Автомобили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 7 април 2010.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Годинава прв пат треба да поминуваме низ технички преглед. Ме интересира што прегледуваат на технички и колку чини техничкиот? Фала ви!
     
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    11.819
    Пол:
    Машки
    Проверуваат светла, трепкачи дали работат. Проверуваат подвозјето во каква состојба е, ја ставаат колата на тест со оптеретување и тест стрес на амортизерите, предницата, кочниците дали кочат и рачната дали е исправна. На крајот проверуваат и издувни гасови.

    Техничкиот е околу 5000-5500 зависи, осигурањето е поскапо ако ти е прва година, секоја наредна ако ја регистрираш кај иста осигурителна и си без штета, ти се поефтинува секоја годија осигурањето. За почеток првата година е околу 7000 плус минус осигурање. Други давачки имаш за државни патишта, зелена такса и адм. трошоци.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Не не, оваа ни е прва година за технички а веќе трета регистрација и осигурувањето ќе биде секако поевтино ама до сега не сме правеле технички и сите рекоа околу 2-3 илјади дека е техничкиот.
     
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    11.819
    Пол:
    Машки
    Јас ја регистрирав колата во Април ми зедоја 5500 денари за технички. Технички 4400 денари останатите до 5500 за административни трошоци, патишта и екологија.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу @quattro, сега во јули ќе ја регистрираме па баш ќе пишам колку наплатиле :D
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Технички се прави на секоја регистрација, возилата од автошколите и ако не се лажам возилата кои носат патници 2 пати годишно.
    Има еден калкулатор, и од прилика точно смета. Барем за мојата кола.
    https://automakedonija.com.mk/kalkulator/
     
  7. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Технички, првите две регистрации за нова кола купена од салон, не се прави. Затоа прашав бидејќи нас ни е трета регистрација, инаку фала ти за споделениов калкулатор.
     
    На Four му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Препорака каде да ја носам за полирање фарови?
     
  9. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    1.304
    Пол:
    Женски
    Не ми работат и двете стоп светла. Отидов кај мајстор ми ги смени бидејќи мислев дека се само сијалиците , но и после тоа стоп светлота не работеа. Ми кажа да одам кај електричар да провери дали проблемот е до осигурувачот или до нешто друго..
    Дали некој имал сличен проблем и што би можело да биде причината ако не работат и двете стоп светла? И отприлика колку би чинела дијагностиката/поправката кај електричар?
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.803
    Допаѓања:
    43.193
    Пол:
    Машки
    Најверојатно е до осигурувач. Не би требало да чини многу.
     
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    11.819
    Пол:
    Машки
    Можно е да е реле или осигурач или пак оксидација на жиците тоест инсталациката. На автоелектричар подетално ќе се знае.
     
  12. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    1.750
    Прекидачот шо стој на педалото за кочница то недава контакт за да светат назад штопојте на кочење. Се кршат внатре. Најверојатно немаш ни темпомат пошто нанего е врзан и темпомато. Нови се од 500 денари до 100 евра зависи за шо кола е.
     
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.973
    Допаѓања:
    64.771
    Пол:
    Женски
    Ај да ми каже некој што се разбира. Дали е добро да ја палам колата да брчи в место 10-15 минути на 2-3 дена ако не ја возам пречесто? Дизел е, и претходно од што беше слаб акумулаторот престана да пали па сменавме нов. Но по некое време пак се пали со мало одложување (да, почекувам 2-3 секунди да се исклучат светлата после контакт).
    Гугл ми вика поарно е 2-3 пати месечно да ја возам на автопат со 2000+ обртаи отколку да ја палам в место само. Јас секако 2-3 пати месечно ја возам по еден саат во еден правец. Но мислев дека дизел е треба да ја палам на 2-3 дена в место ако не ја возам преку неделата бидејќи ми е страв пак да не не ми пали (ради што е поладно периодов а и поладно ќе станува).
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.286
    Допаѓања:
    19.248
    Пол:
    Женски
    Акумулатор и на бензинци се троши, некаде 2 години им е рок на траење.

    Инаку на дизели тоа им е мааната кога е ладно.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    1.750
    Еднаш неделно е доволно да се пали кола и да поработи во место ќе го наполни акомулаторот колку што е потребно. И мојата едната стој не ја возам и ја палам еднаш неделно да дополни струја. Нормално е малце да одвлекува палење на ладното. Ако ти го троши акомулаторот дури стој возилото треба да си провериш дали ти троши струја негде дали радио или некоја сијалица ти останува уклучена пример во багажник или фиока па го троши акомулаторот.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    11.819
    Пол:
    Машки
    Можеш да ја палиш во место нема гајле. Ама барем преку две недели повозија 2 пати неделно колку да се издува дпф и егр филтерот а и самата кола.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.