sea planiram da pochnam da ja gledam cela od 1va do 7ma sezona , dodeka da izleze 8mata sho valjda kje e posledna
Гледав последните епизоди , ги донесоа конечно шепкачите , ако ги направат гадни и интересни како во стриповите , очекувам одлична сезона, е сега проблемот е што во стриповите како главен карактер е CORAL што им ја влече приказната , ама бидејќи го утепаа минатата сезона и сега ја пораснаа Џуди , претпоставувам дека она ќе го замени во таа улога , плус и сигурно и ќе развлечат малце понатаму плус некоја сезона како што направија со Ниган.
Јас веќе не ја ни гледам, се откажав предходната сезона, си велев ќе ја изгледам пред да почне новата, ама никако не добив желба да ја завршам. Некако безвеза ми стана и баш ми е криво оти ми беше омилена серија.
Јас уште сум и верна на серијата. На периоди ја пропуштав ама после ги гледав сите пропуштени епизоди онлајн па сега пак сум во тек. Мене ми се последните епизоди одлични. Ете мене ми лекна кога Рик се тргна од серијата, навистина ми стана патетичен и иритантен, мада дешавката со него на мостот кога се разнесе ме расплака дури. Само ме интересира ако го тргнале од серијата ќе сознаеме каде е, што е, штом очигледно преживеал??? Последната епизода со шепкачите ми беше ептееен напната. Сега тоа шепкачите се луѓе само под маската на мртовците така ли?
Продолжувате ли да ја гледате??? јас на стара слава ја гледам, едвај!! Ништо не е исто без Рик, ама и со него веќе се знаеше дека и доаѓа крајот..ептен ја развлекоа, а ништо не нудат..
Ја гледам уште и јас, ама некако се разочарав значи безвеза се трупаат епизоди само а ништо не се случува
Ja гледам, повеќе од навика. Спин-оф серијата Fear The Walking Dead ми е поинтересна. @Emma2 , мислам дека ја тераат во правец Неган да стане лидер на Александрија, како добар овојпат.
Само првата епизода ја изгледав ама не ме привлече, излеа дека тогаш уште бев загреана за оригиналниве
Ми се виде интересна мене FTWD се мислам да ја почнам, а за Ниган мислам дека одамна требаше да завршат со него
Досадни се и walking dead и fear the walking dead, не знам ни што им требаше fear the walking dead кога нема врска со никаков почеток ниту со ликовите од продолжетокот, мислам дека ептен ја утнале. Тотално се во хаос, нема никаква смисла веќе се што се случува. Само првите две сезони беа добри, се понатака е развлекување до недоглед. Исто како Lost, не знам дали ја прекинаа серијата ама се изгубија и тие, не знаеја кај тераат. Исто и Colony престанале да ја снимаат. Така е кога ќе почнеш нешто, па ќе се уплеткаш и на крај немаш идеја што понатаму.
Готово, уште оваа сезона им е, нема да снимаат повеќе! Чекам да видам Ниган што планира да прави, иначе ќе ја баталев до сега... неможам ваков Дерил да го глеам со дечишта опкружен без некој саглам ангажман и акција ко што го знаеме во право светло.
Тотално се изгубија, не знаат што да прават, не знаат како да ја завршат серијата зашто не знаат ни како почнаа. Смешни ми се сега, се одвојуваат, се спојуваат не знам кој што прави. Значи нема да заврши туку ќе ја прекинат, бидејќи овие случки не најавуваат крај. Рик го снема, ќе искочи на крај го земале марсовци. Дерил не ми е во својствена за него улога. Мишон кај наоѓа гардероба топтан за нејзиниот гз. Шта речи, Меган ја снема, а Исус го изедоа, а Ниган им избега, се појавија нови шетачи. Турлитава, едвај чекам да заврши конечно.
Саманта Матис што ја глуми Алфа на овие Шетачиве е глумица што ја познавам одамна и знам дека е добра глумица, .. како за нов лик жити она што мааааалку ми дава надеж ама сепак овде веќе глума не е пресудна за успех, едноставно работиве се измешаа и се изгуби скроз поентата, барем лек за спас да се најдеше на крајот Или да испаднеше дека е се само сон/кошмар на Рик дур лежи во кома.. барем таков крај иако клише колку толку ќе извадеше некако, ама ова сеа, ни вода ни киселина... ја догледувам на стара слава само... толку...