Оваа тоа летна вода не трае? Баш ја меркав да си ја купам наредно со некое од маслата или лосионот за тело
Да таа. Преубаво мириса, ама трајност никаква. Сега порачај ја оти има попуст и плус уште 20% гледам, баш ја ставив повторно во кошничка и излегува 865 ден. Земи го и монои маслото со светки. И тоа е на попуст. Плус многу вредни подароци. Јас имав нарачка од 2650 ден и ја добив чантата. Ама немаше попуст.... Сеа ми е криво што не почекав два дена ќе имав повеќе попуст, па за тие пари ќе земев уште еден производ... Околу маслото да се вратам. Тоа од синоќа се намачкав уште мирисам. После пред да излезам ќе ставам масло и тоалетна вода на кожа па ќе видам трајноста дали е подобра.
До кога трае дополнителниот попуст -20%, само викендов, или? Инаку јас го користев парфемот ама освен што не е траен - многу слаба проекција имаше само јас си го осеќав, така да стално со себе си го носев и го обновував и се прскав со него и многу брзо го потрошив.Парфемот сам по себе многу убаво мириса таков мирис нема сличен, од маслото ми остана уште малку, многу убаво ја негува кожата и дава сјај и суптилни светки, сами на себе ќе си мирисате преубаво. Spoiler: Yves Rocher - Monoi
Како што прочитав на страната само викендов. Ама ги тргнаа некои од исплатливите сетови, пред попустот многу листав и порачував нешто. за маслото се согласувам. Немам користено подобро. И тоалетната вода преубаво ми мириса ама и јас сакам силна проекција и трајност што ги нема.