мили мои ете го значењето на моите утрински знакчиња останав сама дома утрово и сите баш сите блиски беа заминати подалеку од градов толку се испаничив што морав (или барем така сметав во моментот ) да се напијам пола хелекс од 0.25 . зошто неможам да седам сама дома зошто ? ова не е од сега ова е скоро од кога се преселивме во куката . наеднаш ме удри таков страв како сама на светот да сум ох колку лошо чувство . за 10 мин хелексот ми проделува толку многу што ме успа . што да правам со проблемот седење дома сама ? ако знам дека некој близок е во близина во градот немам проблем ама вака... дајте ми совет мили мои ве сакам
Еве нешто што вреди да се проба http://youtu.be/T7d_7Dkco0M http://youtu.be/b15Zhu6fEdg Oваа го заборавив http://youtu.be/7ZTHjjGtuDA
*Адела а зошто се плашиш да останеш сама дома. Јас имам другарка која се плаши да седи дома сама бидејќи како мала дома и влегле крадци а она била детенце и се преплашила, јас се плашев порано да седам дома за не ми се слоши, да не се онесвестам. Што е причината за твојот страв. Нема ништо да ти се случи, на крај краишта и да ти се слоши легни и одма ќе помине, заклучена врата и немаш гајле ајде храбро. *Ферхунде мила добар избор супер, поздрав *Јас да ве прашам може 5 дена наназад чувствувам тапа болка на десната страна на стомакот. Прво почна да ме боли доле десно и мислев дека е слепо црево, а после тоа добив и циклус (иако пред недела дена имав). Бев на лекар гинеколошки на ехо општо ми рекоа дека е ок се, на општ лекар ме напипа таа и имав тапа болка во пределот на слепото црево па ме прати да направам крвна слика и крвната слика беше ок, леукоцитите беа мирно. Немаше наоод и ме пушти дома велејќи ми да ставам топло и да пијам течности. Но еве веќе неколку дена не поминува, чувствувам таша болка на цела десна страна од слабината па се до јајниците. И ме боли кога ќе притиснам кај селпото црево. Осеќам како подуеност и болката иако е тапа постојана е. Денес и малку ми се гади. Ваше мислење што би можело да биде, не знам дали д аодам во понеделник пак на лекар, збудалев паметот само таму ми е се плашам нз што може да е :/
*Cielo мила дали те боли кога одиш,ти трене десната нога,на притисок дали те боли нагони за повраќање се се тоа симпоми на слепо црево кои верувај не треба да се занемарат затоа што знае да направи проблеми затоа во Понеделник не е лошо пак да си направиш крва слика и провери си мокрача мозно е и да залутало некое каменче кое ти прави проблеми,јетрата исто така дава тапи болови до душа малку погоре и на крај обавезно да си провериш брис и да си направиш колпоскопија на јајниците можеби има некоја циста ........да не те плашам али штом не проаѓа треба озбилно да ја сватиш работава ....поздрав и со лесно нека е
ве прочитав сите и знам дека ,ме примивте од се срце и дека ке се потрудите да ми помогнете.но мојот проблем е само мој.незнам колку се безбедни овие пишувања тука зошто верувајте сум сеуште лаик,за компјутери.би сакала да ви ја раскажам мојата приказна која е долга и доста тешка но не знам колку се задржува мојата приватност.не се разбирам доволно во комп.се надевам дека ке остане недопрено од непријателите.вака започнува се;родена сум во фамилија каде што растев со мојата сестра која,е блиску до мојата возраст.да не речам дека учевме заедно поради тоа што таа е телесен инвалид, а јас сум онаа што требаше постојано да и помагам.по природа сум доста чувствителна личност но и доста борбена бев сега не сум веке таква.кога требаше да одам некаде јас морав да бидам со неа секогаш да и помагам,кога таа плачеше јас ја тешев секогаш и не дозволував да допре тоа до моите родители(зошто беа разочарани од таквата рожба,и да не речам уништени.)секоја вечер кришум ги слушав нивните таги и кришум плачев,да не ме почувствува никој,на секоја тага влевав смеа не давав да се зборува за тоа никако сакав нормално да се одвива цел живот.од ден на ден ја преземав улогата на родител.гледајки ги скршени моите родители,со сета почит кон нив,кои вредно работеа и ни ги овозможија сите услови да не бидиме скудни за ништо во животот , тие заборавија дека јас сум сепак дете дете од 9 години,најблиско се сеќавам на тие години.неможам сепак да ги окривувам за ништо затоа што јас ја сфаќав нивната болка зошто јас бев таму до нив секогаш.значи живеев долги години под мака заедно излегувавме со сестра ми заедно се облекувавме заедно учевме .јас ја штитев од непромислените детски зборови упатени до неа,јас плачев за неа ,јас се борев со неа.се додека сфатив еден ден дека станав уморна од сето тоа и дека неможам да ја поднесам ситуацијата во која се наоѓам.сеуште понесена со болката го фатив и мојот прв дечко кој ми стана и сопруг за кратко време.во него го најдов сето тоа што неможев да го најдам дома,мислам на смеа радост забава тоа и ми фалеше мене.но заборавив дека треба да чуствувам и љубов....понесена од занесот на убавината јас стапив набрзо во брак потајно во душата радосна мислејќи дека се ослободив засекогаш од товарот на моето детство,од товаро на мојата сестра.јас ја сакав многу и сеуште е така но бев среќна што ја напуштам,се радував дека ке се ослободам од неа засекогаш.и тогаш ме казнија моите неубави потајни чувства ,бракот не ми функционира во најубаво светло,бегајќи од онаа што е мое и што вреде да се трпе јас налетав на друго што не вреди да се трпи за тоа.бегајки од душевниот немир паднав во стапицата на непријателот.тажно нели.мојата сестра сега има синче и живее сто пати подобар живот од мене а јас.......јас сакав да ја променам судбината но сето тоа не успеа.горда сум на моите две деца ,тие ме одржуваат да живеам и да не дозволувам да ја направат мојата грешка.сакам да сум туа кога ќе му биде тешко сакам да сум со нив кога ке немаат да се исплачат никому ,и затоа сакам да живеам,да се борам...но верувајте ми дека е тешко во вакви околности,најтешко е кога оваа приказна неможе да ја свати оној што треба ,за него тоа не е ништо страшно туку само дел од животот.сестра ми сеуште на знае за оваа ниту пак ке и кажам некогаш.мојата анксиозност е мојот живот.таа има длабоки корени,но и има и доста нови корени кои само се зафаќаат од ден на ден.таа е постојано тука околу мене постојано ме демнее и не ми дава мир.ја бркам понекогаш и гласно гледајки да не ме слушне некој,па да добие лошо мислење за мене.јас сум само сенка на лошите денови,додека се борев во животот сватив дека неможе никогаш да ме напушти оваа депресија пропратена со анксиозност,се додека не и дадам рака да ми биде пријателка.да ја гледам како таква и да не се плашам од неа.оваа е накратко мојот живот,се надевам дека не ви бев досадна,сега само сакам да ја почитувате мојата искреност зошто имам потреба од тоа.
Поздрав Лиле, приватноста ти е загарантирана.Ние сите тука сме под скриени профили. Едно ке ти кажам...ненеене две работи ке ти кажам... Прво , тоа што било и поминало со ништо неможеш да го вратиш или преправиш, тоа се вика,,не плачи поистуреното млеко,,(еден проф по психологија така ги учел студентите...ги собирал околу себе сите оние кои многу сакале млеко....кога ја донел шољата со млеко ја истурил во лавобот..ги прашувал далиакоплачат млекото ке се врати...неееее).Тоа што младоста ти минала така како што минала е минато, тоа не може да се врати затоа закопај го минатото некаде длабоко и не навраќај се на него зошто наново ке те боли толку пати дурипосилно секој пат кога ке го раскажуваш или ислиш на неа.Затоа ИГНОРРР на мислите од минатото...Еве јасја загубив керкичката на пораѓај, друга пак девојка и почина мајка и во 18 токму кога и требала најмногу, една пак од нашите феминки има развеени родители и сестрата живее со таткото, атаа со мајка и...одделени, патат една за друга....значи сите ние сме доживеале по некоја загуба и колку и да тажиме мораме да сфатиме дека минатото енепроменлива категорија....игноррр,крај. Второ..мила...незна во што епроблемот со сопругот ама како и дае мораш нешто да направиш...обиди се да станеш малку финтаџика, да му го свртуваш умот, мажите го сакаат тоа(извини МОНК,хеххехе),затегни си го задникот .....намести сија фризуричката, покажи дека веќе не си анкс.(ма колку и да си )не збори за тоа...глуми вљубена,внимателна сопруга...ако тоа не помогне ...сврти му го и ти грбот.(зборувам напамет не го знам проблемот ама нагодувам..по мене си знам, хехех) Свртувањетона грбот се вика ,,метод на сенки,,(оваа од психијатарот мој го научив не сум толку умна), значи кога некој го тинтраш и думкаш атој не те забележува, тогаш ти сврти му го грбот засигурно ке дојде по тебе, аи ако не дојде значи не заслужува да тагуваш по некој кого не сака да биде во твоја близина...ама методот на сенки многу делува...испробано...може да го наречете ,,метод а ла Дуња,,хехех така мила моја....остани со умот во главата, расчисти со минатото нека, нека е среќна сестрати.па ти за нејзината среќа си се борела....врмето врви ке дојде и твојот ден....амма мораш да се кренеш и да престанеш да ги натажуваш децата.Оваа штоти ним им го правиш сега може еден ден на нив ке се одрзи во вид на анкс.Не немој...мораш да бидеш силна...незнам колку ти разјаснив ама знам дека ,,не треб ада плачеш по истуреното млеко,,голема цена си платила до сега..редно е да ти се вратиш во нормала...почни да се занимаваш со нешто што те исполнува....поздрав.те саками те читам ..пишувај уште ...не нене заморуваш ни сме доброволно на форумов и доброволно и ос срце ти помагаме само толку можеме соЗБОРОВИ... МОНК..благодарам душо..јас сум само паталец кој многу добро ве разбира..и сака сите да бидете добри...да ме каните на свадба,,,хехеххе Сиело епрва пријавена ...ке дојдам на мотор..хихиихихихи
Здраво Лилее , добредојде ... Она што можам да сфатам од прочитаното (прости ако грешам) е дека тебе ти недостасува љубов и разбирање од сопругот ... Колку ли само постои желба кај тебе да се трудиш околу него и дали заслужува само ти знаеш ... Немој да дозволуваш ако тој те запоставува и не те сфаќа сериозно да се запоставуваш и да паѓаш во депресија , како што напиша и Дуња , ти да бидеш на прво место , нашминката , дотерана , полна со живот, извлекувај се полека од депресијата . И депресијата и анксиозноста почнуваат полека , а кога земаат замав тешко на нашата психа и на тие околу нас ... Ми остави впечаток на храбра и искрена личност ... Имаш за што да живееш , имаш за што да се насмевнуваш и имаш деца на кои си им потребна весела , позитивна . Пишувај секогаш кога ќе можеш , воопшто да не те оптеретува мислата дека досадуваш и слично ... Тука сите девојки се прекрасни ќе видиш , само почесто дружи не ... Ве поздравувам сите , Петра Панка
какви напади ,ми излегува слика пред моите оци како детето го испустам како да ме тера несто оди напрајго тоа ,а длабоко во мене не го сакам тоа колку го сакам ова дете кое го цекав цели15 години ,како мозесе ова да ми се слуци мене ,писете ако имате слицни симтоми поздрав ве сакам многу ,оти само вие ме разбирате
DRAGA GUZI NE se grizi nema nisto da se sluci toa e samo edna silna misla i nisto p[oveke i jas imav takvi misli i se uste gi imasm od vreme na vreme ne se sekiraj ignor i jas koga go drzev bebeto nesto mi vikase frli go na zemjata ama jaas bev svesna i odma vo toj moment pravev nesto sto mi e od korist i ke zaminee mislata pozzzzz i ne gubi nadezzz pozzz
секогаш кога ќе седнам на компјутер, прво вас ве отворам брзајќи да прочитам што ми пишувате,толку сум жедна за добри мисли ,и убава надеж,која вие знаете како да ја дарете некому.седејќи утрово на тераса со моето утринско кафе кое најчесто го пијам сама,се сеќавам колку го сакав училиштето,и колку сакав да учам,да мора да признаам дека бев доста бистра и многу ретко беше тоа јас нешто да не знам.но не успеав да го завршам ни средното образование,останав со трета година,и никогаш повеќе не се вратив назад.често пати знам да се вратам на на старите мисли во тоа училиште и да сонувам како и дипломирав и станав независна,станав професорка по македонски зошто тоа ми беше омилениот предмет,но и тоа ете не се случи.сите мои желби паднаа во вода.само колку малку требало за се да се изгуби.паметам како мојот татко плачеше на денот кога се мажев и како ме молеше да се вратам назад.зарем јас да се вратам јас која толку желно чекаше да избега од оваа ситуација.не немој тато да плачеш му велев иако сум мала ,јас одамна пораснав психички јас сум вашата гордост ,нема никогаш, да ве разочарам.и како сега да му кажам дека ми е тешко како сега да му ја објаснам мојата ситуација дека не ми е добро во бракот,и дека ми треба стимул од моите најблиски.не ке се борам сама,нема да дозволам да го уништам тоа , за кој цел живот си го уништив ,среќата на мојата сестра.таа е сега со моите родители и со нејзиното синче,горди на својата рожба и сега мислат како да му го обезбедат животот, на внукот и на својата ќерка ,зошто таа има вонбрачно дете,ќе нема кој да егзистира за неа.-татко ми за првпат во животот почувствува дека му се насмевнува среќата,јас нема да му ја уништам.сакам полека полека да го раскажувам мојот животен пат, на некој кој нема да ме обвинува дека сум згрешила.можеби ке ми биде многу подобро кога ке ги отворам сите карти,и кога ке ми давате сила.....спремни ли сте да ги сослушувате моите жалби ,желби и издигнувања и порази ....ако некој смета дека лично нешто загрозувам веднаш нека ме прекине.јас само сакам да си ја исплачам душата ....позззз до следниот пат
дали сметате дека треба да отвориме една друга тема која ќе биде нашиот живот прелеан во зборови и реченици или подобро да останеме тука.да не се одалечуваме од темата која е напишана под името анксиозност.ако некој смета дека ја злоупотребувам темата нека пише
лиле душо доколку се префрлиме на друга тема ке се расштркаме верувај ,тука си сме блиски и си кажуваме се ова е нашето катче на пријателство , разбирање ...сестринство ... ова е нашето катче за интимност . поздравче
Лиле jас мислам дека нема потреба да се навраѓаш на минатото, ти самата си свесна колку прекрасна личност си, и дека сестра ти не би била таму кај што е сега да не си ти. Искрено, тажна приказна имаш, но живото е тежок, за секој од нас, на различен начин, сите ние сме посакале во одреден момент да се откажеме од се, колку пати сме рекле не можам веќе аман, ама тоа сме ние, луѓе, мора да продолжиме без разлика колку животот не гази... Малку по малку застани на нозе, свесна си за твојата ситуација, а знаеш дека можеш да се бориш, како то ка Дуња, ајде нашминкај се, почни да се смееш почесто, малку по малку давај мали чекори, и ќе видеш, колку ти повеќе глумиш дека ти е добро, стварно со тек на време подобро ќе ти е, ајде уште денес, кажи си повеќе пати можам јас, ќе успеам, посвети им повеќе време на децата на мажот, без разлика каков е проблемот, мора да има решение, ти си знаеш најдобро. Не мисли повеќе на минатото, минатото на многу од нас им е болно, и не сакаат да се се сеќаваат но тоа е, не можеме да бегаме од него, но можеме да го оставеме таму кај што е ВО МИНАТОТО, и да се фокусираме на нашата иднина, а ти имаш дупло причина повеќе, твоите деца и мажот... Можиш, ајде малку по малку...
зоц ти ми давас најмногу надез ,оти ти си имала исти мисли како моите писими поздрав ,дали мислесе дека ке полудис дека ,навистина ке се слуци тоа писи
гузи поздрав до тебе .. јас ти советувам да е вратиш некаде околу 20 страни од она што е пишувано на форумот да видиш постовите на зоце со што се соочуваше колку и беше тешко ама сепак успеа за многу кратко да го надмине ова,....испадна похрабра од сите нас...... позз дунја фала за емалот ќе го прочитам ма да ме мрзи ама ептен атер за тебе.... вчера бев на пиво фест некаде додека се појави харис уфкав у транс ,а после топ си поминав уживав.......ааааа за моторите мора да те видам на мотор качена, кажи колку адреналинот автоматски се покачува.... јас секогаш се плашев од мотори, ама во анксиозна состојба си се качив ни страв ни ништо...... ве гушкам.....
Ништо не злоупотребуваш , пишувај тука за се што сакаш ... верувај дека сите девојки се тука преемотивни да не беше така немаше да патиме од ова чудо , како и тоа дека секоја од нас носи некоја приказна ... пишувај ама баш секогаш и за било што , па макар и милион километри да си одалечена од темата ... п.с се приклучувам кон желбата на мало-84 да ја видиме Дуња на мотор Сиело5 Како си? те нема ... Надеж ти?? поздрав до сите
те цитав наназад зоцее и јас исто ги пробав сите анти депресиви и нисто сега сум на ладиомил и хелекс ама пак нисто писи цао
еве ме и мене мили мои јас сим секој ден тука присутна со вас сакав усте утрово да и писам на LILE;мила јас не сакам да ја повторувам мојата приказна еве ти на кратко татко акохолиЧар и коцкар со малтретирање и тепање по мајка ми незнам ни сама колку пати и колку ноки со мајка ми имаме поминато по улиците и спиено во подрумот знаес едно сватив никој не сака да ти помогне во таква ситуација мајками за нејзините брат и сестра има се направено,а тие никогас не и излегоа во пресрет барем додека ние бевме мали деца(нека биде тоа дел од приказната сто сакам засекогас да ја заборавам инаку долга е) и така јас си дојдов до фаза анаксиозност и се надевам дека ке помине еден ден,јас девојки бев малку излезена се трудам јас секој ден излегувам и ако си имам напади некогас ми се појаки некогас послаби нападите инаку песаЧев еден саат дуња еве и од мене цар си голем поздрав до петра панака ането гузи зоцеее аззура и сите други
Само што дојдов од викенд...јас многу сакам да шетам во природатта .....ама вас морам да ве читнам, Зоце....ја прочитав ЛПпред 1 минутка...браво...малку по малку...и ке видиш како се враќаш во нормала...и јас тебе те сакам и сакам да бидеш уште поупорнаи да си го земеш животот во свои раце.....децата нека ти бидат мотив....а ти тоа го можеш..... Гузи..веднаш на лекар..мислата многу те преземала....јас знам дека тоа е само мисла и дека ниту ке се обистини , ниту тебе нешто ке ти се случи...... ама гледам дека те оптеретува и многу изнемоштува...ти постојано едно исто...ајде мила барај помош...мајка, сестра, свекрва...дај малку да ти го придржат детето, да те дружат малку , да се со тебе......а ти на психијатар и да се смириш ...некое друго лекче ке ти препише лекарот и ке помине лошата мисла..... бори се , игноррр не го заборавај, тебе тешко ти е да ја совладаш оваа техника ама ке биде..послушај ме!! Лилијас сакам да ја слушнам твојата приказна само ако тоа биде олеснување за тебе, ако мислиш така...пишувај јас ке те читам...може така дел од анксот ке исчезне, а можеби и токму тоа ти треба некому да го раскажеш минатото и да се збогуваш со него, ама потоа вети ни дека ке тргнеш во борбата за твое подобро ,,утре,,...мислам дека треба да те слушнеме....нека ти олесни иако сите имаме по некоја таква тажна приказна...зато и сме анкс...и сите сме многу чувствителни....знам дека анкс сме сите ние кои многу сме претрпеле и физички и психички и емоционално, чашата е преполна и мора да се празни...Нам празнењето ни оди полека ама оди..некои побрзо ја празнат чашата , јас бев една од тие ...ајде да видиме кој прв од вас ке се извлече ...кој ке биде ЦАР Мало немој ад бидеш мрзлива ..ај почитај малку хе хехе а на мотор дааааа ке се сликам и на ФБ ке ја пуштам ..сега ке ви пуштам една друга слика од менееее...ми ја дигнавте цената,,дуња цар,,хе хехехе ама сликата ми е без царска круна хи хи хи..поздравчееее ЈАС ЈА ПОБЕДИВ АНКСИОЗНОСТА КЕ ЈА ПОБЕДИТЕ И ВИЕ ама мора да сте упорни во -игноррр -физичка активност -чаеви за смирување(лекарска контрола0 -ШМИНКА; МИНИЧ, ФРИЗУРА, НАСМЕВКА...и никому не се жалете...глумете дека сте сосема добри и среќни...помага, помага... П:С.треба да си најдете ако немате некој во кој ке се вљубите....помага најмногу...