Мене лани ми бараа на зимски гуми од опрема ланци да имам. Јас кажувам имам зимски гуми и ми вели "А што ако падне многу снег и заглавиш некаде", ама не ми пиша казна.
Не го разбираат законот. Ако има на гумата исцртано снегулка со отпревртена планина или М+С ознаки не треба ланци. Ланци се носат ако возиш со летни или целозонски или пак возиш со зимски ама во предели каде што сообраќајот е отежнат во зима т.е ридско планински места и пред да влезиш во тој реон има исцрано знак табла за зимска опрема и лизгав коловоз.
4-сезонските гуми што се продаваат во Македонија (а и во цела Европа) имаат планина и М+С знак. Провери си ги твоите 4-сезонски гуми и ќе се увериш. Доколку шарите на твоите 4-сезонски гуми се подлабоки од 4мм, не ти требаат синџири за снег.
Дали те имаат некогаш запрено во зимско време? Ме интересираат искуства од други луѓе кои биле запрени. Јас никогаш не сум бил запрен, но одам спремен да се расправам со тој што ќе ме запре. Инаку според правилникот за зимска гума се смета доколку има планина со 3 врва и М+С знак, што ги има кај 4-сезонските. Постои недостаток кај правилникот што не зема во предвид дека постојат и 4-сезонски гуми. Дали од небрежност кај нашиве политичари дали намерно за да биде отворен законот за толкување од полицаецот кој ќе те запре и казни, за да полни квота од буџет кој знае едит: не ми излегува убаво сликата, еве линк
Ме имаат ама општа контрола, за гуми не ни спомна. Како шо кажа, AllSeason гумите не се опфатени во законот и ги сметаат како летни, ете ради небрежност може или пак со причина зошто подлогата за грип е пола мека (зимска) и пола тврда (летна). Ради половината зимска подлога има нацртано планина. Но законски, ако те запрат ќе ти бараат ланци без разлика шо има планина.
За пари сега ќе казнуват. Лани ме имаја застанато прашваја само дали имам гуми. Не ни рекоја да отворам багаж дали имам ланци,лопатче ни ништо. Застанати се сега на секоја втора улица и по 3 коли застанват и прво дали носиш зимска опрема. Да незнај чоек дали да се води спрема објавите на социјални мрежи или спрема то шо бара џандаро. Пола ни законите самите не ги знаат.
Дај некој нека го изкопа законот да го видиме точно за да некои недоучени полицајци си играат играчки
Од “ПРАВИЛНИК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА НА ВОЗИЛОТО, ВЕЛОСИПЕДОТ И ЗАПРЕЖНОТО ВОЗИЛО ЗА БЕЗБЕДНО УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА, КАКО И НА ТРАКТОРИ ЗА БЕЗБЕДНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ, ОДНОСНО ШУМСКИ РАБОТИ“ Службен весник на РМ, бр. 31 од 03.03.2010 година од пребарување резултати ми го дава како најнов