Дали и колку читате љубовни романи/романчиња?Доколку веќе имате прочитано,кој роман би ми го препорачале?Барам некоја ептен љубовна книга, некако во последно ми се плаче, хахха ми се чита љубовен роман (многу многу љубовен).
http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... &Itemid=92 Мислам дека ќе ти се допадне Страници за нашата љубов, од Николас Спаркс. Ако го немаш гледано Тhe Notebook ти ја препорачувам книгава, бидејќи филмот е направен според неа
Чекори за сеќавање....земи си ја и прочитај ја. Оваа препорака е поради тоа што кажа дека ти се плаче
ја би ти ги препорачала и романите од даниела стил класика се само ако можеш најди српски превод многу е поубав
Љубов за време на колера - Маркез Маркез има многу убави дела, љубовни романи, а оваа книга му е една од поубавите.
Дефинитивно Чекори за сеќавање од Спаркс. Книга која во исто време ќе ти нанесе и насмевка и солзи на лицето. Исто така и романите на мојата омилена Даниела Стил се доста добри
Обожавам да читам љубовни романи. Јас би ти ги препорачала Страници за нашата љубов , Љубовта на Стефани Плам , Врела крв , Порака во шише.
Девојката на командантот не би ја препорачала па и не е главна тематика љубота а и башка тоа завршува нејасно и се е дообјаснето во Сопругата на дипломатот Спојлер (вториот дел во кој главен лик е марта девојтака која го уби командантот)
Шолја чај си ја купив од Матица сега со попустот. Љубовен роман е? По насловот не ме асоцираше на тоа, ама ја земав бидејќи имам слушнато многу пофални зборови за неа
Во Девојката на команданот не е главна тематика љубовта, но има некоја жица која е водена од љубовта. Колку ја гризе совеста девојката дека го изневерила дечко и како се викаше .. А шоља чај е некоја межавина од љубовен роман, трилер, драма..
Али и Нино (Курбан Саид) ми е еден од омилените љубовни романи. Љубов во време на колера веќе ја спомна Ординери, е тоа е исто така прекрасен љубовен роман.
Како можев да не се сетам? Најдобриот на сите времиња - Дамата со камелии од Александар Дима, синот. Сум ја читала и исплакала многу пати
Не читам многу љубовни романи ама би ти ја препорачала Порака во шише и оваа што моментално ја читам Чевлите на другата жена од Адел Парк, што ме остава без здив..
А кај се заборава тука „Оркански височини“? Ех... дело што навистина вреди да се прочита, иако не е со среќен крај...