Автомобили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 7 април 2010.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    9.517
    Пол:
    Машки
    Не мора. Само за летни и AllSeason мора да носиш во гепек ланец и длабочина на шарата да е 4мм.
     
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Машки
    Мене лани ми бараа на зимски гуми од опрема ланци да имам. Јас кажувам имам зимски гуми и ми вели "А што ако падне многу снег и заглавиш некаде", ама не ми пиша казна.
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    9.517
    Пол:
    Машки
    Не го разбираат законот.
    Ако има на гумата исцртано снегулка со отпревртена планина или М+С ознаки не треба ланци. Ланци се носат ако возиш со летни или целозонски или пак возиш со зимски ама во предели каде што сообраќајот е отежнат во зима т.е ридско планински места и пред да влезиш во тој реон има исцрано знак табла за зимска опрема и лизгав коловоз.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Машки
    4-сезонските гуми што се продаваат во Македонија (а и во цела Европа) имаат планина и М+С знак. Провери си ги твоите 4-сезонски гуми и ќе се увериш.

    Доколку шарите на твоите 4-сезонски гуми се подлабоки од 4мм, не ти требаат синџири за снег.
     
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    9.517
    Пол:
    Машки
    Имаат М+С но законот не ги смета за целосно зимски и МВР бара ланци.
     
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.611
    Во град немора ланци ако имаш зимски гуми. Надвор од град мора зимски гуми и ланци.
     
    На Mr.Limonko и quattro им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Машки
    На автопат ако си бил, мора да имаш ланци.
     
    На Mr.Limonko и AAKG им се допаѓа ова.
  8. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Машки
    Дали те имаат некогаш запрено во зимско време?
    Ме интересираат искуства од други луѓе кои биле запрени. Јас никогаш не сум бил запрен, но одам спремен да се расправам со тој што ќе ме запре.

    [​IMG]

    Инаку според правилникот за зимска гума се смета доколку има планина со 3 врва и М+С знак, што ги има кај 4-сезонските. Постои недостаток кај правилникот што не зема во предвид дека постојат и 4-сезонски гуми. Дали од небрежност кај нашиве политичари дали намерно за да биде отворен законот за толкување од полицаецот кој ќе те запре и казни, за да полни квота од буџет кој знае

    едит: не ми излегува убаво сликата, еве линк
     
    Последна измена: 17 ноември 2025
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    9.517
    Пол:
    Машки
    Ме имаат ама општа контрола, за гуми не ни спомна.

    Како шо кажа, AllSeason гумите не се опфатени во законот и ги сметаат како летни, ете ради небрежност може или пак со причина зошто подлогата за грип е пола мека (зимска) и пола тврда (летна). Ради половината зимска подлога има нацртано планина. Но законски, ако те запрат ќе ти бараат ланци без разлика шо има планина.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.611
    За пари сега ќе казнуват. Лани ме имаја застанато прашваја само дали имам гуми. Не ни рекоја да отворам багаж дали имам ланци,лопатче ни ништо. Застанати се сега на секоја втора улица и по 3 коли застанват и прво дали носиш зимска опрема. Да незнај чоек дали да се води спрема објавите на социјални мрежи или спрема то шо бара џандаро. Пола ни законите самите не ги знаат.
     
    На Mr.Limonko и quattro им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.492
    Допаѓања:
    187.164
    Дај некој нека го изкопа законот да го видиме точно за да некои недоучени полицајци си играат играчки
     
  12. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Машки
    Од “ПРАВИЛНИК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА НА ВОЗИЛОТО, ВЕЛОСИПЕДОТ И ЗАПРЕЖНОТО ВОЗИЛО ЗА БЕЗБЕДНО УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА, КАКО И НА ТРАКТОРИ ЗА БЕЗБЕДНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ, ОДНОСНО ШУМСКИ РАБОТИ“
    Службен весник на РМ, бр. 31 од 03.03.2010 година

    од пребарување резултати ми го дава како најнов

    photo_2025-11-18_16-56-19.jpg
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    26.615
    Пол:
    Женски
    Ме интересира мислење за Renault Rafale Esprite Alpine Full Hybrid ?

    Бевме загреани за Byd Seal U DM-i ама денес бевме да го видиме реното и ептен ни се свиѓа само дали вреди толку пари?
     
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    9.517
    Пол:
    Машки
    Аплин е високо ниво на опрема. Е сега толку скапо Рено, не знам зошто не е премиум бренд. А како ќе се покажи не се знае, тоа се гледа после првата експлотација од производството.
    Иначе релативно нов добар автомобил но и скап за бренд како Рено.
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    26.615
    Пол:
    Женски
    Па искрено цените со фул опрема за марки од тој ранг се тие исто се движат, имавме пробна вожња со новиот Пежо 3008 исто хибрид, Туксон и Byd plug in , Tesla и оваа. Во опција ни е и Тигуан ама од сите визуелно највеќе не привлекува Реното. Е сега, француските се нели со три цилинтри, за кој не убедуваат дека му помагаат на Е моторот и воопшто не е проблем со новиве техмологии ама сепак пари се во прашање и ако има некои кој се разбира добро од наведениве коли да кажи про и контра би ни било корисно.
     
  16. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.611
    Од хибриди шо понастрана.
    Барајте чисто бензинец атмосвер или турбо мотор или дизел. Тие хибриди мибриди за брзо време ќе почнат да прат проблем. Освен едина кола која покажа позитивни страни е Тојота Корола хибрид. Од 2020 се до денес немаат проблеми. Рено едино има дизел добар мотор а бензинците им се слаба страна. Бензинец само јапонец.
     
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    26.615
    Пол:
    Женски
    А запознаен си со BYD и Тесла? Живееме Австрија, па полнење тука воопшто не е комплицирано, имаме опција и за во наш гаража полнач да стави е а гледам дека се повеќе ги возат?
     
  18. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.611
    Тие се чисто на струја и кај нив е башка батерија која е правена стрикно да се полни поспоро за разлика од хибриди кој се полнат при возење. Со Тесла немам искуство освен само знам дека батериите се поразлични пошто работам во фирма со такви батерии само за помали возила.
    Кај нас во МК нема доволно полначи и е проблем за такви коли кој се чисто само на струја.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.