Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. capone

    capone Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    Здраво....нов сум тука на форумов и се регистрирав единствено поради оваа тема затоа што патам од истата болест т.е. состојба на умот. Се почна пред 6 месеци, една година после смртта на татко ми. 15 март оваа година....за човек што прв пат ке доживее напад да не си му во кожа. Мајка ми се уплаши и викнавме брза помош..ми ставија апурин да ме смират мегутоа не успеав и решија да ме испрата на кардиологија во државна и од таму започна се......екг покажувало дека имам акутен инфаркт (иначе сум 26 години), после крвните резултати установија дека не е акутен инфаркт туку дека имам воспаление на перикардит кое се лечело со лекарства и мирување ама не биле сигурни ке ми кажеле утредента кога ке ме снимале на ренген...ренген покажа дека се е во ред и ме отпишаа од болница после 5 дена мегутоа јас сеуште мислев дека нешто ми е.....докторите уште толку ми ја влошија состојбата со нивниот однос во стилот ајде ништо не ти е....излегов од болница почнаа да ми надоагаат солзи...зошто на мене ова, на кого толку сум згрешил итн итн....и матичната ми рече ти синко не си за ваков лекар ке си одиш на психијатар....јас и во време на пубертетот одев на психијатар поради тоа што бев многу темпераментен и импулсивен и решив пак да одам кај него....уште кога го видов почнав да се тресам и да пелтечам...тој веднаш знаеше што е работата и ми препиша ЛОРСИЛАН од 2.5 мг три пати на ден. Денес веке сум на 1,5 мг дневно. До некаде ја намалив дозата мегутоа стравот од време на време пак се појавува....свесно знам дека е напад на нервите мегутоа да не си во кожа на лугето кој го искусуваат тој напад. После две недели третмани кај психијатарот тој рече дека борбата со болеста на татко ми (која траеше две години), заостанување во факултетот(затоа што студирав во странство а морав да бидам ради татко ми во скопје), неостварување на веке зацртаните цели во животот....сето тоа допринело кај мене да се јави ова што се јави....состојба а не болест.....со помош на апчињата, спорт и секојдневни активности пробувам да ја игнорирам, некогаш успевам некогаш не....некогаш сум најсрекен, а понекогаш дури се затворам во соба за никој да не ме гледа како плачам од тага....тоа е тоа....ама знам дека ке се изборам и дека се ке биде во ред...добро е што нападите се поретки и поретки.....се е во нашата подсвест.... прочитав неколку страни од темава...за чај од валеријана и кантарион ке го пробам и тоа....инаку исто така помага и АЈУРВЕДА...индиецот што работи во капиштец со апчиња целосно на природна база....кај него одам од јули месец, бавно иде затоа што внесувам природни состојки а не хемија мегутоа помага....исто така треба да се прават и некои масажи кои чинат скапичко ама за тоа понатака....сега не сум во состојба :) ако имам ново откриен третман што помага да ја пребродиме оваа состојба на умот ке пишам...на сите ви посакувам успешна борба!!!
     
  2. capone

    capone Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    На 485 и anetka28 им се допаѓа ова.
  3. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Поздрав Капоне,
    зажал добредојде на форумов наш...ајде не биди тажен ...млад си и животот е пред тебе.
    Оваа состојба се надминува со малку повеаќе упорност, верба во себе.
    За почеток прати ми во ЛП имеил адреса да ти ја испратам книгата PanicAway која сите девојки ја прочитаа и навистина е вредна...подружи ни се тука на форумов се надевам дека разговорите помеѓу патилците се вистински лек за душата.
    поздрав девојки....па каде сте да мусе дружите на капоне :!:
    ајде:inlove:
     
    На gogimica и anetka28 им се допаѓа ова.
  4. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    http://www.youtube.com/watch?v=a-sBwghN8YQ

    Еве една прекрасна мелодија за Вашите ушиња, за убав ден, да Ве размрдам малку и исполнам со детски чувства .. :)
    Бидете добри како што сте убави и чувајте се ....
    Ааа, и секако не заборавајте да се насмеете и да сакате, големи се срцата што сакаат ... :inlove:

    П.С Се надевам дека oва што Ве нема значи дека сте одлични .. поздрави ... :*
     
    На anetka28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    прекраснотијоооооооооооооооооо

    ај со ни даде песничка да си слушаме убаво али приказна немаме
    тука шо прајме?
     
  6. anetka28

    anetka28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    19
    Адела оваа Сања ми ја погоди мојата најомилена песна која често си ја подпевнувам , а за приказна мила моја ке измислиме ............................... Бајка неоја ама најубава на целиот светттт :))))))
     
  7. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Абе што сте запнале со приказни, има ли поголеми приказни од нас?! :D Самите сме си прича за себе, и тоа неверојатна .. :D ... Ама ајде, ако сакате ќе Ви напишам една ...
    Си биле еднаш две мачиња, си живееле во иста населба, ама не се познавале. Нивните родители уште од мали ги искривиле односите едни меѓу други и затоа гледале да избегнат секаква ситуација која ќе ги доведе мачињата да се сретнат и да се погледнат. Знаеле дека кога ќе се видат, тоа ќе биде судбината, тие две мачиња да бидат заедно ... Како одминувале годините, мачињата станале Мачор и Мачка, веќе способни да одлучуваат за себе и своите животи, но и покрај тоа биле фино одгледани и не порекнувале на зборовите од татка си .. Еден ден таткото на Мачорот му рекол: -Синко, јас веќе стареам, ти ќе останеш да се грижиш за мајка ти и сестрите, ќе бидеш глава на семејството, ќе створиш сопствено семејство и ќе направиш од себе горд татко каков што сум јас на тебе и твоите сестри ... И така Мачорот си го врзал во крпче муабетот и почнал да ги извршува сите обврски место татко му . Вредно Мачорче, нек си ее матер :D И така секојдневно со исти збиднувања, Мачорот презаситен, решил да скршне по патот и да појде до изворот , да си наполни вода и да полежи малку на ледината .. Наеднаш врз неговото лице паднала сенка, исплашен така срипал, мислејќи дека е некое човек животно и ја соборил сенката. Кога се освестил, видел дека таа сенка не е од човек животиња, туку од една прекрасна мила Мачка, која му го попречила сонцето, само за да види дали е во ред Мачорот, затоа што не мрдал ...Така лежејки врз неа, не можел да го тргне погледот, останал вкочанет од нејзината убавина . А ни Мачката не била рамнодушна, во спротивно ќе му речела да стане од неа.... Тоа било љубов на прв поглед ..Срцата не престанувале да бијат забрзно, топлина извирало од сите страни, знаеле дека се створени еден за друг ... Така сплотени еден до друг , останале уште да лежат на тревата, не изустиле ниту еден збор, битно биле заедно .... Кога тргнале да си одат, си рекле, утре на исто место во исто време, и заминале во спротивен правец .. Мачорот не престанувал да мисли на неа, а и таа на него ...Со душа го чекале моментот на повторното видување .... Ми се спие, не можам да продолжам сега, кра на првата епизода ... :D:D:D:D ..
    Се избудалив по полноќ ради Вас, приказна сакале ... :D:D:D Eте ви прв дел , следниот утре ... Мачиња мои, Ве гушкам и бакнувам .. :)
     
    На anetka28 и A.d.e.l.a им се допаѓа ова.
  8. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    кое време ке се чекате на тревата утре? :rofl: :lol: :rofl: :lol: :rofl: :lol: :rofl: :P
     
  9. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    здраво како сте ми јас еве не сум добра пак пак и пак ми се врте по нозете рацете ме пецка како струја се препотувам и одма ми се кочат образите ми се стресува цело тело ми се коче левата рака сто да правам ми теже цела глава пишете ве молам чекам
     
  10. ferhunde9

    ferhunde9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    38
    На Azzura му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Зоце...ти одиш ли на психијатар???
    Пиеш ли нешто за смирување?...или само трпиш...и пишуваш како ти е...не растажуваш и обесхрабруваш, ати најмногу се мачиш, зошто кога постои решение.Анксиозноста е решлива ама треба да се третира.....
    А да превземеш нешто?Ајде Зоце на лекар кога ке почнеш редовна терапија препишана од лекар со малку упорност сето оваа ке исчезне, ние сите ги имавме овие симптоми мање-више ама сите ги надминавме.Мора да тргнеш на лекар ако веке пиеш нешто ане делува, оди смени го и лекарот и терапијата...не оди вака Зоце не!!!
    Поздрав!Се најубаво... :inlove:
    Кај сте девојчиња и 2-3 момчиња :* .......ајде една по една...да ве слушнам....... :!:
    Гузи, Лиле, Петра Панка, Мила23, Сиело..Ферхи, Нестленце. Анееее...............кого и да сум заборавила во моментов...хе хех ВЕДНАШ ДА СЕ ЈАВИ!!!!!
     
    На PetraPanka3 и danika им се допаѓа ова.
  12. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    не пијам ништо ама ми е мнногу лосо ми трпне рака ми се ниса телото внатресно ми дрхте не е опасно нели
     
  13. capone

    capone Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    pa ne e opasno....ama sepak treba da posetis psihijatar da ti prepise lekarstva nekoi za da gi pies..... ne e se do lekarstvata, treba i na sebe da porabotis.....ama zatoa sto vo taa sostojba ne si vo sostojba da rasuduvas pravilno zatoa e tuka psihijatarot da te pottikne.....ne e nisto sramno da se obratis kaj nekoj psihijatar ....i ne se sekiraj....od anks ne se zaboluva i nemoze nisto da ti se sluci...samo e neprijatno cuvstvo....
     
  14. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Дуња благодарам на поздравот и јас се приклучувам кон прашањето како се останатите девојки и по некое момче ?
    На новите што доаѓаат ќе им препорачам да остануваат подолго време и да се дружат а не да напишат по 1 пост и да заминат , зашто тука само со дружење и совети може да се успее
    Инаку ај да кажам и за мене дека си имам моменти на анксиозност , но досадно е веќе да зборувам за неа , стварно е премногу досадна !!!

    Буцко прекрасна приказна , дај те молам побрзо нов дел едвај чекам :lol:

    Зоце послушај ги советите на Дуња

    Каде е Циело , Надеж се изгуби ,а и Азура ја немам читнато подолго време ...
     
    На danika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    зоче мило што правиш за да си ја подобриш состојбата? дали сеуште првата помисла на утро ти е како ми е? моето мислење за психијатар и лекови го знаеш . ја прочита ли книгата? колку пати ја прочита? дали ја научи сржта на книгата ? дали вежбаш ? дали ги применуваш советите на авторот? ако сето ова не го имаш направено срамота зоче . давеник се фака за сламка дали го знаеш тоа? ако го знаеш фати се за сламката и почни да работиш на себе.
    те бакнувам
     
    На SanjaBucka и dunja им се допаѓа ова.
  16. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    И јас да ве поздравам драги мои :hai: Баш овај период си анализирам и си разрешувам некои мои дилеми и ставови,си давам самата на себе си сила и волја да одам во акција,да не седам само напразно и да чекам што год... Мора човек да работи малку на себе кога е во ваква состојба,малку пореално да се согледаат работите,и да не се влегува непотребно од еден страв во друг (нормално нереален страв,кој само постои во нашите глави).Јас сега токму тоа и го правам си разрешувам конфликти внатрешни,самата со себе.
    Инаку се придружувам кон мислењето на Петра Панка,ситуацијата ми е слична на нејзината.
    А и Дуња е тука со нејзината позитивна енергија :!:
     
    На PetraPanka3 и dunja им се допаѓа ова.
  17. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Даника мила јас ке сум секогаш тука ...мене анксот ми одзеде толку многу години за кои сега се би дала ...ама не можам...затоа барем Вие да ја сфатите поентата...,,се е до нашите глави,,...и станете конструктивни егоисти инаку ке сте цел век анксиозни...Вака кога ви помагам вам се чувствувам посреќна и поисполнета...легнувам навечер претепана од работа, патувањата до работата ме изморуваат посебно сега нажештиниве ама неможам да запијам ако не ве ѕирнам...и не знаете колку сум среќна кога ке слушнам дека некој од вас извојувал победа над тиранијата ..ех!!!!
    Впроцем ..денес ми е роденден!!!!! ....46 полни....јас сум среќна :rofl: се надевам дека остатокот од животот ке го поминам во ,,мир со себе,, Нека ми е среќен роденденот, хеххе !!
    Поздравче ве бакнувам ..... :* :inlove:
     
    На Skorpija12, anetka28, danika и 2 други им се допаѓа ова.
  18. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Драга Дуња
    Најсреќен роденден , да ти се исполнат сите желби , да бидеш најсреќна на цел свет.
    Да ни останеш позитивна , среќата, успехот и љубовта да се твое секојдневие.

    [​IMG]
     
    На dunja и anetka28 им се допаѓа ова.
  19. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Искрени честитки за вашиот роденден најдрага Дуња, ви посакувам долг живот исполнет со убави моменти, љубов среќа и спокој. Секое добро <3 <3 <3
    *ПетраПанка како си ми ти мила, јас деновиве имам нешто поизразена главоболка дали е до времево но мора да се тера.
    Те гушкам тебе и сите девојки.
    *Сања буцко заљубена една кај си ти позитиво :)
     
    На dunja и anetka28 им се допаѓа ова.
  20. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Дуња и Нестле, Среќен роденден мили, да сте ми живи и здрави, секогаш среќни и исполнети со најубави чувства, безброј насмевки на Вашите лица и непрестајни успеси во секојдневијата, да го пронајдете потребниот мир и да уживате во се' она што Ви го пружа животот, од срце Ви посакувам се' најубаво! :)

    Сјелосонце, тука сум јас, ме има често мене, дури и постанувам многу голем поет како што можеш да видиш :rofl: ... Дојди понаваму да ти шепнам нешто, ми снемува од паметов, скроз ме напушти, само будалите ми останаа и си прават што си сакаат , имаат владетелство :rofl: .... Еееее мајке ми ова неспиење ќе ме истресе од гаќи еден ден .. :fubar: :D Инаку ти како си ми? Им покажа што е Македонче таму? Или си знаат они? :) Ми недостигаш ... ајде доаѓај си ..

    Абе муце, јас не се чекам, Мачињата треба да се чекаат, ама писателот нема инспирација во моментов, зариба денес од среќа за Македонија ... :) Ете ќе оставам на Вас да ја довршите приказната .. :)

    Поздрави и честитки девојки и момци, не заборавајте да се смеете и да ги отворите Вашите срца, љубов и се' е можно ... :) Добра ноќ пиленца ...
     
    На dunja и anetka28 им се допаѓа ова.