Zdravo do site clenki ... Nikogas ne veruvav deka ke go pisam ova ama ete i toa dojde red ... Za zal ... Imam dve decinja fala mu na boga i neplanirano ostanav bremena ... Rana bremenost e samo mesec dena ne sum spremna da ja zadrzam i bi ve zamolila da mi dadete sovet i vase iskustvo.. maticna mi e nadica geroska ne znam dali nekoja od vas e kaj nea ne bi sakala da odam na zafat i ne znam dali mozebi taa doktorka dava medikamenti za prekin na bremenost. Vi blagodaram na site za odgovorite.
Ја би ти кажала да си одиш на државно со медикаментоза да си завршиш. Ја како што знам само на државно можеш да ѓи добиеш тие лекови. Немам лично искуство, но знам преку моја блиска другарка заедно одевме на државна. Инаку лековите се тешко достапни, ѓи чуваат и даваат на блиски луѓе.
Јас за абортус ( само доколку навистина постои проблем и причина) не би се нафатила.. Но ако веќе би требало преферирам киретажа!! Ви двата случаеви траумата, психолошката и емотивната болка и недостатокот на дел од тебе се присутни...
Другарка ми нема родено, со киретажа може да се случи некои инфекции, компликации (барем така и кажа гинекологот), за жена што нема родено препорачуваат да абортира со лекови. Колку порано, толко полесно поминува. Во периодот кога остана бремена, другарка ми пиеше лекови препишани од дерматолог за проблеми со лицето од кој што не смееше да ја задржи бременоста.
И јас немав родено па две киретажи имав.... Да чукнам никаква инфекција.. Тоа со терапија доколку доктор и рекол дека неможе да ја задржи бременоста тогаш најдобро е тие да им кажат што да прави.. Сепак медикаментозно е поболно мислам логички нештото да го отфрлаш од себе... Гледано медицински и тоа придонесува за инфекција доколку не се исчисти како што треба...
Точно, не се дочисти. Пиеше капки 1 недела и после 1 недела кристал чисто. Моја препорака и е со медикаментоза, за повеќе нека си одлучи членката.
Не секогаш тие гаранција дека со апчиња ќе се исчистиш скроз. 80% завршуваат на киретажа пак, плус траума поголема , поголема болка . Со лековите целиот процес трае подолго. Ние жените и без киретажи имаме инфекции.
Затоа и пишав... Сепак доктор е најдобро да одлучи.. Сепак ништо не е сигурно инфекција Недај боже може да биде и со медикаментозно и со операција така да во вакви случаеви е 50:50 и ништо не ти е сигурно.. Ако гледаме реално и логично...
Во ред да, но кажувам за кратко искуство од другарка, не сум имала да коментирам со сигурност, затоа кажувам све што гинекологот рекол. Другарка ми не се исчисти па зимаше капки да се дочисти и на крај на процесот после капки отидовме на гинеколог и беше чиста. Знам дека е болен процесот, уште бевме студенти кога се случи тоа, бев преселена таа вечер кај неа во стан и знам све што помина. Болки умерени имаше цела недела после тоа и крвареше умерено некој си 10 дена.
Здраво на сите Сакав да го споделам моето искуство со абортус, ќе биде детално опишано во случај некој ако би сакал да постапи исто. Направив два теста за бременост и двата беа позитивни, потоа закажав за ЕХО кај Др. Радица Бојчева, која е АНГЕЛ, прекрасна и многу паметна жена, се ми објасни како што треба, строго ја препорачувам доколку не знаете кај кого да одите. Имам 24 години и дознав дека сум бремена 7 недели, одлучив за абортус бидејќи според мене да се има дете треба да бидеш психички, физички и финансиски спремна, јас моментално не се чуствувам така. Истражував начини на абортус и искрено не ми се свиѓаше абортус со апчиња бидејќи звучи како премногу болка и тоа не е гарантирано дека ќе се отстрани тотално плодот, така да зошто да трпам толку болка ако има 10-20% шанса да биде неуспешно? Се одлучив за абортус со вакумска аспирација во Систина кај Др. Златко Палчевски, тоа чинеше 19.800 денари. Се до моментот на операцијата дечко ми ме прашуваше "Сигурна ли си?", со него сум година ипол заедно и сметам дека е пребрзо за дете не сме ни во брак. Тој кажа дека ќе ме подржува било која одлука да ја донесам, сакам да кажам ако немате разбирлив дечко/маж кој ве тера да се двоумите, немојте. Само вие ја имате конечната одлука, вие ќе го носите тоа бебе 9 месеци и вашето тело ќе трпи. Ако се одлучите да продолжите во Систина, директно одите на 3-ти кат. Јас мислев дека на првиот кат е главниот шалтер но не, изгледа имаат шалтери на секој кат. На шалтерот ќе кажете кога ви е терминот и ќе потполнете лист со лични податоци, потоа одите во чекална. Кога ме викнаа, дечко ми остана да чека а мене ми кажаа да одам во друга соба сама. Во собата ме чекаше докторка која повторно ме прашуваше за лични податоци, дали редовно примам некој лек и дали пушам/пијам/се дрогирам. Потоа се потпишувате на некои листови. Препорачливо е да не одите сами бидејќи после операцијата не смеете да возите. После тоа во истата соба се соблекувате(не пред докторките) целосно и облекувате спавача и влечки од нив. Иде докторка со лист и запишува што оставате во шкафот, ако носите кеш ја запишува сумата. Потоа директно одите во собата за операција, легнувате на креветот и нозете ги ставате во вис исто како на преглед кај гинеколог, ве боцкаат на предната страна од дланката и со тоа ве успиваат. Јас се разбудив во креветот во собата каде што првично бев, не се сеќавав ништо како сум стигнала до таму. Самата операција трае 10 минути потоа ве оставаат да се одморите саат време. Можеби оваа е премногу информација но јас се разбудив не знаејќи дали ми се повраќа, дали ми се оди по голема нужда или едноставно ме боли стомакот, исто така и ми се вртеше. Исповратив, но бидејќи не смеев да јадам и да пијам ништо последните 8 часа пред операцијата, немаше многу. Потоа станав, се облеков и отидов пак кај докторките, но повторно ми се повраќаше и влезив во тоалетот во собата. На крај докторките ми препишаа три видови на лекарства, две апчиња и капки што се ставаат или во храна или во течност. Исто така, ако сте крвна група А негатив, МОРА да примете вакцина во рок од 72 часа, препорачливо е во истата ден после операцијата. Имаше опција да ви ја стават во Систина или сами да си ја купите и да ви ја стави гинекологот, јас одлучив второто. Ме боцна во бутот/газот додека седев, ништо страшно. Пожелно е после операцијата да бидете слободни и да се одморите. Незнам за другите жени, но јас после операцијата немав никакви болки, ни доле, ни во стомакот. Се на се, пофалби до Систина бидејќи беа професионални и многу грижливи и добри. Се надевам оваа информација би била корисна на некој што го чита ова Не користам фемина, овој профил го направив чисто за да споделам искуство.
Извини вака, читам и не ми се верува што читам. Прво и основно, не си била спремна за дете, дечко ти многу те разбира и сте имале незаштитен однос или како и да е па си одлучила ти сама, зошто ти ќе го носиш девет месеци да го абортираш и тој не те двоумил... А се работи за бебе! Многу себично и незрело. Но ова е мое мислење, како што ти си го кажуваш своето. И ова што си го пишувала во детаљи, на мнооогу девојки им е јасно само од поинаква страна и дури би рекла во поголема форма, борејќи се и молејќи се секој ден за бебе. Убаво можеби што го доживуваш ова позитивно, ама мене ми е апсурдно кога читам и воопшто не е за некој да ти се поклони. Во секој случај, убаво чим си поминала добро и се е во ред.
И јас се борам за бебе па не префрлам вина на тие што се одлучиле за абортус. Секој има право на избор, сигурно не е лесна одлука ама за некој во одреден момент е правилна.