Морам да пишам значи, мислам дека сум на работ на нервите да полудам. Зошто пак ми се враќа се како што почна, не би требало да е така зар не?! Нема правила за анкс, знам но не можам пак да поминувам низ истото, не можам, добра бев многу, застанав на нозе и мислев дека завршив со неа, се борев со сите мои сили, и после се препуштив и со се пробав да се смирувам и да се пазам, и да ми е подобро, се пробав, и игнор и апчиња, и низ што се не поминав воопшто не сакам ни да помислам на тоа, и еве ме, лежам и сакам да заспијам само, да не поминам пак низ тој кошмар, немам значи, секој ден, со тие едни глупави симптоми кои ме вадат од кожа, секој ден со нив, секаде ме пратат, пробувам да останам смирена не можам, не сакам пак, мислам дека навистина ќе полудам. Зошто не може да имам нормален живот, секој ден се борам, и сега пак се ми се враќа, се изморив од оваа борба, немам сила повеќе, убива многу работи во мене, а Господ ми е сведок колку се трудев и дека правев се што можев со сите мои сили....тешко ми е многу.........................................................................
Анушке мила, анксиозноста е таква состојба баш кога ти е најдобро таа ќе се појави да те подсети дека е дел од тебе за жал и јас исто така кога и да мислам дека сум ја победила сепак ќе се појават силните вртоглавици од почеток и пак и пак продолжува борбата. Но само со борба можеме да успееме друг начин нема. Колку пати само сум мислела дека е крај на анксот дека веќе нема да ми биде така лошо но имало моменти кога сумлежела во кравет со денови не сум можела ни да одам ни да лежам ни да седам, ми се вртело, ме занесувало, но сама сум си давала поттик сум се борела и сеуште ќе се борам. Мора да ги издржуваш таквите моменти мила моја мораш апсолутно те разбирам и јас сум како тебе иста но што д аправиме тоа е нашата судбина за жал од нас зависи мн односно се е до нашата психа но во тие моменти се чувствуваме немоќни. Пробај да ги преусмериш мислите на нешто друго, гледај филмчиња мене тоа мн ми помага ќе се внесеш во приказната и малку по малку ќети биде подобро ајде мила мораш јака си ти .
Здраво Анушка Знам како ти е , и јас минувам низ истото, тамн мислев дека поминало пак дојде , и нареден пат пак така ќе биде, но си велам штом поминало еднаш ќе помине пак Наше е дали ќе и се предадеме или пак ќе ја победиме НЕ СЕ ПРЕДАВАЈ
Девојки, колку и да се трудите, понекогаш не е доволно, за жал .... Јас цело време сум недобро-добро, ми прекипе веќе да се замарам со тоа и да не живеам како што знам и умеам, игнорот е супер да, но обврските и ангажманите се уште по супер, помалку се има време да се мисли на тоа. Знам дека е тешко во анкс состојба да правиш било што, едноставно немаш сила, но мора да се тераме самите, никој нема да не натера или место нас да го реши тоа. Не е ова што го пишувам нешто што не знаете, но добро е да знаете дека кај сите е исто, само работата е кој колку дозволува тоа да навлезе во нас ... Нестле, кога ќе се навратам наназад, мислам дека знам кај ти е провокацијата за повторно да минуваш низ дел од минатото .. имаше несреќен случај ... колку и да си била тогаш добра и резистентна, порано или подоцна тој стрес мораше да избие, и баш токму сега, кога мислеше дека си најопуштена и дека се' поминува .. Ќе помине пак, верувај ми, само треба малку време, а нема да излудиш, чим јас не излудев после се' што поминав и пребродев ... Никој не излудил од ова, иако наликува така, нема ни ти, ни никој ... Ајде, видов јас колку можеш ти, која си и што си, и тоа што го видов, ми се допадна многу, затоа искрено ти велам, МОЖЕШ, не се предавај, ова е само уште едно искушение низ кое треба да поминеш .....Те гушкам и бакнувам! Поздрав до останатите, бидете добри како што сте убави ....
леле луѓе толку се нервирам што една психа може до толку да не совладува...се нервирам шо секој ден мора да се бориме со тоа и ме исцрпува едноставно бормата со самата мене и немам сила за други работи...во последно време сум добра,бев и на психијатар ќе продолжам да одам се надевам ќе ми помогне некако,иако знам дека самата можам најмногу да си помогнам...тоа добра ми ко во наводници ,немам панични напади смирена сум се тоа ама еве веќе 3 дена пак чуствувам како срцето да ме боцка тука на лева страна некоја остра болка ,иако не дозволувам да ме исплаши сепак ми пречи и ме нервира,а пред недела дена правев екг се е во ред...имам и главоболки се тешам дека ми е од цигарите ,аман веќе уште колку????? поздрав до сите и као ве читам така и ви се восхитувам дека сте толку силни и самоуверени ми давате сила и јас да бидам така...фала ви..се надевам сите сте ок.. се читамеее ,гуш
Здраво Ада21 Она што е најточно е прашањето до кога?амн,пак ли?зар? не, не можам веќе? Драга Ада не можам ни јас , ни ти, ни останатите избор немаме , односно имаме да тонеме или да се бориме , сега се прашувам ама до кога?! ехх тие прашања колку ли долго време се моето секојдневие Кога сите излегуваа , јас дома заедно со моите мисли и мојот страв ја хранев анксиозноста а таа никако да се прејаде , колку повеќе ја хранев толку повеќе растеше Стресот во животот е присутен и тоа во поголем обем и придонесува анксиозноста да е доминантна Неколку пати имам напишано , она што треба да те води е твојата претходна победа, да се храбриш ако си победила еднаш ќе победиш пак Ако го разгледаш форумот , ќе ги најдеш и твоите симптоми Овде секоја девојка е со своја приказна ,свои симптоми, со свое минато , но јас сум сигурна дека овде секоја девојка е предобра и пречуствителна , бар моето искуство со оние што ги запознав ми го говори тоа , верувам дека и ти си таква Те поздравувам и те советувам да го зграпчиш животот , да ја канализираш негативната енергија , да бидеш опкружена од луѓе кои ги сакаш , кои те насмевнуваат и покрај кои си најсигурна пс Мала замерка до останатите дами кои што некако го подзаборавија форумот , но морам да признаам дека тоа и ме радува, зашто мислам дека кога не пишувате дека ви е добро , и дека се е во ред Поз до драгите сиело5, буцка, Дуња, адела, азура,надеж, ферхунде, ајде пишете
нестленце мило мое таква е оваа наша краста поминува и повторно доаѓа мене барем така ми е пред 3 години ја имав и помина за сега пак да се јави . добро да е на подолго време знаеш забораваш но ете после 3 месеци денеска пак ми се јави . што да се прави мора да се врви како така . битно е да се знае дека се јавува на нервоза а тебе ти се јави ради исчекувањата селењето итн. ке помини и ова што не поминало . јас откако непушам ( 5 дена) толку многу ме болат градите желудникот грбот половината и нз уште што неможам ни да ви објаснам. што е уште полошо немам спиено како што треба секоја вечер станувам во скоро исто време толку исплашена што мислам дека срцево ке ми пукне и потоа стравот да заспијам повторно и што да ти кажам наутро кога ке станам уништена сум уништена. денеска ланирав и на лекар да одам екг да ми прават но искрено ми е срам . петар панка душо тука сме сите и навистина форумов се запостави а јас лично не пишувам тука заради тоа што читаат луѓе кои врска немаат за што се работи и се иззживуваат со луѓето но се надевам дека веќе се блокирани од модераторките . тоа е тоа мили мои не се давајте . ке заборавев http://youtu.be/iG_lNuNUVd4 ова барем мене ми делува
*ПетраПанка мила убаво кажано мила моја. И јас девојки овие два дена сум крш и јас верувајте се прашувам до кога вака, ќе има ли крај само едно се надевам и го молам Бога навистина да има крај и да ни помине анксиозноста на сите. Ве гушкам
Ве читам сите, и гледам дека сите сме во малку лош период, на секоја нешто и фали, и симптомите вријат... Тоа е тоа, ништо не можиме, освен да се опуштиме, и да пробаме да уживаме иако до нас има непожелни гости, мора да издржиме, ќе има и подобро, и пак ќе биде полошо, тоа е животот, живеј за денес, диши и уживај сега, незнаеш утре што те чека. Смејте се, се смеам и јас, некогаш е тешко, некогаш сум појака од неа, некогаш таа ме врти на малиот прст, но како и да е, дел е од мене, исто како салцето на бутовите што си го мразам исто е и таа, само е непожелен дел од мојата психа, која кога тогаш ќе си замине, исто како и салцето со вежбање и диети нели? WOW која компарација а напраив. Ве сакам будалчиња мои и вечер ќе пијам водка за сите вас, поломичу чаше од кристалаа...
Не ве заборавам...само имам многу работа овие денови инспектори по училиштево лом прават...зажалив што сум просветен работник....многу труд, енергија за малку пари.........уште ме оценуваат... ..жално и бедно е чувството да те оценуваат....наместо да те наградат да ти дадат подстрек да работиш ..тие те рангираат ккао учениче....ух!!!Ај баталив кукање. Ве слушам како се жалите дека ви се вратила анксиозноста зошто и дозволивте...да да вие и допуштивте....каде ви е енергијата,каде ви е младоста....морам малку да ве карам.... Знам ке кажете ,,таа е посилна од нас,, ,,како дасе изборам кога не можам,,..... Не! Можно е да потклекнеме пред некој нов стрес на кој никој не сме имуни , малку да снемаме ењнергија или пак мала главоболка ......ама да ја вратите анксиозноста ....Ве молам!!!!Па вие се знаете за неа, знаете со кој си имате работа, знаете дека ако ја пропуштите без ад и обрнете внимание таа ке си замине веднаш ама вие сте и допуштиле и сте и дале преголемо значење..да да ....ајде Нестленце....кревај го газето твое со малку целулитче хехехе и истрчај се на кејот....зграби го прв ото момче што ке ти го фати окцето не туку дроби Игнорррр....физичка активносст, работа, работа....бркај ги затруените мисли гради нови и убави... Поззззззз ве сакам ама ако сте ,,плачки,,нема да ве сакам ..хеххеехе Многу ми се спие ке ве карав уште...амаи покрај се многу ве сакам Ваша Дуња мили мои ..немојте да ме растажувате
кога ке почнам да се цувствувам лошо си викам ОВА Е САМО СОСТОЈБА НЕ Е БОЛЕСТ НЕ Е СТАШНО ке помине, си купив таблетки од кантарион на природна база (секој ден се убедувам да си купам чај од кантарион и да го пијам-ама секогаш заборавам-брука) а во ептен стресни ситуации и диазепам ке си голтнам ама сепак ОВА Е САМО СОСТОЈБА НЕ Е БОЛЕСТ НЕ Е СТАШНО КЕ ПОМИНЕ!!!!!!
Диазепам(валиум) на своја рака! Чај од кантарион пијте колку сакате, природно е и да, помага многу за смирувње. Пазете ако сте на антибеби пулули оти кантарионот го откажува нивното дејство. Но да посегнувате сами по тешки опијни дроги како валиум, со тоа не се сложувам ни најмалку. Ако е стигнала работа за апчиња одете на лекар.
госпоѓо Имрлда пред да изигрувате лекар и да делите совети ве молам прво прочитајте убаво (барем упатство за лек) па после комантирајте ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ДОЗВОЛАТА ДА ПИЈАМ чај
поздрацче фала бога ова е вирус полни се болниците со стомачни тегоби неми е ништо страшно а што е уште подобро е што нема врска со паничењето мое
Гледаш мила моја Аделичкоооооо, ништо не ти е, како на сите што ништо не ни е, и чат пат и да се разболиме, луѓе сме, ќе помине фала богу. Јас сум добра, учам овие денови имам уште два испита оваа недела,и малку одмор да видам аман веќе, заминувам утре за Ск, не сум напната, не мислам како ќе биде што ќе биде, дали ќе ме фаќат паники... Знам кога тогаш дека ќе ме фати, но ќе останам смирена, спремна сум, сите мои луѓенца си се таму, и за моја среќа сите сме во иста населба, и мора да биде добро. Се надевам дека сте добри, покажувајте чат пат знак дека дишите Добра ноќ
Дишам Нестле .. ... Уживам и не мислам на ништо, ме боли к**ето со Македонија нема море ......... Ајде убава вечер на сите, бацки , гушки и по две заушки за немирните .. .... Ве сака прекраснотијата на мама и тато ..
kiki riki јас би ти препорачала валеријана чајче за тие стресни ситуации ( за да не пиеш често диазепам) а за навечер е совршен јас порано си го пиев а и многумина си го пијат после стресното секојдневие . јас апчиња не почитувам и верувам дека секој може без нив . поздравче и не ме карај и мене поздрав до прекраснотијата наша
Поздрав back, darlin' .... И не ми се смеј за моето најубаво име .. Кики-рики, знаеш и самата дека ни едно апче не е убаво за пиење, но и тие не се за џабе измислени, што значи се користат по потреба, без разлика дали е Валиум или било која друга супстанца ... И без нервози милички, легнете на постела од рози, секс во сите можни пози и ќе бидете како нови .... Убава вечер дами мои, поздрав, прекраснотијата ..
zdravo kako ste mi jas denes sum krs nozete kako gumeni mi se koga odam i mi se tresat sto da pravam pisete ve molam
Zocee само немој да паничиш ништо страшно нека се тресат нека се влечат по тебе ке помине напиј едно бедоксинче и се ке биде во ред, не се плаши ништо не ти е мозокот се поигрува со тебе да види колку си јака и колку можеш да издржиш поиграј некоја игричка на компјутер прави се ама на тоа не мисли и ке видиш дека ке си замине таа мисла ....поздравче до сите ве гушкам сакам и се остало )