развива понатаму.
     
    На JollyGirl, Legadema и 1209 им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Е оваа епизода требаше да биде финале, а не таа претходната. Вакво нешто се чекаше :rock: Се надевам ќе продолжат со исто темпо.
    Да се препотиш дур гледаш :whew: Ете кога се храбри и сплотени можат да успеат.
    Инаку кога одеа еден по друг, нели на Сем почна да му се вртат зборовите на Керол, кога го плашеше и кутро детенце се здрви...значи таа е крива кога ќе размислиш што умре цело семејство :?: Зошто така му викаше? Зошто го плашеше уште на почеток? Одвратна бе.
    А Карл ваљда ќе преживее ама без едно око.
    Ајде следна побрзо (waiting) (waiting)
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Најјака епизода во серијава. Браво. Очите ми се залепија во телевизорот додека гледав. :clap::clap::clap:
     
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав новата, па добро де не може сите епизоди да се wow :) не беше нешто нај нај само последната сцена беше така поинтересна.
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Жал ми е што умреа некои луѓе. ;(;(
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Ја отупеа со епизодава, искрено очекував да го запознаат тој водичот на таа банда и да почне бул шит како со генералот. Па и тоа камионче, ко идиоти се понашаа Рик и Дерил и на крај го ебаа, им потона. Па уште мајка му фалеше на овој, да ја дотепа. А Рик мислев дека ја имаше сексано Мишон а тоа да им било прв пат, сеа ќе си има и црнче синче :D џоук бе.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    283.911
    Мислев да пишам коментар за оваа епизода, ама горе/доле се што сакав да речам си опфатила.

    Моментот со држењето на рачињата :puke:.

    Барем погрубо да се онадеа, со малку повише акција, они како папучари и тоа го изведоа |(.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Епизодава повеќе ми личеше ко да гледам исечоци од Глупавиот и поглупавиот :lol: Со Рик и Дерил.
    Тие двајца јаки, здрави, прави, млади, а Исус сам го истепа и 3000 далавери им направи :?: Не требаше да го остават на пат заврзан, пошто се гледа дека е опасен тип, требаше или да го убијат или да го онесвестат и така да го остават. Дур се завртат тој веќе качен на комбе.
    И најглупо беше уште на почеток кога им ги зеде клучевите од комбето. Кога видоа дека нема луѓе туку петарди, овој Дерил одеднаш рече: Еј абе овој ти ги зеде клучевите :?: Од кај се сети одма?
    Ајде битно се плесна Рик и Мишон, од кога му го фрли таа окото, само им се бутка во Рик и децата...очигледно си ги сака срцката :hug:
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Да бе, многу беше бљувотина, ај што моментот на испреплетување на прстите кратко траеше па и немаше ич романтика, толку сезони чекање за ова ли? :D
    А цело време мислев дека малиот ќе ги начека и дека ќе свршат до пола.:D
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    283.911
    ЈАс замислував на среде шума, на хауба, на кујнска маса, на тремот од куќата...


    :tmi:

    ама дека рачиња ќе си прекрстат НЕ.
     
    На 1209 и Abeja им се допаѓа ова.
  12. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    ех да и јас се чудам како Рик и Дерил дозволија да им го укрде овој новиот камиончето, многу непретпазливи се ,шеста сезона бе а вратата од каминчето Дерил ја остави отворена , а знае дека има и други луѓе... и место да го однесат дома камионче полно со храна тие ко тинејџери -ајде да видиме што има во амбарот, малку ја заглупвија епизодава Мишон и Рик....не очекував.
     
  13. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    гледав и ете беше адреналинска епизодата ама не се случи кој знае што (барем јас очекував повеќе од фармери и оној грегори костумисаниот ) е сега ме плаши чим одлучија да се борат со тие другите дека некој од нашиве ќе умре ама кој... во секоја сезона некој убиваат или го јадат зомбиња
     
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    24.566
    Пол:
    Женски
    Првата епизода после паузата беше една од најинтересни епизоди во историјата на TWD.
    Инаку овој новиов, "Jesus", ми е многу интересен лик и не сакам да испадне дека е лош или да го снема во брзо време, затоа што е баш освежување на серијава.
    Не сум информирана за тоа каква е неговата улога во стриповите, знае некој?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Jesus e прилично океј лик, и мислам дека уште доооолго ќе го гледаме, (доколку решат да ја следат приказната од стриповите) мислам дека на повеќето ќе ни стане миленик, а тоа што е згоден as hell не е на одмет :P

    Инаку слободно можам да кажам дека 6та сезона ми е врв од се до сега. До пред некое време 1ва сезона ми беше најдобра, сега го завзема второто место. Од епизода во епизода е се подобро. Поготово вчерашната.
    Акцијата беше толку добро снимена. Се препотив додека гледав.

    Гледам лоши коментари за сцената со Рик и Мишон, мене па ептен мерак ми направи, не беше пре романтично, не беше развлечено, едноставно природно ми делуваше, бидејки навистина им се развиваше односот со текот на времето. Не ми делува исфорсирано сакам да кажам, не ми делува на фан сервис, бидејки според мене се одличен пар а и време беше Рик да има некој покрај себе после Лори, а Мишон ми е перфектна за тоа, некоја што може да се грижи за себе, па и за Рик, без да он да се замра да биде бејбиситер како што беше ситуацијата со Лори.
    Да не должам премногу, пристрасна сум, ги обожавам и двајцата а поготово заедно! :D

    Едвај чекам понеделник да видам како ќе се развива ситуацијата со Меги и Керол, а искрено очекувам Ниган да го запознаеме порано, а не во последната епизода како што беше најавено, некако пребрзо се одвива се. Се надевам нема да не затупат со филер епизоди до крај на сезонава.
     
    На JollyGirl, MandyLane и 1209 им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Со Ниган очигледно порано ќе се запознеме, а глумецот е татко им на Сем и Дин од supernatural :inlove: баш има фаца за таков негативец. Инаку не знам дали сте свесни ама овие сите несвесно станаа убици. Убиваат луѓе во сон, ништо лично што не им направиле, ги колат без око да им трепне :!: не беа таква група, аама ко го слушаат Рик ете тоа е... Лоши станаа, немилосрдни, негативци... И кога ќе размислиш баш убо Ниган ќе им напрај. Тој си седи мирен, тие му одат кај него од чиста мира му убиваат луѓе, епа убаво ќе им врати.
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.158
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl Таков е новиот свет убиј или ќе бидеш убиен, не се станале несвесно убијци, свесно станаа, бидејќи знаат дека ако не станеа убијци ќе настрадаа, такви се новите правила, се борат за да опстанат.А луѓето на Ниган како што разбрав не се цвеќиња за мирисање, не виде какви слики имаа по ѕидовите.Убиваат од задоволство а не затоа што мораат.Мислам дека ти малку ја имаш утнато целата поента на приказната.
    Мое мислење Рик е најдобриот водич кој една група може да го има во време на Зомби апокалипса.
     
    На Legadema и Paradox им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не се цвеќиња за мирисање ама што бараа овие да одат кај нив и да ги убиваат? Нешто лично нив им направија? Не ни знаеа дека постојат, ама ете заради групата на Исус се нафатија тоа да го прават, и нели тие пола јадење и оружје ќе им дадат. За ПОЛА храна убиваа луѓе што не ги познаваат. Епа си го бараа искено, сега убаво ќе им покаже Ниган со кого фатиле работа.
    Па и секој нормален така би постапил како Ниган...кој што си бара тоа ќе добие...не се свесни сами што си направија, здрава нога во трн си ставија
     
  19. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Ниган дефинитивно не е нормален, и со сејвиорс нема договарање, нормално, повеќето од ликовите тоа не го знаат, ама доволно беше средбата на Дерил, Саша и Ејб со нив да им даде до знаење со какви луѓе имаат работа, а исто така и луѓето од Хилтоп.
    Не се негативци, антихерои можеби ама далеку од негативци.
    Рик го прави тоа што е потребно да се направи за да се преживее во тој свет. На кој не му се допаѓа, бујрум нека се снаоѓа сам.
    Тоа што толку време опстанаа како група кажува доволно за тоа дека нивните принципи и техники имаат плод.
    Ниган подоцна или порано ќе ги најдеше и ќе се справуваа со ситуација иста како на оние од Хилтоп.
    Исто така неколку пати ја научија лекцијата дека во овој свет нема место за прошка. Грешките ги направија со д Гавернер и Термитите, кога решија да не ги убијат туку само да се тргнат на страна и два пати ги снајде истата ситуација, што би се рекло it comes back to bite them in the ass.
    Не дека ги оправдувам, него едноставно сплетот на околностите во таков свет ти налага да правиш работи што во реалноста не би ти паднале ни на ум.
    Да не беше Рик ни пола од фациве што се во групава немаше да бидат живи. Можеби само Мишон и Дерил, евентуално Ејб, али во група, како поединци, теоретски шанси немаат.
     
    На Legadema, MandyLane, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.158
    Пол:
    Женски
    Знаеш што значо пола храна во таква ситуација, значи живот.Така да секој би постапил на тој начин, Ниган ќе дознаеше за нив и кога тогаш ќе ги нападнеше за да им земe што имаат, немилосрдно.Така да јас ги оправдувам сите постапки.Зошто и покрај се сеуште имаат човечност.
     
    На Paradox и MandyLane им се допаѓа ова.