Режисер: David Schwimmer Жанр: драма, трилер Главни ликови: Clive Owen, Catherine Keener, Liana Liberato,Jason Clarke,Viola Davis,Chris Henry Coffey Накратко, девојкава Annie, неколку месеци 24/7 преку интернет разговара со Charlie, кој на почетокот се претставува како 15 годишно момче. По одредено време договараат средба, но излегува дека тој всушност има околу 35 години и не е оној кој се претставувал. Го имате гледано? Ваше мислење за филмот? Од мене има 10/10.
Добар филм е, и од мене има 10ка. Ја покажува наивноста и лековерноста на тинејџерите. Тој гад, па дури и оженет и дете, па и професор, а заведува мали девојчиња. Има вакви случаи, филмот е добар за да ја пробуди свеста со кого се разговараме и на кого да веруваме по социјалните мрежи.
Еден од моите омилени филмови Дефинитивно едно од најдобрите филмски остварувања снимени во 2010 година Моќен филм, филм кој испраќа многу цврста порака и поука, филм кој откако ќе го изгледате ве остава без зборови, ве поттикнува на размислување, неверојатен е тој импакт, печат кој го остава кај гледачите, приказната, нејзината актуелност, влијание, поучност, значајност, тежина сите овие елементи укажуваат на квалитетот важноста на самиото филмско - кинематографско остварување. Дејвид Швимер сосема добро ја долови приказната од режисерски аспект, актерската екипа одлична, посебно тука би ја потенцирал улогата на младата - талентирана Лиана Либерато која ме фасцинраше со нејзиниот неверојатен перформанс, улога достојна за номинација за оскар, една од најдобритте женски улоги за 2010 година максимално внесена во улогата на мадата девојка Ени, сосема солидни се и улогите на Кетлин Кинер и Клајв Овен, впечатлива во улогата е и Виола Дејвис Филм кој мора да се погледне и дефинитивно го заслужува вниманието на гледачите, посебно го препорачувам на лицата кои се во пубертет на тинејџерски години бидејќи и тие најдобро можат да ја разберат поточно да ја увидат опасноста која демне на интернет- сајбер просторот, опасноста од интернет предаторите, филмот е задолжителен и за родителите кои имаат деца на оваа возраст. Поради квалитетот, пораката, поучноста на приказната, филмот заслужува да биде задолжително погледнат Ќе го номинирам за филм во Феминско Филмско Фоаје за нареднава недела
Го изгледав филмов пред некој ден и можам да кажам дека е еден од подобрите филмови кои сум ги гледала, а се занимавале со ваква тематика.
Ми се свиѓа во поглед како е направен и како се изградени ликовите, но содржината ми е некако веќе видено. Сакам малку измени на улогите, чисто да се разбие стереотипизацијата. За оваа тема конкретно, пример, таков ми е Hard Candy и дури преминувам преку тоа што за мој вкус воопшто не беше добро направен иако имаше оригинална почетна идеја.