Годинава прв пат треба да поминуваме низ технички преглед. Ме интересира што прегледуваат на технички и колку чини техничкиот? Фала ви!
Проверуваат светла, трепкачи дали работат. Проверуваат подвозјето во каква состојба е, ја ставаат колата на тест со оптеретување и тест стрес на амортизерите, предницата, кочниците дали кочат и рачната дали е исправна. На крајот проверуваат и издувни гасови. Техничкиот е околу 5000-5500 зависи, осигурањето е поскапо ако ти е прва година, секоја наредна ако ја регистрираш кај иста осигурителна и си без штета, ти се поефтинува секоја годија осигурањето. За почеток првата година е околу 7000 плус минус осигурање. Други давачки имаш за државни патишта, зелена такса и адм. трошоци.
Не не, оваа ни е прва година за технички а веќе трета регистрација и осигурувањето ќе биде секако поевтино ама до сега не сме правеле технички и сите рекоа околу 2-3 илјади дека е техничкиот.
Јас ја регистрирав колата во Април ми зедоја 5500 денари за технички. Технички 4400 денари останатите до 5500 за административни трошоци, патишта и екологија.
Технички се прави на секоја регистрација, возилата од автошколите и ако не се лажам возилата кои носат патници 2 пати годишно. Има еден калкулатор, и од прилика точно смета. Барем за мојата кола. https://automakedonija.com.mk/kalkulator/
Технички, првите две регистрации за нова кола купена од салон, не се прави. Затоа прашав бидејќи нас ни е трета регистрација, инаку фала ти за споделениов калкулатор.
Не ми работат и двете стоп светла. Отидов кај мајстор ми ги смени бидејќи мислев дека се само сијалиците , но и после тоа стоп светлота не работеа. Ми кажа да одам кај електричар да провери дали проблемот е до осигурувачот или до нешто друго.. Дали некој имал сличен проблем и што би можело да биде причината ако не работат и двете стоп светла? И отприлика колку би чинела дијагностиката/поправката кај електричар?
Можно е да е реле или осигурач или пак оксидација на жиците тоест инсталациката. На автоелектричар подетално ќе се знае.
Прекидачот шо стој на педалото за кочница то недава контакт за да светат назад штопојте на кочење. Се кршат внатре. Најверојатно немаш ни темпомат пошто нанего е врзан и темпомато. Нови се од 500 денари до 100 евра зависи за шо кола е.