Не се откажувај, сменија терапијата или психијатарот. Сигурна сум дека ќе го пронајдеш вистинското решение доколку сакаш и доколку имаш поддршка.
Скоро сите анксиозни имаат главоболки .Тие се резултат на напнатоста на мускулатурата на главата, вилицата.....Решение ...излези и ..пешаќи, спортувај, танцувај...незнам било каква активност која ке ти го сврти вни,анието да не мислиш на стравот и , тахикардијата и главоболката. Инаку ЈАС *Дуња ...ја отворив темава...со години се борев со анксиозноста и СЕ ИЗБОРИВ.Денес сум сосема мирна , спокојна личност со многу енергија во себе...и сакам да ти кажам дека СЕ е во силата на умот.Ако успееш да ги игнорираш симптомиве *тресења, главоболки, одземање на нозете, напливи на страв, вознемиреност ...ишто ли уште НЕ...ако бидеш упорна во игнорирањето...анксиозноста ќе си замине ВЕРУВАЈ...ама остани на нозе...кажи му ДОСТА на старвот и продолжи да работиш и живееш...ВЕРУВАЈ МИ оваа е единствениот начин...се друго е залажување...Можеби во оваа игнорирање понекогаш ќе ти треба некој диазепам, деметрин...или било што како помош ...ама као си доволно силна , аСИЛНА СИ...ќе успееш.Поздрав до тебе и до сите анксиозни кои ме читаат...
Верувај,како го читам ова,исто кога и мене ми се случуваше....Значи истиве симптоми како тебе....Не знам зошто не ти дале антидепресиви да го пребродиш овај период,многу помагаат флуоксетин или во светот познати како Прозак...Неколку месеци и ке си како нова.Нормално ке увидиш дека стравовите си ги правиш самата.Со тек на време ке се намалат и ке видиш дека немало никаква потреба да се секираш и плашиш.Ансиозноста е како зачаран круг од кој мислиш дека никогаш не ке излезиш,но времето ке покаже дека ке ја победиш и ке ја заборавиш засекогаш.Знам дека сега не мислиш вака,и дека чувствуваш дека нема никаква иднина и надеж.Пробај да не тонеш во анкциозноста,и кога те обзема тоа чувство да излезиш со друштво,да проциташ нешто и најдеш некоја занимација...Ако ова не успее има и природни таблети -од кантарија-st johns worth,пробај со нив ако не сакаш антидепресиви....Издржи-секој во животот поминал низ ова... И дијарејата е на нервна база,од искуство ти кажувам...Исто и главоболките и болките во мускулите,анксиозноста предизвикува многу физички симптоми прочитај на интернет има се Немој да одиш по доктори,што повеке одиш ,поболна ке те прават.Не ти е ништо!!!Ансиозноста прави дигестивни проблеми,главоболки и ред други симптоми,а ти мислиш дека имаш некоја болест,Верувај,ако ти е лошо врати се на антидепресиви,некои луѓе ги пијат цел живот и си функционираат нормално.Ете некој луѓе се генетски предодредени да се повеке анксиозни од другите.Тоа не е срамота,помогни си самата себе,земај терапија и живеј! Не мора ако вежбаш да имаш покачен серотонин,нема тоа врска...Генетески можеби е, некои луѓе се повеќе склони на психички пореметувања. ДА!Понекогаш се будев сред сон со напад на паника! Сонуваш тоа што мислиш и од што се плашиш...
5-hydroxytryptophan или 5-HTP суплементи,може на ибеј даги најдеш.Исто и со црно чоколадо,лута храна,сончање или пак да се заљубиш!!!
Откога решив да се соочам со анксиозноста и да и погледнам в лице, се запрепастив. Се лошо почна да испливува и да ми го претвора животот во пекол, толку што не можев/м да поднесам. Знак ли е овој некаков или знак дека пропаѓам... Како да сакав наеднаш да се решам, не дај боже почнав да сумњам дека сум шизофреничар. Знам дека не е така, но не можам да контролирам мисли често и тоа ме исцрпува, наметнати мисли... јас позитивно, тоа негативно. Како да се справам со ова, некој совет? Се чуствувам прегорена од мислење..
Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми пишуваат во лп. После вас јас открив дека не сум сама и дека заедно ќе го надминеме ова. Помотивирана сум затоа што знам дека може многу да се смени со промена на мисли и убедување на умот да мисли позитивно - автосугестија. Игнорирање на симптомите и тоа како е од помош. Порано бев оптеретена со чистота 20 пати плакнев некој сад, раце, налик на окп, на се имаше бактерии, инфекции, пазев каде седам, сега воопшто не. А зошто? Зошто со тек на време намалив, видов дека ништо нема да се случи, дека сепак имам и отпорен огранизам. Се убедив со навиките, а сега треба и со мислите. Може е потешко со нив, ама враќав постари мислења уште кога беше поставена темата и сфатив дека тоа е тоа. Умот си поигрува со нас и дека треба со со автосугестија да си помогнеме. Секое лошо за добро е, многу луѓе цел живот живеат погрешно, а ние после ова ја наоѓаме смислата на животот и неверојатната сила што ја имаме.
Мене од ова ништо не ми помагаше едноставно Ништо од ова не ни помогна мене , само фитнес ми помогна но пак мислите ме бутнаа
http://www.fakulteti.mk/news/17-06-..._napadite_na_anksioznost_umirashe_del_od_mene. Прочитајте. Коста Петров и др. Соња Невистиќ.
„Првиот напад на анксиозност го имав во 2008 година. Бев на работа и го пиев утринското кафе кога срцето почна забрзано да ми чука. Мислев дека имам инфаркт. Цело мое тело вибрираше со отчукувањето на моето срце. Паднав во несвест и следно што знам е дека се разбудив во болница во Дубаи. Докторот ми кажа дека требале да ми дадат два „валиуми“ за да ми се смири срцето. Тогаш за прв пат ми кажаа дека моите симптоми се резултат на анксиозност“, вели Коста Петров, писател и еден од најпродаваните современи македонски автори, основач и извршен директор на ,,Пи ворлд”, глобална креативна агенција. Тој сподели со нас како изгледало неговото соочување со анксиозноста, како ја препознал и се справил со неа. Анксиозноста е чувство на вознемиреност и напнатост, а aнксиозната личност се чувствува загрозено, иако не ја знае причината за тоа. Таа е се почест проблем на луѓето во современото живеење, а многу лекари велат дека добива епидемиски размери. Оние кои се соочуваат со анксиозност чувствуваат напнатост, немир, незадоволство и неодреден страв. Анксиозноста е симптом, кој може да наведува на голем стрес или на анксиозни растројства, а ако трае долго, објаснуваат психијатрите, може да доведе до болести. Затоа, многу е значајно навреме да се побара помош. „Се мразев себе си, живеев во страв“ - Секогаш кога имав напад на анксиозност мојот лекар ми велеше дека се е во ред со мене и дека не се умира од тоа. Вистината беше дека со секој напад дел од мене умираше. Се мразев себе си. Немав желба за живот и живеев константно во страв кога ќе се случи следниот напад на анксиозност. Не можев нормално да функционирам, ниту да бидам опкружен со луѓе. Во некои моменти ми беше страв и да јадам бидејќи мислев дека ќе се загушам. Ми беа потребни пет години да се изборам со ова зло – раскажува Петров. Тоа, вели, му биле можеби најтешките пет години во животот, но од денешна гледна точка, токму тие најболни моменти му ги донеле најголемите животни лекции. Анксиозноста ја опишува како личност со која не сакате да имате ништо заедничко а таа е константно до вас, со вас. - Ви дише во врат. Ви вели дека не сте доволно добри. Не ви дозволува да живеете. Ве плаши дека сте создадени да бидете жртва и дека сте створени за неуспех. Личност полна со лаги на која слепо и веруваме - раскажува. Манифестација на страв од неуспех Тој прво се консултирал со психолог и психијатар и имал огромна помош од нив, но со тек на време сфатил дека мора самиот да ја избори оваа битка. - Ми беа потребни шест месеци макотрпна работа на себе за да сфатам зошто ми се случува тоа што ми се случува. Сфатив дека анскизоноста е крајниот резултат на потиснато чувство и страв во нас. Научив дека анскизоноста кај мене е всушност манифестација на стравот од неуспех. Со тек на време креирав сопствена дефиниција за успех и не дозволував веќе мислењата и дефинициите на другите да допрат до мене – вели Петров. Побарана или понудена помош има удел во битката со анксиозноста, но, вели нашиот соговорник, вистината е дека на крајот од денот самите ќе морате да се изборите. - Побарајте професионална помош, но и работете на себе. Анскиозноста може да се победи само ако ја идентификуваме причината поради која таа постои. Доверете се на пријател, на близок, на психолог. Не дозволувајте анскиозноста да ве победи – советува. Научив да се соочувам Најголема помош Петров добил од својот духовен учител кој му помогнал да ја открие причината за анксизоноста. Пред тоа не знаел со што се бори. Не знаел што треба да прави. - Кога сфатив од каде доаѓаат нападите и зошто ми се случуваат тогаш ми беше полесно да се справам со болката. Кај мене нападите најчесто се случуваа пред да заспијам, односно ми беше страв да заспијам бидејќи мислев дека кога ќе ги затворам очите нема да се разбудам. Научив да легнувам со позитивни мисли и да се дефокусирам од деструктивноста која ми ја сервираше стравот во мене. Исто така, научив и да комуницирам со стравот. Го замислував како личност до мене. Му кажував дека не се плашам, дека ќе го победам! Можеби не успеав целосно да го победам, но научив да го трансформирам во нешто позитивно. Пронајдете ја причината за анксиозноста! Дознајте што довело до нападите и научете да ги трансформирате негативните мисли во нешто позитивно – вели Петров. Секој е своја приказна Анксиозноста може да биде поврзана и со опсесивност и потење, постојано чувство на притисок, стегнатост, немоќност за опуштеност и релаксација, немање животна радост, чувство на блиска пропаст, постојана прекумерна загриженост, напади на паника, изолација, проблеми со спиењето, проблеми со варењето на храната, напнати мускули, болки по телото, качување на крвниот притисок, срцебиење. Луѓето кои се соочуваат со неа се жалат и на замор, главоболки, тресење на рацете и нозете, тешкотии при голтање, при дишење, намалена концентрација, иритабилност, несоница, чешање... Секој човек, објаснува д-р Соња Невистиќ, психијатар во Здравствен дом - Скопје, е своја лична приказна и кај секого анксиозноста може различно да се манифестира. Имаме епидемијата на анксиозност, смета таа, веројатно поради тоа што се повеќе луѓе се соочуваат со неа, но и зашто се повеќе ја препознаваат и бараат помош. Доколку две до четири недели секојдневно чувствуваме знаци на анксиозност, тогаш е веројатно да станува збор за оваа состојба и треба да се побара помош. - За жал има и се повеќе млади кои имаат анксиозност. Живееме во време во кое се соочуваме со несигурност, со економски и финансиски предизвици и со нови општествени норми и трендови. Големо влијание врз нас им виралниот свет, каде што се среќаваме со информации кои ни прават непотребни притисоци. Во исто време непотребно сме бомбардирани со многу негативни вести, кои предизвикуваат страв – вели д-р Невистиќ. Повеќе самопочит, самодоверба и самосвесност Често сме преморени и истоштени, а имаме и многу акумулиран стрес. Мора да најдеме начин, советува докторката, да поработиме повеќе на себе. Така ќе се сакаме повеќе, ќе имаме поголема самопочит, самосвесност и самодоверба. - Не смееме да заборавиме на топлината на семејството и треба да ги негуваме добрите односи и позитивната комуникација. Љубовта и вербата се многу значајни. И нема зошто да прифаќаме наметнати стандарди и норми на однесување кои не се во согласност со нашите верувања. Кога имаме поголема самопочит, самодоверба и самосвесност може да им одолееме на различните притисоци и новите трендови и правила на однесување кои ни се наметнуваат - додава д-р Невистиќ.
Да и мене исто. И магнезиум во прав едни кесички мали и имаат +б6 во нив, мене ми помага Некогш пијам и б6 таблетки + со тоа.
Здраво, ќе може да ми препорачате некој добар психијатар за анксиозност? Последниве месец-два имам вртоглавици, тахикардија, стегање меѓу градите, тешко дишење...како некој внатрешен немир имам, посебно навечер..испитав крвна слика се ми беше ок, бев на целосен преглед на срцето фала богу се беше како што треба.. сакам да одам на психијатар бидејќи по симптомиве што ги имам претпоставувам дека сум анксиозна. Ќе ве молам да ми пишете добар психијатар да одам во понеделник, бидејќи многу ми е страв, се плашам од ова
zdravo decki spas ima li od prisilni misli nekoj da ima so se izlecil nekoj apcinja da kaze oti se nema mir pozz
Со присилните мисли сами се бориме, мислиме на позитивни работи. Примаш ли терапија ? Денес се разбудив расположена и за прв пат не помислив на анксиозност. Си седев во дневна, опуштена со музика на лаптоп. И одеднаш светки пред очи. А воопшто не бев вознемирена и напната. Од што може да е тоа? Веднаш се вознемирив и тахикардијата почна, рацете и нозете ми се испотија, па ми смрзнаа. Редактирам, заборавив да ве прашам што мислите за дијазепамот. Колку е штетен ? Читав на интернет многу не сакани ефекти од него и искрено страв ме фати . На упатството пишува дека се користи за лекување на анксиозност , а не сакани ефекти се дека предизвикува анксиозност и многу други симптоми на анксиозност, како тахикардија, заматен вид, светки пред очи, вознемиреност, кошмари и сл. Навистина сум збунета .
Јас ги земам овие кесички, по 10ден на парче. Да не случајно знаеш колку е цело паковање? Колку пати имам земано, до сега не ми текнало да прашам за ова. Се надевам зборуваме за истите, со вкус на грејпфрут што се.